Прејди на содржината

Темјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Темјаново дрво

Темјан (грчки: λιβάνι; арапски: لُبَّانٌ; хебрејски: לבונה; латински: olibanum) е ароматична смола што се добива од дрвото од родот Boswellia, вид Boswellia sacra, Boswellia thurifera, Boswellia frereana.

При палење темјанот развива посебно силен и необично пријатен мирис. Се користи за религиозни цели,[1] во производство на парфеми, во ароматерапија, во традиционалната медицина.

Јужна Арабија дошла во блиски врски со Египет кога тој воспоставил трговски врски со Пунта и Нубија. Херодот зборува за Сесострид, можеби Сенусрет I (1980—1935 п.н.е.) од Дванаесеттата династија, како освајач на народите од Арапскиот Залив, најверојатно африканските делови од Црвеното Море. За време на петтата династија, Сахура (2553—2541 п.н.е.) ја водел првата поморска експедиција до земјата која производувала темјан, најверојатно тоа била Сомалија на африканскиот брег. Египќаните многу го ценеле темјанот поради неговата примена во храмовите и при мумификацја, односно балсамирање.

Трговијата со темјан од Јужна Арабија одела низ речното корито на Вади ел-Хамамат, правејќи го тој централен пат најважна врска со јужна Арабија.

  1. http://www.svetagora.info/index.php?option=com_content&task=view&id=23&Itemid=23