Прејди на содржината

Робин Кваизон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Робин Кваизон
Лични податоци
Полно име Робин Квамина Кваизон
Роден на 9 октомври 1993(1993-10-09)(31 г.)
Роден во Стокхолм, Шведска
Држава Шведска Шведска
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Мајнц Мајнц 05
Број 7
Младинска кариера
АИК АИК
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011Васби Јунајтед Васби Јунајтед 17 (8)
2012–2014 АИК АИК 51 (7)
2014–2017 Палермо Палермо 66 (7)
2017– Мајнц Мајнц 05 123 (31)
Репрезентација
2012 Шведска Шведска 19 2 (0)
2012-2015 Шведска Шведска 21 16 (1)
2016 Шведска Шведска (ол.) 4 (0)
2013- Шведска Шведска 30 (9)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Робин Кваизон (роден на 9 октомври 1993) — шведски фудбалер со ганско потекло, напаѓач на Мајнц 05 и на шведската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Роден во Стокхолм од татко од Гана и мајка швеѓанка,[1] Кваизон е производ на академијата на АИК.

Во 2011 година тој бил позајмен на Васби Јунајтед, екипа од третата лига, со цел да собере искуство. На 16 натпревари за Васби постигнал 8 гола во регуларниот дел од сезоната, и имал еден настап во плејофот.

Тој се вратил во клубот од каде потекнува, и бил вклучен во првиот тим за кого дебитирал на 24 март 2012 во натпревар од Суперкупот на Шведска каде неговиот тим загубил со 2-0 од Хелсингборг; Кваизон влегол во игра 80-тата минута на местото на Роберт Оман Персон. Тој дебитирал во Алсвенскан (шведското првенство) на 1 април 2012 година во ремито 0-0 против Мјелби, влегувајќи во игра ви 76-тата минута. На 15 април 2012 за првпат бил стартер во победата со 1-0 на гостувањето против Сиријанска, а на 20 мај го постигнал својот прв гол во шведската прва лига против Норчепинг.[2] Исто така, во 2012 година го имал своето деби во Лигата на Европа; на 19 јули во натпревар што завршил 1-1 против Хабнафјердир, играл како стартер до 60-тата минута кога бил заменет со Алхасан Камара; вкупно за таа сезона одиграл 7 натпревари во Лига Европа вклучувајќи еден настап во плејоф рунндата и другите шест во фазата по групи, каде АИК бил елиминиран. Сезоната 2012 ја завршил со 18 натпревари во лигата, а три во шведскиот куп.

Кваизон во дресот на АИК во 2014.

Во сезоната 2013 тој одиграл 23 натпревари во лигата на кој постигнал 4 гола и имал еден настап без погодок во националниот куп. Во почетниот дел на сезоната 2014 одиграл 10 натпревари во лигата, постигнувајќи еден гол. На последниот натпревар во дресот на АИК на 2 јуни 2014 во победата со 4-2 над Бромапојкарна, излегол од игра во 67-мата минута, за да може да биде испратен со аплаузи од навивачите за сè што направил за клубот и да му отстапи место на Антон Салетрос.

На 18 јули 2014 година, тој се пресели во Италија потпишувајќи тригодишен договор со новопромовираниот клуб во Серија А, Палермо.[3] По комплетирањето на трансферот го преземал дресот со број 21. Тој го направил своето деби со розовиот дрес во првиот официјален натпревар на Палермо за сезоната, двобојот од третиот круг на италијанскиот куп против Модена на 24 август во кој неговиот клуб загубил катастрофално со 3-0 на домашен терен.[4] На 21 септември, го направил своето деби во италијанското првенство во натпреварот Палермо-Интер (1-1) во третото коло, заменувајќи го стрелецот на голот за Палермо Франко Васкес во 83-тата минута. На 11 јануари 2015 година, Кваизон се појавил во игра од клупата за резерви на местото на ветеранот Енцо Мареска во 52-рата минута од натпреварот против Фјорентина и во следните 9 минути постигнал два гола за да направи израмнување од 2-0 до 2-2; натпреварот завршил 4-3 за виолa.[5] Тоа биле воедно неговите први голови во Серија А. На 14 февруари, тој за првпат бил стартер за Палермо во победата со 3-1 против Наполи.

На 31 јануари 2017 потпишал 4 и пол годишен договор со Бунеслигашот Мајнц 05.[6] Своето деби за Мајнц го направил на 25 февруари 2017 во победата со 2-0 на гости над Баер Леверкузен. Својот прв гол за петките го постигнал на 11 март во поразот со 2-1 од Дармштат.

На 17 декември 2019, Кваизон го постигнл својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5–0 на гостувањето кај Вердер Бремен во Бундеслигата.[7]

На 16 мај 2021 година, Кваизон го постигнал единствениот гол за Мајнц, во поразот со 3-1 од Борусија Дортмунд во Бундеслигата, со што стигнал до својот триесетти погодок за клубот; притоа тој, исто така, станал најдобриот стрелец на Мајнц на сите времиња во Бундеслигата, надминувајќи ги Јунус Мали и Мохамед Зидан со кои претходно бил изедначен.[8]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Робин Кваизон во акција во дресот на шведската репрезентација под 21 година.

По неколку појавувања во младата репрезентација, Кваизон добил повик во сениорската репрезентација од страна на селекторот Ерик Хамен за да игра на Кинг'с купот кој се одржал во Тајланд во јануари 2013 година.[9] На оваа манифестација собрал два настапи и еден постигнат гол, кој го дал во финалето против Финска со шут надвор од шеснаесетникот.

Во јуни 2015, Кваизон бил дел од репрезентацијата на Шведска која го освоила Европското првенство за играчи под 21 година во Чешка. Тој постигнал еден гол на турнирот, во победата со 4-1 над Данска во полуфиналето, а исто така се појавил како замена и во финалето во кое швеѓаните ја совладале Португалија по изведување на пенали.

Следната година, тој учествувал со шведската олимписка репрезентација на Летните олимписки игри 2016, но таму неговата земја била елиминирана уште во првата фаза.[10]

По неколку години пауза, благодарение на одличната форма во дресот на Мајнц, Кваизон се вратил во сениорската репрезентација и во текот на 2019 година учествувал во квалификациите за Европското првенство 2020: тој одиграл 9 натпревари и постигнал 6 голови - со кои бил најдобар стрелец на својата земја - помагајќи им на швеѓаните да се пласираат на завршниот турнир.

Во летото 2021, Кваизон за првпат во кариерата бил повикан да настапи на некое големо натпреварување со сениорската репрезентација на Шведска, откако се нашол во составот од 26 играчи избран од селекторот Јане Андерсон за Европското првенство 2020. Тој играл во сите четири натпревари на својата земја, а патот за него и неговите соиграчи завршил во осминафиналето каде биле елиминирани по продолженија од Украина со 1-2.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шведска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
23-1-2013 Чијанг Мај Северна Кореја Северна Кореја 1 – 1 Шведска Шведска Пријателска -
26-1-2013 Чијанг Мај Финска Финска 0 – 3 Шведска Шведска Пријателска 1
17-1-2014 Абу Даби Молдавија Молдавија 1 – 2 Шведска Шведска Пријателска -
21-1-2014 Абу Даби Исланд Исланд 0 – 2 Шведска Шведска Пријателска 1
31-3-2015 Солна Шведска Шведска 3 – 1 Иран Иран Пријателска - влегол во игра 66'
6-9-2018 Прага Австрија Австрија 2 – 0 Шведска Шведска Пријателска -
23-3-2019 Солна Шведска Шведска 2 – 1 Романија Романија Квал. за Евро 2020 1 заменет 89'
26-3-2019 Осло Норвешка Норвешка 3 – 3 Шведска Шведска Квал. за Евро 2020 2
7-6-2019 Солна Шведска Шведска 3 – 0 Малта Малта Квал. за Евро 2020 1 заменет 85'
10-6-2019 Мадрид Шпанија Шпанија 3 – 0 Шведска Шведска Квал. за Евро 2020 -
5-9-2019 Торшавн Фарски Острови Фарски Острови 0 – 4 Шведска Шведска Квал. за Евро 2020 1
8-9-2019 Солна Шведска Шведска 1 – 1 Норвешка Норвешка Квал. за Евро 2020 - заменет 77'
12-10-2019 Та Кали Малта Малта 0 – 4 Шведска Шведска Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 62-рата минута 62' заменет 71'
15-10-2019 Стокхолм Шведска Шведска 1 – 1 Шпанија Шпанија Квал. за Евро 2020 - заменет 77'
15-11-2019 Букурешт Романија Романија 0 – 2 Шведска Шведска Квал. за Евро 2020 1
5-9-2020 Солна Шведска Шведска 0 – 1 Франција Франција УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 77'
8-9-2020 Солна Шведска Шведска 0 – 2 Португалија Португалија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - влегол во игра 71'
8-10-2020 Москва Русија Русија 1 – 2 Шведска Шведска Пријателска - влегол во игра 64'
14-10-2020 Лисабон Португалија Португалија 3 – 0 Шведска Шведска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 62'
11-11-2020 Брондби Данска Данска 2 – 0 Шведска Шведска Пријателска - заменет 64'
17-11-2020 Сен Дени Франција Франција 4 – 2 Шведска Шведска УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1 влегол во игра 66'
25-3-2021 Солна Шведска Шведска 1 – 0 Грузија Грузија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 84'
28-3-2021 Приштина Косово Косово 0 – 3 Шведска Шведска Квал. за СП 2022 - влегол во игра 68'
31-3-2021 Солна Шведска Шведска 1 – 0 Естонија Естонија Пријателска -
29-5-2021 Солна Шведска Шведска 2 – 0 Финска Финска Пријателска 1 заменет 84'
5-6-2021 Солна Шведска Шведска 3 – 1 Ерменија Ерменија Пријателска - влегол во игра 70'
14-6-2021 Севиља Шпанија Шпанија 0 – 0 Шведска Шведска Евро 2020 - Прва фаза - влегол во игра 69'
18-6-2021 Санкт Петербург Шведска Шведска 1 – 0 Словачка Словачка Евро 2020 - Прва фаза - влегол во игра 64'
23-6-2021 Санкт Петербург Шведска Шведска 3 – 2 Полска Полска Евро 2020 - Прва фаза - заменет 55'
29-6-2021 Глазгов Шведска Шведска 1 – 2 прод. Украина Украина Евро 2020 - Осминафинале - влегол во игра 97'
Вкупно Настапи 30 Голови 10

Статистика и рекорди

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 10 март 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
мар.-јун. 2011 Шведска АИК А 0 0 - - - - - - - - - 0 0\
јун.-ное. 2011 Шведска Васби Јунајтед Д1 16+1[11] 8+0 - - - - - - - - - 17 8
2012 Шведска АИК А 18 2 КШ 3 1 ЛЕ 7[12] 0 СШ 1 0 29 3
2013 А 23 4 КШ 1 0 - - - - - - 24 4
мар.-јун. 2014 А 10 1 - - - - - - - - - 10 1
Вкупно АИК 51 7 4 1 7 0 1 0 62 8
2014-2015 Италија Палермо А 19 2 КИ 1 0 - - - - - - 20 2
2015-2016 А 30 1 КИ 2 1 - - - - - - 32 2
2016-јан. 2017 А 17 4 КИ 1 0 - - - - - - 18 4
Вкупно Палермо 66 7 4 1 - - - - 70 8
јан.-јун. 2017 Германија Мајнц 11 1 КГ - - - - - - - - 11 1
2017-2018 24 4 КГ 2 0 - - - - - - 26 4
2018-2019 28 7 КГ 2 2 - - - - - - 30 9
2019-2020 32 13 КГ 1 0 - - - - - - 33 13
2020-2021 28 6 КГ 2 1 - - - - - - 30 7
Вкупно Мајнц 123 31 7 3 - - - - 130 34
Вкупно во кариерата 257 53 15 5 7 0 1 0 279 58

Хет-трикови

[уреди | уреди извор]

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]

Шведска Шведска под 21 година

[уреди | уреди извор]
2015
  1. goal.com, уред. (5-11-2012). „Ghanaian born Robin Quaison gets another Swedish Under-21 call-up“ (англиски). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Svenskfotboll.se, уред. (20-05-2013). „AIK-Norrköping (tabellino)“ (шведски). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Quaison è rosanero Архивирано на 25 јули 2014 г. Palermocalcio.it
  4. Palermo-Modena 0-3 Архивирано на 26 август 2014 г. Palermocalcio.it
  5. Fiorentina-Palermo 4-3, gol di Pasqual, Basanta, Quaison (2), Cuadrado, Joaquin e Belotti (rigore) Gazzetta.it
  6. mainz05.de, уред. (31 јануари 2017). „Robin Quaison signs“ (англиски).[мртва врска]
  7. „Robin Quaison hits hat-trick as Mainz put five without reply past Werder Bremen“. Bundesliga. 17 December 2019. Посетено на 18 December 2019.
  8. „Raphael Guerreiro, Marco Reus and Julian Brandt earn Borussia Dortmund Champions League qualification with win in Mainz“. Bundesliga. 16 May 2021. Посетено на 16 May 2021.
  9. svenskfotboll.se, уред. (5-12-2012). „Truppen till King's Cup“ (шведски). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. TT (2016-08-28). „Quaison kallades in – och skadade sig“. Svenska Dagbladet (шведски). ISSN 1101-2412. Посетено на 2020-09-07.
  11. Во плејофот.
  12. Еден натпревар е квалификациски.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]