Прејди на содржината

Ривалдо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ривалдо
Ривалдо во 2014
Лични податоци
Полно име Ривалдо Виктор Борба Фереира
Роден на 19 април 1972(1972-04-19)(52 г.)
Роден во Паулиста, Бразилl
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција Среден ред со напаѓачки задачи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991–1992 Санта Крус 4 (6)
1992–1994 Можи Мирим 0 (0)
1993–1994Коринтијанс (позајмен) 19 (11)
1994–1996 Палмеирас 45 (21)
1996–1997 Депортиво Ла Коруња 41 (21)
1997–2002 Барселона 157 (86)
2002–2004 Милан 22 (5)
2004Крузеиро (позајмен) 11 (0)
2004–2007 Олимпијакос 70 (34)
2007–2008 АЕК Атина 35 (12)
2008–2010 Бунјодкор 53 (33)
2010–2011 Можи Мирим 0 (0)
2011Саун Пауло (позајмен) 30 (5)
2012 Кабускорп 21 (11)
2013 Сао Каетано 7 (0)
2014 Можи Мирим 7 (1)
Вкупно 505 (245)
Репрезентација
1992–1993 Бразил до 20 години 9 (1)
1996 Бразил до 23 години 5 (0)
1993–2003 Бразил 74 (34)
* Ажурирано на: 1 октомври 2013
** Ажурирано на: 20 април 2008

Ривалдо Виктор Борба Фереира (роден 19 април 1972, познат како Ривалдо) — поранешен бразилски фудбалер и претседател на фудбалскиот клуб Можи-Мирин од Бразил. Тој играл на позицијата играч за врска со напаѓачки задачи, а понекогаш и како втор напаѓач.

Тој поминал пет години во шпанскиот клуб Барселона, каде што оформил успешно партнерство со Патрик Клојверт и ја освоил шпанската лига во 1998 и 1999 како и кралскиот куп во 1998 година. Од 1993 до 2003 година, Ривалдо одигра 74 натпревари за репрезентацијата на Бразил и постигна 35 гола.[1] Тој му помогна на Бразил да стигне до финалето на Светското првенство во Франција во 1998 година, и да победи на Копа Америка во 1999 година, каде што беше именуван за најдобар играч на турнирот. Ривалдо беше делот од тимот заедно со Роналдо и Роналдињо на ФИФА Светското Првенство 2002 година во победничкиот тим. Тој беше именуван во Ол-Стар тимот на Светското првенство во 1998 година и 2002 година.

Тој е еден од повеќето вешти и креативни играчи од неговата генерација, Ривалдо беше познат по неговиот удар популарно наречен сув лист, по директниот слободен удар, техниката, шут од далечина, како и способност за постигнување гол и создавање гол шанса.[2][3] Во 1999 година, тој ја освои наградата Ballon d'Or и беше именуван за играч на годината на ФИФА.[4] Во 2004 година, тој беше именуван од страна на Пеле во ФИФА 100 списокот на најголеми живи фудбалери во светот.[5] Тој е дел од Бразилскиот Музејот на Фудбалот - Дом на славните. Во март 2014 година, Ривалдо го најави своето повлекување од професионалниот фудбал,[6] но во јуни 2015 година, тој имаше настап за Можи-Мирин. .[7] На 14 август 2015 година, тој најави дека враќањето е готово и дека тој повторно се повлекува; ова се должи на постојаните повреди.[8] Во 2015 година, тој дејствувал во иранскиот кино филм Не сум Салвадор .

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. "Goalscoring for Brazil National Team". RSSSF. Retrieved 17 May 2014
  2. „On Second Thoughts: Rivaldo“. The Guardian. 19 June 2008. Посетено на 8 June 2014.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Sports Illustrated.
  4. „Rivaldo on top of the world“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 2014-09-16. Посетено на 17 November 2013.
  5. „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 22 November 2013.
  6. "Barcelona, AC Milan and Brazil legend Rivaldo retires aged 41". BBC. Retrieved 17 March 2014
  7. "Rivaldo interrupts retirement to help Mogi Mirim in Série B". Globo Esporte. Retrieved 22 June 2015
  8. "Barca Legend Rivaldo Retiring For Good". Today's Corner Kick. Retrieved 16 September 2016