Пептид — азотноорганско соединение кое се состои од аминокиселинскимономерни единици. Пептидите настануваат кога две или повеќе аминокиселини се поврзуваат по пат на полимеризација. Врските кои се создаваат помеѓу одделните аминокиселини во пептидот се нарекуваат пептидни или амидни врски. Тие се создаваат меѓу аминогрупата од едната и карбоксилната група од другата аминокиселина. Пептидите со над 100 мономери се наречени белковини. Не постои остра граница помеѓу пептидите и белковините според бројот на нивните аминокиселински единици. Некои долги пептиди како бета-амилоид може да се сметаат за белковини, додека пак кратки белковини како инсулинот може да се сметаат за пептиди.