Прејди на содржината

Светот не е доволен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Светот не е доволен (англиски: The World is not enough) е британски филм од 1999 година, во режија на Мајкл Ејптид. Главните улоги ги играат: Пирс Броснан, Софи Марсо и Џуди Денч. Филмот е дел од серијалот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во седиштето на МИ6 е убиен нафтениот тајкун сер Роберт Кинг. Затоа, Бонд добива задача да ја заштитува неговата ќерка Електра и нејзиното богатство. Електра е наследничка на богатите нафтени полиња во Каспиското Море, проценети на стотици милијарди долари. Нејзиното богатство е привлечно за светските моќници, а особено за Ренард, убиецот на нејзиниот татко. Ренард прави саботажа на нафтоводот на Кинг, кој во иднина би можел да обезбеди нафта за целиот свет.[1]

  1. Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 27.