Саваи
Наречен и: „Душата на Самоа“ | |
---|---|
Карта на Самоа | |
Географија | |
Место | Тихи Океан |
Координати | 13°35′S 172°25′W / 13.583° ЈГШ; 172.417° ЗГД |
Архипелаг | Самоански Острови |
Површина | 1.694 км2 |
Должина | 70 км |
Ширина | 46 км |
Највисоко место | 1.858 м |
Највисока точка | Силисили (1,858m) |
Држава | |
Демографија | |
Население | 43,142[1] (2006) |
Густина | 25 /km2 (65 /sq mi) |
Етнички групи | 92.6% Самоанци, 7% мешани, 0.4% Европејци |
Дополнителни податоци | |
Последна ерупција на Матавану (1905 - 1911) |
Саваи (самоански: Savaiʻi) е остров во Самоа. Со своите 1694 км2, Саваи е најголем остров остров во Самоа и Самоанските Острови. Врвот Силисили е највисока планина во островите со надморска висина од 1858 метри. Саваи е шести најголем остров во Полинезија.
Саваи е дом на 43.142 жители, податоци согласно последниот попис од 2006 година, односно на островот живее 24% од населението на Самоа.[1] На островот има повеќе населени места, но единственото гратче е Салелолога, кое воедно е траектен терминал. Ова гратче е главната точка за влез на островот и се наоѓа во источниот дел на островот. Сите населени места се поврзани со регонален пат и се опслужуваат со редовни локални автобуски линии.
Саваи е составен од шест окрузи, на самоански наречени утумало (itūmālō). Секој округ е составен од села кои се традиционално поврзани меѓу себе.
Географија
[уреди | уреди извор]Саваи се наоѓа северозападно од островот Уполу. Овие два острова се одделени од протокот Аполима, кој пак е широк 13 километри. Во самиот проток се наоѓаат двата мали острова Маноно и Аполима. Саваи е со вулканско потекло и планините се прекриени со густа шума. Островот има плодни рамнини со бројни реки и потоци.
Климата на Саваи е тропска со значително влијание од океанот. Често се забележуваат високи температури со значителна влажност на воздухот. Дождливата сезона е од ноември до април.
Саваи е најголем штитест вулкан во Јужниот Тихи Океан[2] и само 3% е над вода.[3] Вулканот е актувен и последната ерупција е забележана во периодот од 1905 до 1911 кога биле уништени села во северниот дел на централното плато.
Транспорт
[уреди | уреди извор]Салелолога е главното пристаниште и единственото гратче на островот. Гратчето се наоѓа во источниот дел на островот каде се наоѓа и главниот траектен пункт на островот. Од едниот до другиот острово се пристигнува за од прилика 90 минути. Траектот оперира само преку ден.
Островот, поточно секое населено место на островот е поврзан со пат кој е во одлична состојба. Со нормално возење островот се заобиколува за околу 3 часа. Патот поминува покрај брегот каде се наоѓаат населените места. Во Самоа се вози на лево. Самоа е единствената држава во 21 век која преминала од десно кон лево возење.[4]
На островот се наоѓа аеродромот Маота, кој има мала писта и основни објекти. Аеродромот се наоѓа на 10 минути јужно од Салелолога. Летовите од едниот до другиот остров се околу 30 минути.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Сателитска снимка на Саваи
-
Историска црква во селото Сафоту.
-
Пулемелеи
-
Му Пагоа
-
Камена црква во Сатупаитеја, 1908 г.
-
Локален автобус
-
Полиња од лава на Саваи
-
Залез во Сапапали
-
Танц со оган
-
Поглед кон Аплима, мало островче до Саваи
-
Матавану, вулкан, 1906 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Final Population and Housing Census 2006“. Samoa Bureau of Statistics. July 2008. Архивирано од изворникот на 2011-01-01.
- ↑ Rottman, Gordon L. (2002). World War 2 Pacific island guide. Greenwood Publishing Group. стр. 88. ISBN 978-0-313-31395-0. Посетено на 2014-07-26.
- ↑ „Samoa Found To Be in Path of Geological Hotspots, Adding Fuel To Debate Over Origins of Volcanic Chains“. Science Daily. Adapted from materials provided by Oregon State University. 17 June 2008. Архивирано од изворникот на 2013-05-14.
- ↑ „Samoa switches to driving on left“. BBC News. 7 September 2009. Архивирано од изворникот на 2011-08-05.
- ↑ „SavaiʻI Guide Overview“. Архивирано од изворникот на 3 July 2009. Посетено на 22 September 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Саваи“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Savaii. |
- „Savaiʻi“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
13°35′S 172°25′W / 13.583° ЈГШ; 172.417° ЗГД
|