Молекула
Молекула — најмалата структурна единка на секое хемиско соединение што ги има неговите карактеристични својства. Тој е сложен систем составен од два или повеќе атоми. При определени услови, атомите од кои е изградена молекулата не се безредно струпани во една целина, туку секој атом си зазема точно определено место.
Молекулите на некои супстанци се составени од по два еднородни атома, како што е случајот со водородните и кислородните молекули. За разлика од нив, молекулите на многу други соединенија се составени од два или повеќе различни атоми. На пример, молекулата на готварската сол е составена од еден натриумов и еден хлорен атом, а молекулата на водата ја сочинуваат два водородни и еден кислороден атом. Кај релативно мал број соединенија молекулата е составена од неколку илјади атоми. Таквите молекули се џиновски молекули, односно макромолекули или полимерни молекули. Такви се на пример молекулите на гумата (каучукот), на ензимите, скробот, белковините итн.
Во хемијата е вообичаено квалитативниот и квантитативниот состав на молекулата да се изразуваат со хемиска формула. Распоредот на сврзувањето на атомите еден со друг во молекулата се изразува со структурната формула на молекулата. Значи, својствата на супстанците се определени со бројот и видот на атомите во молекулата, како и од меѓусебната положба на атомите во него. Атомите во една молекула меѓусебно се држат со т.н. валентни сили (хемиски сили на врските).
Димензии на молекулите
[уреди | уреди извор]Општа одлика на сите макроскопски тела е тоа што се изградени од голем број на честички, односно микрочестички (атоми, молекули, јони). Кај различни супстанци, при нормални услови, бројот на структурните микрочестички што се содржат во единица маса или во единица волумен е различен. На пример, во 1 грам вода има 3 · 1022 молекули, а во 1 cm3 гас, при притисок од 101325 Pa и температура од 0oC, се содржат 27 · 1018 молекули. Од овие примери може да се заклучи дека димензиите на молекулите се многу мали. Тие се толку мали, што ниту можат да се видат со голо око, ниту со оптички микроскопи. Единствено макромолекулите на некои полимерни соединенија можат да се видат со електронски микроскоп.
Иако димензиите на молекулите се многу мали што не можат да се мерат, сепак, изнајдени се погодни методи за нивно индиректно мерење. Најдено е дека кај различните супстанци димензиите на атомите и молекулите се различни. Така е најдено, на пример, дека пречникот на водородниот атом при нормална состојба е 2 · 10−10 m, а кај молекулата на белковинскиот вирус е 10−7 m.
Облик на молекулите
[уреди | уреди извор]Обликот на молекулите од различни супстанци е различна. Во молекуларната физика и во термодинамиката, согласно на молекуларно-кинетичката теорија, на атомите и молекулите им се припишува сферносиметричен облик, односно се замислуваат како топчиња.
Маса на молекулите
[уреди | уреди извор]Утврдено е со индиректни мерења дека апсолутната маса на атомите, а со тоа и на молекулите од најразлични супстанци, е различна и, во однос на масата од 1 килограм, извонредно мала. Со прецизно мерење на масата на атомите од ист хемиски елемент, со помош на масин спектрограф, утврдено е дека постојат атоми од ист елемент со различни, но блиски маси. Тие се изотопни атоми, односно изотопи.
Поради извонредно малата маса на атомите и на молекулите, ако се изразува во килограми, во атомската, јадрената, молекуларната физика и во хемијата е дозволена употребата на специјална вонсистемска единица која се вика унифицирана единица за маса и се означува со u. Таа се дефинира како 1/12 од апсолутната маса на атомот на јаглерод 126C. Ако со mc се означи апсолутната маса на атомот на јаглеродот, според претходната дефиниција имаме:
Приближно толкава е и масата на еден нуклид (протон или неутрон).
Ако апсолутната маса на молекулата, што се означува со mm, ја поделиме со унифицираната единица за маса, ќе ја добиеме неговата релативна молекулска маса. Ако неа ја означиме со Mr, според дефиницијата имаме:
Релативната молекулска маса се добива како збир од релативните атомски маси на сите атоми што градат дадена молекула. На пример, релативната атомска маса на водородот (H) е А=1, а неговата релативна молекулска маса (значи за молекуларен водород или H2) e Mr=2A=2; на кислородот (О) е А=16, а Mr=2 · 6=18 (за молекуларен кислород, O2). За водата (H2O, чија молекула е изградена од атоми на водород и кислород) релативната молекулска маса е Mr=16+2=18.
Од претходната равенка може да се заклучи дека релативната молекулска маса се бездимензионални величини, неименувани броеви, односно величини што не се изразуваат во никакви единици.
Една од седумте основни величини во SI е количество супстанција, што се означува со ∋ (ни). Единица за количество супстанција е мол. Според неговата дефиниција, во 1 мол од секоја супстанца ќе има 6,023 · 1023 (Авогадров број или NA) структурни честички (атоми, молекули, јони). Кај гасовите, структурни честички се атомите и молекулите.
Моларна маса
[уреди | уреди извор]- Главна статија: Моларна маса.
Посебно е важна масата на сите NA молекули заедно. Таа се вика моларна маса (М). Знаејќи дека апсолутната маса на една молекула е mm и дека во 1 мол има NA молекули, моларната маса може да се пресмета по равенката:
За да моларната маса се доведе во врска со релативната молекулска маса (со равенките за унифицирана единица за маса, релативна молекулска маса и моларна маса), во претходната равенка треба да се замени вредноста на mm од равенката за релативна молекулска маса, а потоа во неа ја заменуваме вредноста на u од првата равенка:
од каде заклучуваме дека , односно моларната маса на секоја супстанца е еднаква на нејзината релативна молекулска маса изразена во грамови на мол. На пример, за водородот Mr = 2, па следува дека и M = 2g / mol; за кислородот Mr = 32, па и M = 32g / mol; за азотот Mr = 28, па и M = 28g / mol; за водата е Mr = 18, па и М = 18g / mol. Во една молекула CO2 има еден јаглероден атом со релативна атомска маса Ac = 12 и два кислородни атома со релативна атомска маса од по Aa = 16. Затоа, релативната молекулска маса на CO2 е Mr(CO2) = 12 + 16 + 16 = 44, а соодветно M = 44g / mol.
|
|