Никола Тодоров
Никола Тодоров | |
---|---|
Министер за образование и наука | |
На должноста 10 јули 2009 – 28 јули 2011 | |
Премиер | Никола Груевски |
Претходник | Перо Стојановски |
Наследник | Панче Кралев |
Министер за здравство | |
На должноста 28 јули 2011 – 1 јуни 2017 | |
Премиер | Никола Груевски Емил Димитриев |
Претходник | Бујар Османи |
Наследник | Арбен Таравари |
Лични податоци | |
Роден(а) | 7 јануари 1979 Скопје, СФРЈ, денес Република Македонија |
Националност | Македонец |
Установа | Правен факултет |
Професија | правник |
Никола Тодоров (Скопје, 7 јануари 1979) — македонски политичар, дипломат и адвокат.
Животопис
[уреди | уреди извор]Во периодот од 1994 до 1997 година Никола Тодоровв учел на правната насока во економско-правното училиште „Васил Антевски Дрен” во Скопје.[1] Во 2002 година дипломирал на правниот факултет во Скопје, насока „Граѓанско право“. Покрај македонскиот одлично зборува и англиски, додека грчкиот го владее на почетно ниво.
Никола Тодоров во периодот од 10 јули 2009 до 28 јули 2011 година ја извршувал функцијата министер за образование и наука,[2] додека во периодот од 28 јули 2011 до 1 јуни 2017 година ја извршувал функцијата министер за здравство.
По Парламентарните избори од 2016 година, Тодоров бил избран за пратеник во Собранието на Македонија, но од таа функција се откажал со образложение дека сака да се посвети на адвокатурата.[3]
Тодоров во годините си заработи непопуларно име со кое многу често го опишуваа оние кои не беа задоволни од неговата работа - „Министерот за смрт“.
Смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше искривување на рбетот, е еден од кобните случаи кои како виновник му се припишуваат на Тодоров. Битката за спас на девојчето со надлежните институции траеше цели три месеци, за тоа дали нејзината операција од 30.000 ќе ја плати Фондот за здравствено осигурување. Но, Тамара не издржа во правната процедура и чекајќи потпис од лекарите. За оваа голгота на семејството и смртта на Тамара, имаше протести против Тодоров, а опозицијата му поднесе интерпелација. Сепак, Тодоров преживеа и со помош на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остана министер.
Во биографијата за себе вели дека поседува „способност за тимска работа, работа во мултикултурна средина, креативност, флексибилност и амбициозност, инвентивност, комуникативност, експедитивност“.
Но, голем дел од граѓаните ќе се паметат и по скандалот со тендерот за набавка на ренген и дигитални апарати во вредност од 1 милион евра, што го доби фирмата Визарис МКД, поврзана со новинарката од Сител, Ивона Талевска. Откако СДСМ ја обелодени оваа афера, договорот беше раскинат, а Тодоров се правдаше дека постапката за набавка на опремата била законска и „малку неетична“.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-03-18. Посетено на 2013-03-31.
- ↑ Богдановска Билјана (12 јули 2009 11:23:14). „Новиот министер за прими должноста“. Форум. Посетено на 2009-11-05. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ http://www.24vesti.mk
- ↑ „ДОСИЕ Никола Тодоров: Несуден хирург, адвокат во најава - чуму?!“. Фактор Портал. Посетено на 2022-12-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија на Страната на МОН Архивирано на 1 декември 2009 г.
„Никола Тодоров“ на Ризницата ? |
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Перо Стојановски |
Министер за образование и наука 2009-2011 |
Наследник Панче Кралев |
Претходник Бујар Османи |
Министер за здравство 2011–2017 |
Наследник Арбен Таравари |
|
|
- Родени во 1979 година
- Луѓе од Скопје
- Македонски правници
- Министри за образование и наука на Република Македонија
- Министри за здравство на Република Македонија
- Состав на Владата на Република Македонија од 2008
- Состав на Владата на Република Македонија од 2011
- Политичари од ВМРО-ДПМНЕ
- Пратенички состав 2016-2020
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“