Прејди на содржината

Сукот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сукот
Сукот
Од лево кон десно: лулав, сад за етрог и етрог користени на Сукот
Офиц. називхебрејски: ראש השנה
Наречен иПразник на сениците, Празник на колибите
Го празнува(ат)јудаизмот и Евреите
Видеврејски
Почнувапочеток на првиот ден во тишри
Завршувакрај на вториот ден во тишри
Обичаијадење во сука, носење на четири билки, хакафот во синагога

Сукот[1] или Сеници[2] (хебрејски: סוכות или סֻכּוֹת сукот или сукос), наречен и Празник на колибитееврејски празник кој се празнува на петнаесеттиот ден од месецот тишри (се менува од крајот на септември до крајот на октомври). Тој е еден од трите празници за поколение (шалош регалим) на којшто израелските племиња оделе на поколение во Ерусалимскиот храм.

Празникот трае седум дена во Израел и осум во еврејската дијаспора. Првиот ден (втор ден во дијаспората) е шабат, ден во којшто работењето е забрането, по што следуваат средишни денови наречени Хол ха-Моед. Фестивалот завршува исто така на шабат, кој е наречен Шмини Ацерет (два дена во дијаспората, каде што вториот се нарекува Симхат Тора). Секој ден од празникот, задолжително е спроведување на церемонија со четири билки.

Хебрејскиот збор сукот е множина од сука, со значење „сеница“ или „колиба“, што претставува ѕидна конструкција покриена со схах (растителен материјал како обраснатост или лисја од палма). Суката има за цел да послужи како сеќавање на видот на кршливи живеалишта во коишто, според Тората, се населиле израелските племиња за време на нивното 40-годишно патување во пустината по Егзодусот во Египет. За време на празникот, оброците се јадат во суката и многу луѓе исто така спијат во неа. Сука исто така е назив на привремено живеалиште во коешто се населувале земјоделците за време на жетва.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.
  2. „Сукот“ — Лексикон на македонскиот јазик

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]