Матија Перин
Матија Перин | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 10 ноември 1992[1] | ||
Роден во | Латина, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м[1] | 1,94||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 1 | ||
Младинска кариера | |||
Пистоезе | |||
Џенова | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010-2018 | Џенова | 148 | (0) |
2011-2012 | → Падова | 25 | (0) |
2012-2013 | → Пескара | 29 | (0) |
2018- | Јувентус | 28 | (0) |
2020-2021 | → Џенова | 53 | (0) |
Репрезентација | |||
2009 | Италија 17 | 12 | (0) |
2009 | Италија 18 | 4 | (0) |
2009-2010 | Италија 19 | 6 | (0) |
2011-2012 | Италија 20 | 2 | (0) |
2010-2012 | Италија 21 | 3 | (0) |
2014- | Италија | 2 | (0) |
Матија Перин (роден на 10 ноември 1992 во Латина) — италијански фудбалер, голман на Јувентус.
Технички карактeристики
[уреди | уреди извор]Се смета меѓу најдобрите италијански голмани на неговата генерација,[2][3] често е споредуван со Валтер Ѕенга поради одликите и движењата.[4][5] Се истакнува со одличните релфекси[3][6] и чувство за позиционирање.[6] Перин, исто така, е познат како голман кој е добар за бранење пенали, а во својата професионална кариера има одбрането дури 10 удари од белата точка.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци, Џенова, Падова и Пескара
[уреди | уреди извор]Својте први фудбалски чекори ги направил во фудбалската школа Нова Латина Исонѕо и од рана возраст имал јасна цел: неговата позиција на теренот да биде голманската: "Играв фудбал во дворот и бев најмалиот. Имав 4-5 години. На кратко, секој пат кога ќе добиев топка, јас ја запирав со моите раце, а потоа ја исфрлав. Ми рекоа: ти си створен за да бидеш на голот. И таа идеја ми се допадна. Кога влегов во школата во Латина, веднаш реков дека сакам да бидам голман.[7] На возраст од 13 години тој се преселил во младинската академија на Пистоезе.
Набргу потоа бил забележан од скаутите на Џенова, а во 2008 година се преселил во младинските категории на росболу. Како младинец, со екипата од Лигурија во 2010 година ги освоил Камионато Примавера и Суперкуп Примавера. Своето деби за првиот тим на Џенова во Серија А го имал на 22 мај 2011 година, на возраст од 18 години, во натпреварот Џенова-Чезена 3-2 во последното коло од првенството.
На 8 јули 2011 година тој беше позајмен на Падова[8] во Серија Б, за која дебитирал на 1 октомври 2011 година во гостинската победа со 4-2 над Емполи заменувајќи го повредениот Иван Пелицоли. Тој потоа го одиграл вториот дел од сезоната како стартер, собирајќи 25 настапи на кој примил 39 гола. На крајот на годината тој ја освои наградата "Serie Bwin Awards" како најдобар голман на првенството.[9]
Откако се вратил во Џенова по завршувањето на договорот за заем, на 30 јули 2012 година бил проследен на уште една позајмица во Пескара, новопромовираната екипа во Серија А.[10] Дебитирал за екипата од Абруцо на 18 август, во натпреварот Пескара-Карпи 1-0 во третото коло од Купот на Италија.[11] На 26 август го имал своето деби во лигата во поразот на домашен терен со 0-3 од Интер.[12] Во деветнаесеттото коло, тој бил апсолутен протагонист во победата против Фјорентина (0-2) на стадионот Артемио Франки со 15 одбрани, што бил сезонски рекорд во една натпревар што се однесува до топ пет лигите во Европа (Германија, Франција, Англија, Италија, Шпанија).[13] Перин остварил добра сезона и покрај тоа што го завршил првенството со 66 примени гола во 29 настапи и што Пескара како последнопласиран тим испаднала во Серија Б.
Враќање во Џенова
[уреди | уреди извор]На 1 јули 2013 година, по завршувањето на заемот во Пескара, тој се вратил во Џенова во Серија А, а од клубот објавиле дека Перин ќе остане во клубот наредната сезона и ќе биде прв голман давајќи му го дресот со број 1. Својот прв натпревар за Џенова по пауза од повеќе од две години од своето деби го имал на 17 август 2013 против Специја во Купот на Италија, додека првиот настап за сезоната во лигата го имал на 25 август истата година, во натпреварот против Интер на гости. До крајот на сезоната забележал 37 настапи во лигата.
На 24 септември 2014 година, во натпреварот против Верона, поради отсуството на Лука Антонели, тој излегол на теренот, носејќи ја капитенската лента на лигурската екипа.[14] На 28 септември, по повод 109-тото Дерби дела Лантерна, тој ја достигнал бројката од 100 настапи меѓу професионалците. На 15 март 2015 година тој бил награден од страна на Италијанската Асоцијација за тренери на голманите како најдобар голман на првенствата Серија А, Б и Примавера за сезоната 2013-2014.[15] На 6 јуни 2015 година, поради повреда со која се здобил во натпреварот против Интер на 22 март, тој морал да го оперира десното рамо, поради што бил оддалечен од акција за околу четири месеци.[16]
Перин се вратил на теренот на 18 октомври 2015 година, во осмотто коло од новото првенство во Серија А, во натпреварот во кој Џенова го победила Кјево со 3-2 со голот на Панајотис Тахтсидис длабоко во судиското продолжение.[17] Перин станал протагонист на уште една одлична сезона, сè до 9 април 2016 година кога го скинал предниот круцијален лигамент на десното колено по еден судир со соиграчот Есекиел Муњос, во натпреварот против Сасуоло на Мапеи.[18] Интервенцијата му била направена 4 дена подоцна, поради што бил принуден да ја затвори сезоната предвреме и да го пропушти Европското првенство 2016, со прогноза дека целосното закрепнување ќе го чини околу 6 месеци отсуство од терените.[19]
Следната сезона се вратил на 18 септември 2016 година, за натпреварот од 4-тото коло од првенството против Сасуоло, на стадинот Мапеи, токму на местото на кое ја заработил повредата.[20] На 21 септември ја достигнал бројката од 100 настапи во Серија А во дресот на грифоните во натпреварот против Наполи, што завршил 0-0. Неколку месеци подоцна, на 8 јануари 2017 година, тој бил жртва на истата повреда, овој пат на левото колено.[21]
Во сезоната 2017-2018 бил назначен за капитен на Џенова, по заминувањето од клубот на Николас Бурдисо. По закрепнувањето од последната повреда на левото колено, Перин се вратил на теренот на 13 август 2017 година, во натпреварот од третото коло на Купот на Италија против Чезена. По неколку сезони по ред кој му биле испрекинати од повреди сезоната 2017-2018 конечно успеал да ја започне и заврши играјќи во континуитет забележувајќи 38 настапи во сите натпреварувања (37 во Серија А) на кој примил 43 гола, а во 12 од нив ја сочувал својата мрежа чиста.[22]
Јувентус
[уреди | уреди извор]На 8 јуни 2018 Перин потпишал договор со Јувентус во трансфер вреден 12 милиони евра (плус бонуси).[22] Тој бил втор голман на бјанконерите зад Војќех Шченсни, кој пристигнал во Торино претходната сезона. Дебитирал за Јувентус на 26 септември 2018 година, во 6-тото коло од првенството, во победата со 2-0 на домашен терен против Болоња. На 16 јануари 2019, го освоил својот прв трофеј со Јувентус, Суперкупот на Италија со победата од 1-0 над Милан во Џеда. Одиграл вкупно девет натпревари, сите во лигата, придонесувајќи за освојувањето на своето првото скудето во кариерата.[23]
Во јули 2019, Перин бил поврзан со преселба во португалската екипа Бенфика; но, поради повреда на рамото не ги минал медицинските прегледи и трансферот пропаднал.[23][24] Во меѓувреме поради враќањето на Буфон како резерва за Шченсни, Перин паднал во улогата на четврти голман на клубот, зад споменатите двајца и Карло Пинсољо; како таков, во септември, тој бил изоставен од тренерот Маурицио Сари од списокот на Јувентус со 22 играчи пријавени за настап во Лигата на шампионите.[25][26][27] На 15 декември 2019, го добил првиот повик за сезоната за првенствениот натпревар против Удинезе, но не играл.[28]
На 2 јануари 2020 година, тој се приклучил на Џенова на позајмица до крајот на сезоната 2019–2020.[29] Три дена подоцна, тој го имал својот прв настап по враќањето во Лигурија, во победата на домашен терен со 2-1 над Сасуоло во Серија А.[30] На 5 септември 2020 година, неговата позајмица во Џенова била продолжена до крајот на сезоната 2020–2021.[31]
Во летото 2021 година, Перин се вратил во Јувентус како резерва на Шченсни.[32] На 26 септември, тој бранел во првенствената победа со 3–2 против Сампдорија на Алијанц.[33] На 8 декември, тој го направил своето деби Лигата на шампионите, а воедно и во некое од европските натпреварувања, чувајќи ја својата мрежа сува во победата со 1-0 на домашен терен над Малме во последниот натпревар од групната фаза.[34][35]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Перин играл во сите младински национални репрезентации, почнувајќи од онаа под 17 години, со која настапил на Светско првенство за играчи под 17 години во 2009 година.
Своето деби за репрезентацијата под 21 година, го направил на 11 август 2010 година на возраст од само 17 години и 9 месеци, заменувајќи го Вито Маноне во пријателски натпревар против Данска.[36]
На 10 август 2012 година, тој за прв прв бил повикан во сениорската репрезентација на Италија од селекторот Чезаре Прандели по повод пријателскиот натпревар против Англија на 15 август во Берн.[37] Следната 13 мај 2015, тој се нашол меѓу 30-те играчи кандидати повикани од Прандели за Светското првенство во фудбал 2014,[38] а подоцна на 1 јуни бил вклучен и во официјалниот список од 23 фудбалери учесници на турнирот,[39] како трет голман зад Џанлујџи Буфон и Салваторе Сиригу. Тој влегол во историјата како првиот голман на Џенова во историјата на клубот кој бил повикан да учествува на Светско првенство.[40]
Своето деби во националниот дрес го имал на 18 ноември 2014 година, на возраст од 22 години, влегувајќи во второто полувреме од пријателскиот натпревар Италија-Албанија (1-0) одигран во Џенова.
Тој бил дел од тимот и на следниот селектор Антонио Конте, но повредата на коленото претрпена во април 2016 година го спречила да учествува на Европското првенство 2016. Тој се вратил во репрезентацијата под водство на селекторот Вентура, но не забележал ниту еден настап бидејќи најчесто бил трет голман зад Буфон и младиот Џанлујџи Донарума.
Перин добил повик и од четврти селектор, Роберто Манчини,[41] под чие водство исто така, го имал и својот втор настап на 4 јуни 2018 против Холандија, играјќи како стартер за првпат.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
18-11-2014 | Џенова | Италија | 1 – 0 | Албанија | Пријателска | - | 72' | |
4-6-2018 | Торино | Италија | 1 – 1 | Холандија | Пријателска | -1 | ||
Вкупно | Настапи | 2 | Голови | -1 |
Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 4 август 2018.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2009-2010 | Џенова | А | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 |
2010-2011 | А | 1 | -2 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | -2 | |
2011-2012 | Падова | Б | 25 | -39 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 25 | -39 |
2012-2013 | Пескара | А | 29 | -66 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 30 | -66 |
2013-2014 | Џенова | А | 37 | -50 | КИ | 1 | -2 | - | - | - | - | - | - | 38 | -52 |
2014-2015 | А | 32 | -38 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 33 | -38 | |
2015-2016 | А | 25 | -30 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 25 | -30 | |
2016-2017 | А | 16 | -19 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 16 | -19 | |
2017-2018 | А | 37 | -42 | КИ | 1 | -1 | - | - | - | - | - | - | 38 | -43 | |
Вкупно Џенова | 148 | -181 | 3 | -3 | - | - | - | - | 151 | -184 | |||||
2018-2019 | Јувентус | А | 9 | -8 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | СИ | 0 | 0 | 9 | -8 |
2019-јан. 2020 | А | 0 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | СИ | 0 | 0 | 0 | 0 | |
јан.-авг. 2020 | Џенова | А | 21 | -38 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 21 | -38 |
2020-2021 | А | 32 | -44 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 32 | -44 | |
2021-2022 | Јувентус | А | 5 | -7 | КИ | 5 | -6 | ЛШ | 1 | 0 | СИ | 1 | -2 | 12 | -15 |
2022-2023 | А | 4 | -1 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 1 | -2 | - | - | - | 5 | -3 | |
Вкупно Јувентус | 18 | -16 | 5 | -6 | 2 | -2 | 1 | -2 | 26 | -26 | |||||
Вкупно во кариерата | 273 | -384 | 9 | -9 | 2 | -2 | 1 | -2 | 285 | -397 |
Одбранети пенали
[уреди | уреди извор]Извор: transfermarkt
Подолу се прикажани само пеналите во регуларниот дел од натпреварите по 90 минути или продолженија. Ако некој од натпреварите се одлучувале по изведување на пенали, таквите евентуални одбрани нема да бидат прикажани во овој список.
- Вкупно одбранети пенали: 11
# | Сезона | Натпреварување | Дата | Екипа | Натпревар | Резултат | Изведувач на пеналот |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | 2010-2011 | Кампионато Примавера | 23 октомври 2010 | Џенова | Емполи (П) - Џенова (П) | 2-2 | Гастон Бругман |
2. | 2011-2012 | Серија Б | 1 мај 2012 | Падова | Падова - Сасуоло | 0-2 | Џанлука Сансоне |
3. | 2012-2013 | Серија А | 1 септември 2012 | Пескара | Торино - Пескара | 3-0 | Роландо Бјанки |
4. | 2013-2014 | Серија А | 23 ноември 2013 | Џенова | Милан - Џенова | 1-1 | Марио Балотели |
5. | 2013-2014 | Серија А | 27 април 2014 | Џенова | Аталанта - Џенова | 1-1 | Герман Денис |
6. | 2014-2015 | Серија А | 9 ноември 2014 | Џенова | Каљари - Џенова | 1-1 | Данило Авелар |
7. | 2014-2015 | Серија А | 30 ноември 2014 | Џенова | Чезена - Џенова | 0-3 | Емануел Кашоне |
8. | 2015-2016 | Серија А | 21 февруари 2016 | Џенова | Џенова - Удинезе | 2-1 | Антонио Ди Натале |
9. | 2016-2017 | Серија А | 22 октомври 2016 | Џенова | Џенова - Сампдорија | 2-1 | Фабио Кваљарела |
10. | 2019-2020 | Серија А | 19 јули 2020 | Џенова | Џенова - Сампдорија | 2-1 | Марко Манкозу |
11. | 2022-2023 | Серија А | 3 септември 2022 | Јувентус | Фјорентина - Јувентус | 1-1 | Лука Јовиќ |
Титули
[уреди | уреди извор]Џенова
[уреди | уреди извор]- 2009-2010
- 2010
Јувентус
[уреди | уреди извор]- Серија А : 1
- Куп на Италија : 1
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Mattia Perin“. Посетено на 9 јули 2016.
- ↑ Valerio Albensi (3 јуни 2015). „Ecco i portieri che accendono il calciomercato“. Посетено на 28 јануари 2016.
- ↑ 3,0 3,1 Marco Juric (23 март 2016). „Sul volo“. Посетено на 28 септември 2016.
- ↑ „Inter, Mancini e il mercato: "Yaya? In Italia solo all'Inter. Perin ricorda Zenga. E su Toulalan…"“. 10 март 2015. Архивирано од изворникот на 2016-08-19. Посетено на 8 јули 2016.
- ↑ „Genoa, Simone Braglia: «Bene Perin, mi ricorda Zenga»“. 22 февруари 2014. Посетено на 28 јануари 2016.
- ↑ 6,0 6,1 „A tu per tu con... Mattia Perin“. Архивирано од изворникот на 2015-01-19.
- ↑ calcionews24.com. „Perin ed il ruolo di portiere. Tutto è nato così!“. Архивирано од изворникот на 2015-06-18. Посетено на 16 јуни 2015.
- ↑ „ALTRA TORNATA AL CALCIO MERCATO“.
- ↑ „Mattia Perin miglior portiere della Serie B. Soddisfazione in casa Genoa“. 23 мај 2012. Архивирано од изворникот на 12 јуни 2018. Посетено на 2018-08-04.
- ↑ „Speciale Calciomercato“. Архивирано од изворникот на 25 септември 2014.
- ↑ „Tim Cup: Pescara 1-0 Carpi“. Архивирано од изворникот на 9 декември 2014. Посетено на 19 август 2012.
- ↑ „Pescara 0-3 Inter“. Посетено на 29 август 2012.
- ↑ „Perin, un giorno da Ronaldo“. 7 јануари 2013. Посетено на 13 мај 2014.
- ↑ „News Genoa – Perin su Instagram: "La prima volta non si scorda mai"“. Архивирано од изворникот на 2014-09-27. Посетено на 25 септември 2014.
- ↑ „PREMI APPORT A PERIN E SPINELLI“. Архивирано од изворникот на 2015-03-14. Посетено на 28 април 2015.
- ↑ „Genoa: Perin operato alla spalla destra“. Посетено на 21 јули 2015.
- ↑ „Genoa-Chievo 3-2: Tachtsidis al 93' beffa i venet“.
- ↑ „Mattia Perin, legamento crociato rotto e addio a Euro 2016“. Посетено на 13 април 2016.
- ↑ „Genoa, stagione finita per Perin: rottura del legamento crociato. Addio Europei“. 12 април 2016.
- ↑ Elio Goka (18 септември 2016). „Sassuolo-Genoa 2-0: Politano e Defrel affondano il Grifone“. Архивирано од изворникот на 2017-01-09. Посетено на 8 јануари 2017.
- ↑ „Genoa, per Perin rottura del crociato anteriore al ginocchio sinistro“. 8 јануари 2017.
- ↑ 22,0 22,1 „Mattia Perin è bianconero!“. 8 јуни 2018. Посетено на 8 јуни 2018.
- ↑ 23,0 23,1 „Perin: 'No Juventus regrets'“. www.football-italia.net. 30 December 2019. Посетено на 23 July 2020.
- ↑ „Juve, bomba dal Portogallo: Perin non supera le visite mediche, Benfica a rischio“ (италијански). Calciomercato.com. 18 July 2019. Посетено на 23 July 2020.
- ↑ Pavese, Michele (13 September 2019). „Juve, Rugani nella lista Champions. Fuori Perin, Pjaca e due big“ (италијански). www.tuttomercatoweb.com. Посетено на 23 July 2020.
- ↑ „Juve, Perin può ancora finire al Benfica“ (италијански). JuveNews.eu. 4 September 2019. Посетено на 23 July 2020.
- ↑ „La confessione di Perin: "Quando ero alla Juventus ho pensato al ritiro. Non ne potevo più"“ (италијански). Mediagol. 23 April 2020. Посетено на 23 July 2020.
- ↑ „Juventus, Szczesny out contro l'Udinese: convocato Perin“. 15 декември 2019. Посетено на 6 јануари 2019.
- ↑ Genoa (2 јануари 2020). "E' UFFICIALE IL RITORNO DI MATTIA PERIN" (на it). Соопштение за печат.
- ↑ Tripodi, Marco (6 January 2020). „Genoa, Perin festeggia il ritorno: 'Splendido! Assieme possiamo farcela'“ (италијански). Calciomercato.com. Посетено на 23 July 2020.
- ↑ Juventus. "Mattia Perin in prestito al Genoa" (на it). Соопштение за печат.
- ↑ Lazzerini, Pietro (20 July 2021). „Juventus, deciso il futuro di Perin: resterà a fare il vice di Szczesny“ (италијански). www.tuttomercatoweb.com. Посетено на 18 March 2022.
- ↑ Sport, Sky. „La Juve vince ma perde Dybala: 3-2 alla Sampdoria“. sport.sky.it (италијански). Посетено на 2021-10-21.
- ↑ Campanale, Susy (8 December 2021). „De Winter and Perin make Juventus history“. Football Italia. Посетено на 18 March 2022.
- ↑ „Juve beat Malmo to finish top of Champions League group! - Juventus“. Juventus.com. 8 December 2021. Посетено на 18 March 2022.
- ↑ „Italia-Danimarca 2-2“.
- ↑ „Sono 8 le novità di Prandelli per l'amichevole con l'Inghilterra“. Архивирано од изворникот на 2012-08-10. Посетено на 13 мај 2014.
- ↑ „Italia, ecco i 31 di Prandelli. C'è Rossi, sorpresa Darmian. Fuori Gila e Criscito“. 13 мај 2014.
- ↑ „Nazionale, ecco i 23 di Prandelli: niente Brasile per Giuseppe Rossi“. 1 јуни 2014.
- ↑ „Perin: amichevole con l'Italia“. 31 мај 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-01. Посетено на 2018-08-05.
- ↑ „Nazionale, le prime convocazioni di Mancini: c'è Balotelli“. 19 мај 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Матија Перин“ на Ризницата ? |
- Матија Перин на soccerway
- Матија Перин на transfermakt
- Матија Перин на whoscored
- Матија Перин на espn
- Матија Перин на tuttocalciatori
|