Прејди на содржината

Тарабука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тапан (лево) и тарабуки (десно) изложени во Музејот на Македонија

Тарабукамакедонски народен ударен инструмент со арапско потекло, изработен од глина во форма на вазна, затворена со штавена кожа, по широката кружна површина. Египетскиот назив за овој инструмент е дарабуке, а арапскиот дарабуках.

Тарабуки од Египет (1825)

Во Македонија корпусот на тарабуката се изработува од глина. Тарабуката се состои од два дела: горниот дел во форма на тимпан, со кружен отвор, затворен со штавена кожа, поставен на празна цевка проширена при крајот. Вкупната височина на тарабуката варира меѓу 200 и 450 мм. Корпусот на тарабуката може да биде украсен со шари или без нив (еднобоен). Тонот се произведува со удирање по распнатата кожа, наизменично со левата и десната рака. Тарабуката најчесто при свирењето се држи под левата мишка, врзана со врвца префрлена преку рамото. Денес тарабуката често се користи како ритмички инструмент во различни состави на народните оркестри. Денешните истражувања упатуваат на заклучокот дека во Македонија тарабуката ја пренесле патувачките турски ансамбли.

Во македонската практика е влезена во поново време, а поради силниот и пробивен звук, почесто се среќава во придружба со хармоника или во состави од дувачки инструменти.