Проект Писта
Проект „Писта“ | |
---|---|
Создадена од | Ели Холцман |
Улоги | Хајди Клум |
Земја на потекло | САД |
Бр. на епизоди | 38 (со крајот на третата сезона) |
Производство | |
Времетраење | 60 минути (со реклами) |
Прикажување | |
Првична мрежа | Браво ТВ |
Првично прикажување | 1 декември, 2004 – сегашност |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | bravotv.com/Project Runway/ |
Проект „Писта“ (анлиски: Project Runway) е американско реално шоу емитувано на телевизијата Браво и се фокусира на модни творци. Натпреварувачите се обидуваат да ги направат најдобрите алишта со дадените материјали, време и тема. Нивните дизајни се просудувани и еден или повеќе дизајнери се елиминираат секоја недела.
Кај нас, Проект „Писта“ се емитува на Канал 5.
Формат
[уреди | уреди извор]Водителот на Проект „Писта“ е супермоделот Хајди Клум, а судиите се обично Хајди, Американскиот дизајнер Мајкл Корс, модниот директор на ЕЛ магазин - Нина Гарсија, и уште еден четврт судија, обично моден творец, критичар, модел, славна личност итн. Тим Ган им е како ментор на дизајнерите. Проект „Писта“ е сниман во Њујорк (а во трета сезона и на кратко во Париз). Дизајнерите користат рабодна соба во училиштето за дизајн Парсонс, купуваат материјали низ Њујорк, и живеат заедно во Атлас Њујорк, зграда близу Парсонс.
На почетокот на секој предизвик, на дизајнерите им се дава тема на која треба да го направат парчето облека. За да го исполнат ова, имаат одредено време и ресурси. На повеќето предизвици, дизајнерите работат самостално, но на некои треба да работат во тимови. Кога ќе помине времето, дизајнерите треба да ги облечат своите манекенки и да изберат како да бидат нашминкани, каква фризура треба да имаат итн. Секоја манекенка оди по пистата, а судиите ја оценуваат облеката.
Потоа, судиите ги интервјуираат дизајнерите и им кажуваат што мислат за нивните творби, а потоа се договараат чија творба е најдобра, а чија најлоша. Губитникот на предизвикот е елиминиран. Натпреварувачот од втората сезона, Даниел Восовик, има победено на најмногу предизвици досега (пет), а по него е Кара Сон од првата сезона, со четири победени предизвици.
На финалистите им се дава 12 недели и 8000 долари за да направат 12 парчиња облека и да ги презентираат на њујоршката модна недела. Истите судии, плус еден гостин, ги оценуваат дизајнерите и одлучуваат кој е победникот.
И манекенките кои работат со дизајнерите се вклучени во натпреварот. Секоја недела, како што се намалува бројот на дизајнерите, така и на манекенките. Онаа што ќе работи со дизајнерот кој ќе победи, ќе биде на насловната страна на ЕЛ магазин.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- "Project Runway" Архивирано на 9 јули 2007 г. на Yahoo! TV
- Блог на шоуто