Прејди на содржината

Самарија

Координати: 32°16′N 35°11′E / 32.267° СГШ; 35.183° ИГД / 32.267; 35.183
Од Википедија — слободната енциклопедија
Самарија
السامرة, שֹׁומְרוֹן
Ридови во близина на урнатините на древниот град Самарија
Координати32°16′N 35°11′E / 32.267° СГШ; 35.183° ИГД / 32.267; 35.183
Дел одЗападен Брег, Палестина

Самарија (хебрејски: שֹׁמְרוֹן, арап. السامرة) ― историскa област во Палестина, која на југ се граничи со Јудеја, а на север со Галилеја.[1][2] Историчарот од првиот век Јосиф Флавиј укажал дека на запад се протега до Средоземно Море и до долината на реката Јордан на исток.[2] Го опфаќа поголемиот дел од територијата на древното Кралство Израел, кое се наоѓало северно од Јудејското Кралство. Границата меѓу Самарија и Јудеја се наоѓала долж географската ширина на градот Рамала.[3]

Името „Самарија“ потекнува од античкиот град Самарија кој бил главен град на Кралството Израел.[4][5][6] Името Самарија најверојатно почнало да се користи како име за целото кралство набргу откако градот Самарија станал главен град на Израел, но во пишан извор за прв пат се спомнува по неговото освојување од Саргон II Асириски, кој кралството го претворил во провинција Самерина.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Според Стариот завет, Израелитите го зазеле регионот познат како Самарија од Хананците и му го доделиле на племето на Јосиф. Јужниот дел од Самарија тогаш бил познат како планината Ефрем. По смртта на кралот Соломон (околу 931 п.н.е.), северните племиња, меѓу кои биле и Ефрем и Менаше, се одвоиле од јужните племиња и го основале одделното Кралство Израел. Прв главен град на кралството бил Тирза. Кралот Омри (околу 884 г.п.н.е.), го изградил градот Самарија кој станал главен град на кралството. Новиот главен град брзо се развивал; во него била изградена раскошна палата за израелските кралеви, чии внатрешни ѕидови биле обложени со резби од слонова коска. Самарија се сметала за една од најсилните тврдини во регионот; системот од одбранбени структури на градот е делумно зачуван до денес. Градот бил проколнат од хебрејските пророци поради „куќите од слонова коска“ и луксузните палати кои прикажувале паганско богатство.[7] Самарија била престолнина на Израел до нејзиниот пад под Асирците.

Од 726 до 722 г.п.н.е., новиот крал на Асирија, Шалманесер V, ја нападнал земјата и го опсадил градот Самарија. По три годишна опсада, градот паднал и голем дел од неговото население било одведено во заробеништво или било депортирано.[8] Малку се знае за периодот од падот на Самарија до крајот на Асирската империја.[9][10] Најверојатно многумина од протераните се вратиле во 715 г.п.н.е., а како потврда за тоа се наведуваат бунтовите на робовите против асирскиот крал Саргон.[11]

По уништувањето на Израел, Самарјаните се појавиле како етнорелигиозна група во регионот на Самарија и тврделе дека потекнуваат од Израелците. Изградиле храм на планината Геризим, и со векови продолжиле да напредуваат.[12]

Остатоците од Самарјаните (помалку од 1000 луѓе) сè уште живеат во Холон и Сихем и му се поклонуваат на Богот на Израел на планината Геризим, над градот.

Урнатините од древната израелска палата во градот Самарија, изградена од династијата Омрид

Во 6 година од н.е., по смртта на кралот Ирод Велики, Самарија станала дел од римската провинција Јудеја.

Во Новиот завет Самарија се споменува во Лука 17:11–20, во чудесното исцелување на десетте лепрозни, кое се случило на границата меѓу Самарија и Галилеја. Во Јован 4:1–26 е запишана средбата на Исус кај Јакововиот бунар со жената Сихарна, во која тој се изјаснува дека е Месија.

По крвавото задушување на Самарјанските бунтови (најчесто во 525 н.е. и 555 н.е.) против Византиското Царство, самарјанското население драстично се намалило.

По муслиманското освојување на Левант, и во текот на раниот исламски период, Самарија претрпела процес на исламизирање како резултат на преобратувањето на преостанатото самарјанско население и доселувањето на муслимани во областа.[13][14][15] Доказите укажуваат дека многу Самарјани се преобратиле за време на владеењето на Абасидите и Тулунидите, како резултат на суши, земјотреси, верски прогонства, високи даноци и анархија.[14] Кон средината на средниот век, еврејскиот писател и истражувач Бенџамин од Тудела проценил дека во Палестина и Сирија останале само околу 1.900 Самарјани.[16]

За време на Големата војна, во Палестина војувале армиите на Британската и Отоманската Империја, а по војната територијата ѝ била доверена на Обединетото Кралство да ја управува како мандат на Лигата на народите.[17] Од тогаш Самарија станала една од административните области на Палестина. Планот за поделба на Палестина од ОН во 1947 година предвидувал арапската држава да се состои од неколку делови, а најголемиот од нив бил опишан како „ридската земја Самарија и Јудеја“.[18]

Селото Самарија, о. 1915 година

По Арапско-израелската војна од 1948 година, поголемиот дел од територијата еднострано бил вклучен во територијата под контрола на Јордан и бил управуван како дел од Западниот Брег (западно од реката Јордан).

Во Шестдневната војна од 1967 година Израел го зазел и окупирал Западниот Брег кој бил под контрола на Јордан. Јордан, во ноември 1988 година, ги отстапил своите претензии во Западниот Брег на Палестинската ослободителна организација. Со договорите од Осло во 1994 година, била формирана Палестинската самоуправа која требало да управува со дел од територијата на Западниот Брег (области „А“ и „Б“).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Празен навод (help)
  2. 2,0 2,1 Josephus Flavius. Jewish War, book 3, chapter 3:4-5“. Fordham.edu. Архивирано од изворникот на 2023-04-29. Посетено на 2012-12-31.
  3. The New Encyclopaedia Britannica: Macropaedia, 15th edition, 1987, volume 25, "Palestine", p. 403
  4. 4,0 4,1 Mills, Watson E.; Bullard, Roger Aubrey, уред. (1990). Mercer Dictionary of the Bible. Mercer University Press. стр. 788–789. ISBN 9780865543737. Посетено на 31 May 2018. Sargon ... named the new province, which included what formerly was Israel,Samerina. Thus the territorial designation is credited to the Assyrians and dated to that time; however, "Samaria" probably long before alteratively designated Israel when Samaria became the capital.
  5. „Online Etymology Dictionary“. www.etymonline.com.
  6. „Open Collections Program: Expeditions and Discoveries, Harvard Expedition to Samaria, 1908–1910“. ocp.hul.harvard.edu.
  7. „The Ivories from Samaria: Complete Catalogue, Stylistic Classification, Iconographical Analysis, Cultural-Historical Evaluation“. www.research-projects.uzh.ch. Архивирано од изворникот на 2018-03-21.
  8. Free, Joseph P.; Vos, Howard Frederic (24 July 1992). Archaeology and Bible History. Zondervan. ISBN 9780310479611 – преку Google Books.
  9. Becking, Bob (1 January 1992). The Fall of Samaria: An Historical and Archaeological Study. BRILL. ISBN 9004096337 – преку Google Books.
  10. Park, Sung Jin (2012). "A New Historical Reconstruction of the Fall of Samaria". Biblica. стр. 98–106.
  11. „2 Kings 17 Ellicott's Commentary for English Readers“. biblehub.com.
  12. Israel, Finkelstein (2013). The forgotten kingdom : the archaeology and history of Northern Israel. Society of Biblical Literature. стр. 158. ISBN 978-1-58983-910-6. OCLC 949151323.
  13. לוי-רובין, מילכה; Levy-Rubin, Milka (2006). „The Influence of the Muslim Conquest on the Settlement Pattern of Palestine during the Early Muslim Period / הכיבוש כמעצב מפת היישוב של ארץ-ישראל בתקופה המוסלמית הקדומה“. Cathedra: For the History of Eretz Israel and Its Yishuv / קתדרה: לתולדות ארץ ישראל ויישובה (121): 53–78. ISSN 0334-4657.
  14. 14,0 14,1 M. Levy-Rubin, "New evidence relating to the process of Islamization in Palestine in the Early Muslim Period - The Case of Samaria", in: Journal of the Economic and Social History of the Orient, 43 (3), pp. 257–276, 2000, Springer
  15. Fattal, A. (1958). Le statut légal des non-Musulman en pays d'Islam, Beyrouth: Imprimerie Catholique, pp. 72–73.
  16. Alan David Crown, Reinhard Pummer, Abraham Tal (eds.), A Companion to Samaritan Studies, Mohr Siebeck, 1993 pp.70-71.
  17. The Mandate for Palestine. (1922, July 24). League of Nations Council. Retrieved June 23, 2021 from https://mfa.gov.il/mfa/foreignpolicy/peace/guide/pages/the%20mandate%20for%20palestine.aspx
  18. „UN partition resolution“. Архивирано од изворникот на October 29, 2006.