Менкаре
Менкаре | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Картуш на Менкаре од кралскиот список од Абидос. | |||||||||||||
Фараон на Египет | |||||||||||||
Владеел | Кратко, околу 2181 г. п.н.е., Осма египетска династија | ||||||||||||
Претходник | Нетјеркаре Сиптах | ||||||||||||
Наследник | Неферкаре II | ||||||||||||
Владетелски звања
|
Менкаре бил древно египетски фараон, прв или втор[1] владетел на Осмата династија. Менкаре веројатно владеел кратко време на преминот помеѓу Старото кралство и Првиот преоден период, во почетокот на 22 век п.н.е.[2] Брзото наследување и краткото владеење во тоа време укажуваат на времиња на тешкотии, кои можеби се поврзани со широко распространетата аридизација на Блискиот Исток, позната како суша од 22 век п.н.е.. Како фараон на Осмата династија, според Манетон, седиштето на Менкаре би било Мемфис.
Потврди
[уреди | уреди извор]- Историски извор
Единствениот сигурен историски извор за постоењето на Менкаре е кралскиот список од Абидос, список на кралеви запишан за време на владеењето на Сети I за верски цели, и кој денес служи како примарен историски извор за кралевите од првиот Првиот преоден период. Титулата Менкаре се појавува на 41 место на списокот. Друг кралски список кој бил уреден за време на Деветнаесеттата династија, Торинскиот канон, можеби го наведува и Менкаре. За жал, делот од папирусот е уништен на местото каде што името на Менкаре би требало да биде наведено.[3]
Гробот на кралицата Неит во Јужна Сакара има релјеф што ја покажува кралицата пред оштетен кралски картуш.[4] Египтологот Перси Њубери смета дека картушот треба да се прочита Менкаре, што на тој начин ќе биде единствената потврда за овој крал од негово време што преживеала до ден-денес.[5] Ова мислење го дели Гае Календер, кој ги преиспитал плочите на натписот.[6]
- Извор од подоцнежен период
Друга можна потврда за постоењето на Менкаре, иако не е од неговото време, е цилиндричен печат направен од стаклен стеатит, кој сега се чува во Британскиот музеј под каталшки број 30557 и на кој го има текстот „Добриот Бог, Господар на двете земји, Менкаре“.[7][8] Печатот датира од 26-та династија, околу 1700 години по смртта на Менкаре. Малку е веројатно овој печат да е посветен на Менкаре, со оглед на тоа што Менкаре е прилично нејасен крал, па некои научници наместо тоа посочиле дека печатот има грешка и всушност се однесува на познатиот фараон Менкауре, градителот на третата пирамида во Гиза.[2]
Побивање на идентификација со Нитокрис
[уреди | уреди извор]Во една стара хипотеза, египтологот Флиндерс Петри сугерирал дека Менкаре треба да биде изедначена со кралицата Нитокрис, легендарна личност што се појавува во историјата на Херодот и на Манетон, и за која се верува дека живеела во времето на Менкаре. Петри ја засновал својата хипотеза на фактот дека Манетон ја наведува Нитокрис како заслужна за изградбата на третата пирамида во Гиза. Бидејќи оваа пирамида всушност била изградена од Менкауре, Петри претпоставувал дека Манетон е жртва на традиција која ги меша Менкаре и Менкауре.[9] Слично на тоа, печатот би бил уште една манифестација на ваквата конфузија. Меѓутоа, со модерните анализи на Торинскиот канон, хипотезата на Петри била целосно оспорена, а сега познато е дека Нитокрис потекнува од имињата на вистински владетел, Нетјеркаре Сиптах.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jürgen von Beckerath: Handbuch der ägyptischen Königsnamen, Münchner ägyptologische Studien, Heft 49, Mainz : Philip von Zabern, 1999,
- ↑ 2,0 2,1 Darrell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC, Stacey International, ISBN 978-1-905299-37-9, 2008, p. 197
- ↑ 3,0 3,1 Kim Ryholt: The Late Old Kingdom in the Turin King-list and the Identity of Nitocris, Zeitschrift für ägyptische Sprache und Altertumskunde 127:87–100, (2000).
- ↑ Gustave Jéquier, Maṣlaḥat al-Āthār (1993): Les pyramides des reines Neit et Apouit (in French), Cairo: Institut français d’archéologie orientale, OCLC 195690029, see plate 5.
- ↑ Percy Newberry (1943): Queen Nitocris of the Sixth Dynasty, in: The Journal of Egyptian Archeology, vol. 29, pp=51–54
- ↑ Gae Callender: Queen Neit-ikrety/Nitokris, in: Miroslav Barta, Filip Coppens, Jaromic Krecji (editors): Abusir and Saqqara in the year 2010/1, Prague: Czech Institute of Egyptology, Faculty of Arts, Charles University, 2011, ISBN 978-8-07-308384-7, see pp. 249–250
- ↑ 7,0 7,1 Harry Reginald Hall: Catalogue of Egyptian Scarabs, etc., in the British Museum, vol I: Royal Scarabs, British Museum 1913, available online see p. 272 seal num 2650.
- ↑ Peter Kaplony: Die Rollsiegel des Alten Reiches, Vol II, Fondation Egyptologique Reine Elisabeth, Brussels 1981, see p. 427–428 and pl. 113 num 1 and p. 114 num. 1 & 2.
- ↑ Flinders Petrie: A History of Egypt, Volume 1, 1902, available online, see p. 86, 104–105.