Прејди на содржината

Северноамериканска зона на слободна трговија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Emblem
Местоположба на Северноамериканска зона на слободна трговија
СекретаријатиГрад Мексико, Отава и Вашингтон
Службени јазици англиски, шпански, француски
Членство  Канада
 Мексико
 САД
Основана
 •  Основан 1 јануари 1994 
Површина
 •  Вкупна 21,783,850 км2 (1st)
 •  Вода (%) 7.4
Население
 •  проценка за 2008 г. 445.335.091 (3rd)
 •  Густина 20,4 жит/км2 (195th)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 (IMF) г.
 •  Вкупен $17.153 трилиони (n/a)
 •  По жител $35.491 (n/a)
БДП (номинален) проценка за 2008 (ММФ) г.
 •  Вкупно $16.792 трилиони (n/a)
 •  По жител $35.564 (18та)
Страница
http://www.nafta-sec-alena.org

Северноамериканската зона за слободна трговија, или скратено, НАФТА (англиски: North American Free Trade Agreement, NAFTA; (шпански: Tratado de Libre Comercio de América del Norte [TLCAN], француски: Accord de libre-échange nord-américain [ALENA]) е слободна трговска зона помеѓу САД, Канада и Мексико која официјално започнала да функционира во 1994 година.[1]

Општи одлики на северноамериканскиот договор за слободна тровска зона

[уреди | уреди извор]

Формирана како пандан на Европската унија и веројатно единствена интеграција со приближно слично силно влијание врз светската економија е Северно американската зона на слободна трговија-НАФТА. Нејзиното формирање било поттикнато од стравувањата на САД за губење на преговарачките позиции и влијанието во светската економија, и овој, по својата природа трилатерален преференцијален трговски договор е следбеник на Договорот за слободна трговија меѓу САД и КАНАДА потпишан 1989. Потпишан 1992, и дополнет со уште два договора, Северно американскиот договор за соработка за заштита на работничките права и Северно американскиот договор за соработка за заштита на околината ,официјално стапил насила 1 јануари 1994. НАФТА не функционира како посебен ентитет, овој договор е дел од националниот закон на секоја од потписничките.Со овој договор биле отстранети поголемиот дел од царините во стоковата размена помеѓу членките и било предвидено постепено отстранување на останатите царини во период од 15 години. Договорот предвидува заштита и на правата на интелектуална сопственост и бил отстранет дел од ограничувањата во движењето на капиталот во вид на директни инвестиции помеѓу трите земји. Северно американскиот договор за слободна трговија по својата природа е трилатерален, неговите одредби подеднакво влијаат на трите земји потписнички со исклучок на одлуките во сферата на земјоделството каде одредбите биле донесени на билатерална основа.

Формирањето на Северно американската зона на слободна трговија-НАФТА

[уреди | уреди извор]

Договор за слободна трговија помеѓу САД и Канада

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 80-тите САД и Канада започнале преговори за воспоставување на слободна трговска зона помеѓу двете земји. Интензивна економска соработка веќе постоела помеѓу двете земји и тие сметале дека со потпишување на ваков договор би се постигнал натамошен раст на економиите на двете земји како и зголемена ефикасност на нивните производства. Во 1988, за време на преговорите за формирање на зона на слободна трговија помеѓу двете земји, во рамки на националните граници имало бројни спротивставувања и контраверзии околу потишувањето на ваквата спогодба. Спогодбата стапила насила 1 јануари 1989. Спогодбата за слободна трговија помеѓу САД и Канада предвидувала до 1998 да бидат укинати сите царини во стоковната размена меѓу двете земји,исто така се превдидувало да се постават првите заеднички правила за либерализација на режимот на размена на услуги како и отстранување на дел од бариерите во движењето на капиталот во вид на директни инвестиции помеѓу двете земји. Спогодбата исто така предвидувала арбитража за решавање на можните спорови помеѓу земјите потписнички чијшто состав бил со претставници од двете земји. Ова претставувало своевиден преседан во дотогашната меѓународна економија.

Почеток на преговорите, аргументи за и против НАФТА и ратификација на договорот

[уреди | уреди извор]

Потпишувањето на спогодбата помеѓу САД и Канада се покажало за успешно, но недоволно за да се создаде пазар со потенцијал конкурентен на западноевропскиот.Земјите потписнички сакале да ја прошират слободната трговска зона со други членки.Така најпрво започнале преговорите со Мексико. Преговорите започнале 1991 со цел на создавање на Северно американска зона на слободна трговија меѓу трите земји. Водени од Канадскиот премиер Bryan Murloney, Американскиот претседател George Bush и Мексиканскиот претседател Carlos Salinas de Gortari преговорите завршиле 1992. Начелно Северно американскиот договор за слободна трговија бил потпишан во декември 1992 година, а следната 1993 договорот бил предмет на ратификација на законодавните тела на трите земји учеснички. Многубројните аргументи за и против создавањето на интеграцијата, различните предвидувања и ставови за можните импликации од истата врз економиите на земјите потписнички и целокупната меѓународна јавност како и успехот на Нафта дебатиран до денес го прави потпишувањето на оваа спогодба едно од најконтраверзните во историјата на регионалното интегрирање.

Аргументи за потпишување на договорот

[уреди | уреди извор]

Поборниците за потпишувањето на ваквата спогодба тврделе дека со ваквата одлука се создава поголема и поефикасна продуктивна база на територијата на Северна Америка. Тие сепак, признале дека како логичен ефект од формирањето на ваквата интеграција би било пренесување на дел од производството на САД и Канада во Мексико, особено во трудоинтензивните дејности со цел искористување на предностите од пониското ниво на наемнини и ниските еколошки стандарди, што од своја страна би значело губење на работни места на овие територии. Но, и ваквото пренесување на дел од производството на територијата на Мексико тие сметале дека ќе има генерално позитивни импликации врз целата интеграција. Се сметало дека ваквите трендови ќе резултираат со подобрување на економската состојба во Мексико, зголемување на нивото на наемнини и животниот стандард во земјата штп би значело и намалување на нелегалниот прилив на неквалификувана работна сила од Мексико на територијата на САД во потрага по подобри услови за егзистенција. За САД и Канада подобрувањето на економијата на Мексико би значела зголемен извоз на оваа територија и бенефиции за нивните граѓаните како резултат на поевтините производи произведени на Мексиканска територија. За фирмите кои своето производство го пренеле на територијата на Мексико, искористувањето на ниските наемнини би резултирало со зголемена конкурентност во однос на нивните Европски и Азиски соперници.

Аргументи против потпишување на договорот

[уреди | уреди извор]

Стравувањата за можните негативни импликации од ваквото интегрирање генерално се базирале на фактот што НАФТА требала да претставува зона на слободна трговија помеѓу две развиени индустриски земји,и земја со далеку пониско ниво на економска развиеност, животен стандард и законодавна инфраструктура. Властите на САД и Канада, и еколозите како аргументи против НАФТА ги наведувале и големите постоечки разлики во законодавната инфраструктура во областа на екологијата и еколошките стандарди. Проблемот во определување на потеклото на стоките исто така бил еден од аргументите против спогодбата за слободна трговија меѓу трите земји. Се сметало дека стоките произведени на територијата на Мексико во капицитети со јапонски или западноевропски капитал коишто без никаков проблем би влегувале на територијата на САД и Канада би можеле да ги загрозат позициите на тамошните производители. На територијата на Мексико генерално посочувале на загубата која би ја претрпеле мексиканските фирми како резултат на отворањето кон индустриите на САД и Канада кои располагале далеку повеќе капитал, високо образована работна сила и технологија како и губењето на дел од националниот суверенитет на Мексико како еден од главните против аргументи. И покрај силната опозиција од организираната работна сила и најразлични политички субјекти во трите земји, преговорите завршиле успешно и договорот за создавање на НАФТА бил ратификуван од владите на земјите потписнички во 1993. Договорот официјално стапил насила 1 јануари 1994.

Содржина на Северно американскиот договор за слободна трговија

[уреди | уреди извор]

Официјално Северно американскиот договор за слободна трговија стапил насила 1 јануари 1994.

Договорот го предвидувал следново:
  • Укинување на царините за 99% од стоките кои биле предмет на трговска размена меѓу Мексико, Канада и САД во период од 10 години.
  • Отстранување на повеќето бариери во меѓусебната размена на услуги, овозможувајќи им, на пример на финансиските институции неограничен пристап на Мексиканскиот Пазар до 2000.
  • Заштита на правата на интелектуалната сопственост
  • Отстранување на поголемиот дел од ограничувањата во движењето на капиталот во вид на странски директни инвестиции помеѓу земјите потписнички, со тоа што сепак, НАФТА предвидувала посебно внимание да се обрне на заштита на Мексиканската енергетска и железничка индустрија, Американските индустрии за авионски и радио комуникации и Канадската култура.
  • Примена на национални стандарди за заштита на животната средина, под услов тие да имаат научна основа. Намалување на стандардите од страна на потписничките како мамка за инвестиции било недозволиво
  • Воспоставување на две комисии со овластувања да спроведуваат казни и да одземаат трговски дозволи ако се игнорираат стандардите за заштита на животната средина или законодавството поврзано со здравје и безбедност при работа, минимални плати и заштита на детскиот труд

Дополнителни договори во рамките на северно американската зона на слободна трговија

[уреди | уреди извор]

Северно американскиот договор за слободна трговија бил потпишан начелно декември 1992, од страна на Канадскиот премиер, Bryan Murloney Американскиот претседател George Bush и Мексиканскиот претседател Carlos Salinas De Gortari, а за време на претседателскиот мандат на Bil Clinton бил дополнет со уште два договора кои предвидувале одредби за заштита на еколошките стандарди и работничките права.

Северноамерикански договор за соработка за заштита на животната средина

[уреди | уреди извор]

Северноамериканскиот договор за соработка во заштитата на животната средина претставувал своевиден одговор на загриженоста на екологистите дека САД ќе ги намали стандардите доколку трите земји не постигнат доследна законска регулатива за заштита на животната средина. Овој договор само ги обврзува неговите страни да ги спроведуваат националните закони за заштита на животната средина. Согласно со овој Договор била основана и ""Северноамериканската комисија за соработка во заштитата на животната средина"", механизам што се занимава со прашања поврзани со трговија и заштита на животна средина; ""Северноамериканската банка за развој"", чиешто работење требало да овозможи помош и финансирање инвестиции со цел намалување на загадувањето; како и Пограничната комисија за соработка во заштитата на животната средина. Банката и Пограничната комисија обезбедиле големи придобивки за Мексико преку финансирање на 36 проекти, главно поврзани со заштита на водите.

Северноамерикански договор за соработка за заштита на работничките права

[уреди | уреди извор]

Северноамериканскиот договор за соработка за заштита на работничките права претставува дополнување на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) и имал за цел да создаде основа за соработка меѓу трите земји за решавање на проблеми од областа на работничките права, како и да ја зголеми соработката меѓу синдикатите и социјалните организации со цел да се подобрат работните услови.

Одредбите за земјоделство во рамките на Северно американската зона на слободна трговија

[уреди | уреди извор]

Уште од договорот за слободна трговија помеѓу САД и Канада, одредбите за земјоделство биле (и сѐ уште се сметаат) за контраверзни одлуки во рамките на спогодбата. Се смета дека проблемите при договарањето на одредбите за земјоделство отсекогаш постоеле и дека биле карактеристични за сите договори за слободна трговија во рамките на СТО. Во рамките на НАФТА земјоделството била единствен сегмент од спогодбата за која не било преговарано на трилатерално ниво, наместо тоа одредбите биле договарани на билатерално ниво, со склучување на три посебни билатерални договори меѓу потписничките.

Секретаријатот на НАФТА

[уреди | уреди извор]

Секретаријатот на НАФТА е формиран согласно Член 2002 од Северноамериканскиот договор за слободна трговија. Оваа организација има овластување и задача во рамки на интеграцијата да ги реши конфликтите помеѓу националните индустрии и/или влади објективно, праведно и навремено. Во рамките на НАФТА земјите потписнички биле обврзани да основаат посебни национални канцеларии во рамките на Секретаријатот на НАФТА. Секретаријатот на НАФТА се состои од:

  • Канцеларија во Канада, со седиште во Отава
  • Канцеларија во САД, со седиште во Вашингтон
  • Канцеларија во Мексико, со седиште во Мексико

Ефекти од формирањето на НАФТА

[уреди | уреди извор]

Како резултат на склучувањето на договорот во Северна Америка се формирал пазарен потенцијал од 370 милиони жители. За националните фирми во рамките на интеграцијата тоа претставувало можност за понатамошен зголемен раст и развој како и полесно соочување со конкуренцијата од европскиот пазар. Испитувањата покажуваат дека потпишувањето на договорот и либерализирањето на режимот на размена резултирало со зголемена трговска соработка меѓу земјите потписнички.Од 1993 до 2001 трговската размена меѓу земјите потписнички се зголемила од 297 на 622 билиони долари, т.е за 109 %. Канада и Мексико денес претставуваат двата најголеми трговски партнери на САД. Особено голем интензитет на пораст бил забележан во меѓусебната размена на САД и Мексико, во период од само 5 години од потпишувањето на спогодбата извозот од САД за Мексико пораснал за 90% а увозот од Мексико за 140 %. Истовремено меѓусебната размена на САД и Канада пораснала за над 50 % ,а како резултат на спогодбата се воспоставиле трговски односи помеѓу Канада и Мексико. Сепак за ефектите од оваа регионална интеграција размислувањата се поделени и дебатирани до ден денес. Дел сметаат дека интеграцијата била позитивна за севкупната меѓусебна размена на земјите потписнички, а особено за Мексико, каде биле зголемени проходите,животниот стандард и стабилноста, а дел пак сметаат дека единствено од интеграцијата профитирала бизнис елитата на трите земји и дека интеграцијата довела до значително губење на работни места на територијата на САД како резултат на префрлањето на трудоинтезивните дејности во Мексико. Сепак се смета дека влијанието на НАФТА е многу повеќе во сферата на политиката отколку во економијата. Самиот договор претставувал заборавање на традиционалното непријателство меѓу САД и Мексико, и влијаел на зголемена политичка стабилност на Мексико.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Официјални

[уреди | уреди извор]

Вести и истражувања

[уреди | уреди извор]
  1. J. Ashok Robin, International Corporate Finance. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, 352.