Панонска Низина
Панонска Низина — посебна област во Средна и делумно и во Јужна Европа. Претставува тектонска потолина меѓу Алпите, Карпатите, Родопите и Динаридите, а ги опфаќа скоро цела Унгарија, делови од Хрватска, Србија, Романија и помали делови од Словенија, Австрија и Словачка. Низ Панонската Низина поминуваат важни комуникациски правци од Западна и Средна кон Јужна Европа и Мала Азија, и од Источна Европа кон Јадранското и Средоземното Море.
Релјефот е претежно рамничарски, со надморска височина од околу 200м. Во Унгарија, источно од реката Дунав, се наоѓа големата низина Алфелд, а појужно се Словенија во Хрватска и Срем, Банат и Бачка во Србија. На места се појавуваат островски планини со мали височини од околу 500м. Такви се осамените планини Мечек, Бакоњска Шума, Фрушка Гора и Славонските Планини. врз формирањето на релјефот големо влијание имаат реките со своите меандри, а како резултат на тоа се формирани повеќе таканаречени зарамнини. Овде значително влијание брз релјефот има и ветерот, кој ситните седименти често ги пренесува подалеку од реките. Геолошката градба е од претежно алувијални седименти. Развиени се плодни почви црници, што е голем предуслов за земјоделско стопанисување. Панонската Низина располага со густа мрежа од реки и канали. Овде, покрај Дунав, се наоѓаат реките Сава, Драва, Морава, Тиса и други така што претставуаат еден од најголемите хидрографски јазли во Европа. Извршени се мелиорации со изградба на повеќе канали, од кои најпознат е каналот Дунав-Тиса-Дунав. Подземните води се прилично високи. Климата во Панонската Низина е континентална.
Растителниот свет е претежно степски. Предолошките, хидрографските и климатските услови се погодни за земјоделско стопанисување. Токму затоа Панонската Низина спаѓа во најажните земјоделски предели во Европа. Најмногу успеваат пченицата и пченката, а од инднустриските култури се одгледуваат сончоглед, маслодајна репка, шеќерна репка и хмељ. Покрај реките е развиено градинарството, а во ридестите предели лозарството и овоштарстово. Сточарстовотo е интензивно. Најмногу се одгледуваат говеда, свињи и живина. Соодветно на тоа, најразвиена е прехранбената индустрија. Во Панонската Низина има и помали наоѓалишта на нафта и земен гас.
Панонската Низина е добро комуникативна и проодна. Единствен проблем се големите реки, поради кои правците се насочени кон ограничениот број мостови на големите реки. Овде поминуваат важни автомобилски и железнички сообраќајници кои ги поврзуваат Западна и Средна со Јужна Европа и Мала Азија и Источна и Јужна Европа. Главни стопански, сообраќајни, административни и трговски центри се Будимпешта, Белград, Загреб и други. Сообраќајната комуникација ја надополнуваат пловните патишта по реките и каналите, како што е, на пример, пловниот пат Рајна-Мајна-Дунав преку кој Северното Море се поврзува со Црното Море.