Прејди на содржината

Многуноги

Од Википедија — слободната енциклопедија
  1. F0DC82"
  1. F0DC82"
Многуноги
Период: Доцен Силур - денес
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Myriapoda
Latreille, 1802
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Класи [1]

Chilopoda
Diplopoda
Pauropoda
Symphyla
Arthropleuridea (изумрена класа)

Многуногите (Myriapoda) образуваат поттип на членконоги кој ги вклучува Chilopoda (стоногалките), Diplopoda (двојноногите), како и две помалку познати класи – Symphyla и Pauropoda. Сите овие животни живеат во влажни средини, близу површината на почвата (односно под камења, под лисја, во трули дрвја и слично). Стоногалките се главно грабливци, додека останатите се чистачи (детритивори) и хербивори.

Иако името на овој поттип укажува на тоа дека овие животни имаат миријаден број на екстремитети (10000), сепак тие се движат од преку 750 (Illacme plenipes[2] до помалку од десет екстремитети.

Морфологија

[уреди | уреди извор]

Многуногите имаат само два функционални телесни региони: глава и труп. Главата е специјализирана за тактилни и фоторецепторни осети и ингестија на храната. Трупот е адаптиран за движење и ги содржи повеќето телесни органи. Пауроподите и симфиланите се обично мали (под 5 mm во должина), со малку или без телесна пигментација – најчесто се кремасто бели. Симфиланите имаат антени во форма на бројаница и 10 до 12 пара на екстремитети. Пауроподите имаат разгранети антени, девет пара на екстремитети и плочки од егзоскелет на дорзалната површина, кои обично се протегаат долж повеќе од еден телесен сегмент. Илјаданогалките и стоногалките се обично поголеми (повеќе од 5 mm во должина) и обоени темнокафеаво до црно (иако одредени видови може да се многу живописни). Стоногалките поседуваат минимум 15 пара на екстремитети, од кои првиот пар, веднаш зад главата, содржи отровни жлезди и е изменет во канџести екстремитети со кои се убива пленот. Илјаданогалките имаат минимум 30 пара на екстремитети, и тоа два пара на секој сегмент. Тие не се брзи како стоногалките и често се свиваат во форма на топка или испуштаат одбранбен спреј како заштита од грабливци.

Развиток

[уреди | уреди извор]

Сите многуноги подлежат на аметаболен развиток (не постои значајна промена во формата и изгледот на телото при созревањето). Јајцата се изведуваат во младенчиња кои се слични со возрасните единки (адулти) во повеќе аспекти, освен во големината и половата зрелост. Како и останатите членконоги, тие растат со преслекување на егзоскелетот, но тие исто така можат да растат во должина со додавање на телесни сегменти при секое преслекување. Овој тип на растење (познат како анаморфоза) е чест кај многуногите, но поретко се среќава и кај понапредните членконоги и обично се смета за примитивна одлика (плеизиоморфија).

Филогенија

[уреди | уреди извор]
Северноамериканска диплопода - глава со очи.
Хилопода Lithobius forficatus.

Повеќето биолози и палеонтолози сметаат дека постојат доволно морфолошки, ембриолошки и фосилни докази за тврдењето дека основниот структурен план на главата на инсектите се развил (еволуирал) многу рано во еволутивната линија на многуногите. Бидејќи главата добила поважно значење за опстанокот на организмот, таа ги зголемила своите пропорции и значајност по пат на спојување со соседните трупни сегменти кои претходно биле адаптирани за движење. Во овој процес на цефализација, екстремитетите еволуирале во усни делови кои станале адаптирани за фаќање, обработување или манипулирање со храната. За овие усни делови се вели дека се сегментно хомологни со екстремитетите за движење. Навистина, доколку е така, ние би очекувале да најдеме ,,примитвни‘‘ организми кои имаат само мандибули (моногнатни), или ,,помалку примитивни‘‘ организми кои имаат мандибули и магзили (дигнатни), како и ,,напредни‘‘ организми со мандибули, прв пар на магзили и втор пар на магзили (тригнатни). Всушност, моногнатни форми никогаш не се пронајдени (живи или фосилизирани), но дигнатни форми се Pauropoda и Diplopoda, додека тригнатни усни делови можат да се најдат кај стоногалките, симфиланите и сите шестоноги (инсектите и нивните блиски сродници).

Симфиланите и шестоногите (но не и стоногалките) подлегле на анатомско соединување на вториот пар магзили. Ова медијално соединување на телесните додатоци од левата и десната страна довела до појава на усниот дел наречен лабиум. Многу е предизвикувачки да се толкува оваа структурна сличност како доказ за блискиот еволутивен афинитет помеѓу Symphyla и Insecta. Всушност, ова било основа за ,,симфиланската теорија‘‘ за еволуцијата на инсектите која била предложена од страна на Калман и Имс во 1936. И покрај интуитивниот изглед, оваа теорија не е широко прифатена денес поради други, поекстензивни разлики во структурата на екстремитетите и абдоменот помеѓу овие две групи.

  1. „Myriapoda“. Обединет таксономски информативен систем. (англиски)
  2. Paul E. Marek & Jason E. Bond (2006-06-08). „Biodiversity hotspots: rediscovery of the world's leggiest animal“. Nature (journal). 441: 707. doi:10.1038/441707a. no