Прејди на содржината

Тег (реквизит)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тегови од по 2 кг

Тегспортски реквизит за изведување физички вежби насочени кон развој на мускулите, зајакнување на зглобовите и целосна работоспособност на телото. Тегот се состои од шипка (најчесто метална), на чии два краја има тркала со определена тежина.[1][2]

Во Стара Грција, за вежби се користеле реквизитите наречени халтери (грчки: ἁλτῆρες), кои биле претходници на теговите.[3][4] Се користеле и во скок во далечина.[5] Денес, теговите се основен дел во вежбалниците, фитнес-центрите и домашното вежбање. Тие нудат удобен и ефикасен начин да се вклучите во тренинзи со отпор, без разлика дали за градење мускули, зацврстување или целосно подобрување на кондицијата.

  1. „тег“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „тег“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Gardiner, E. Norman (2002). Athletics in the Ancient World (англиски). Courier Corporation. ISBN 978-0-486-42486-6.
  4. Pearl, Bill (2005). Getting Stronger: Weight Training for Sports (англиски). Shelter Publications, Inc. ISBN 978-0-936070-38-4.
  5. Miller, Stephen Gaylord (2004). Ancient Greek Athletics (англиски). Yale University Press. ISBN 978-0-300-11529-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]