ОУ „Вера Которка“ - Клечевце
Вера Которка | |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Куманово |
Наречено по: | Вера Которка |
Нас. место: | Клечевце |
Адреса: | с. Клечевце |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Е-пошта | vera.kotorka@gmail.com |
Телефон | 031/476-300 |
Факс | нема |
Основно училиште „Вера Которка“ (официјално: Основно општинско училиште „Вера Которка“ - Клечевце; скратено: ООУ „Вера Которка“) — централно основно училиште во селото Клечевце.
Училиштето е именувано по македонската партизанка Вера Которка.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Клечевце, сместено во средишниот дел на селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето е изграден во 1928 година, кога наставата се изведувала од прво до четврто одделение. Училиштето прераснало во осумгодишно во 1958 година, кога биле доградени уште две училници и канцеларии.
Покривот на училиштето бил обновен во 2010 година, додека прозорците биле заменети во 2018 година.
Градба
[уреди | уреди извор]Објектот е во добра состојба. Површината на објектот е 642 метри квадратни, има седум училници и две помошни простории. Се загрева со помош на печки на дрва.[1]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот
-
Спортското игралиште
-
Бистата на Вера Которка
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Самоевалуација на ООУ „Вера Которка"“. Општина Куманово. мај 2021 г. Посетено на 9 декември 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)