Модулација
Модулацијата — процес во кој информацискиот сигнал менува друг сигнал со повисока честота, таканаречен носител, за да се овозможи пренос на информацијата.
Носителот или носечката честота обично е синусоиден бран генериран во осцилатор. И носителот и информацискиот сигнал се воведуваат во модулаторот, и тука информацискиот сигнал на некој начин го менува носителот. Модулираниот носител тогаш е засилен и испратен во систем за пренос (антена или кабел).
Во приемникот се прима модулираниот сигнал кој потоа е засилен и обработен. Се праќа во демодулаторот на чиј излез се добива оригиналниот информациски сигнал.
Можни облици на модулација
[уреди | уреди извор]Да го разгледаме математичкиот израз за синусоидниот бран:
v = Vp sin(2πft+θ) или
v = Vp sin(ωt+θ)
каде
- v = моментална вредност на синусоидниот напон
- Vp = врвна вредност на синусоидниот напон
- f = честота (Hz)
- ωt = 2πft = аголна брзина
- t = време (s)
- ω = 2πf = аголот во радијани
- θ = фазен агол
Од ова може да видиме дека постојат три начини на модулација, зависно од тоа на кој начин се менува носителот. Тоа се амплитудна, честотна и фазна модулација.
Амплитудна модулација
[уреди | уреди извор]Кај амплитудната модулација (АМ), информацискиот сигнал ја менува амплитудата на носителот, додека честотата останува постојана. Комерцијалните радио-станици на долги, средни и кратки бранови главно користат амплитудна модулација. Тоа е најстариот начин на модулација.
Честотна модулација
[уреди | уреди извор]Честотната модулација (ФМ) ја менува честотата на носителот во одреден опсег, додека неговата амплитуда останува константна. Комерцијалните радио-станици кои работат во опсегот на ултракратки бранови (УКБ) користат честотна модулација. Се користи и за пренос на звук во телевизиски систем.
Фазна модулација
[уреди | уреди извор]Фазната модулација ја менува фазата на носечката честота, а притоа прави и честотна модулација на носителот. Заради тоа модулираниот сигнал е сличен на честотно модулираниот сигнал. Честотната и фазната модулација се форми на аголна модулација (англ. angle modulation).
Погледај и
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Principles of Electronic Communication Systems, Louis E. Frenzel, Glencoe/McGraw-Hill, ISBN 0-02-800409-4, pp. 12 до 14.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Модулација“ на Ризницата ? |