Прејди на содржината

Теодор Комнен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Теодор Комнен Дука
Император и Автократор на Ромеите
Round silver coin with two standing figures, the left one dressed in regalia and the right one as a warrior saint, handing a castle to the former
Монета на Теодор (лево) благословен од заштитникот на Солун, Св. Димитрија
Император на Солун
Претендент за византискиот престол
На престол1224–1230
НаследникМануил Комнен Дука
Владетел на Епир
На престол1215–1230
ПретходникМихаил I Комнен Дука
НаследникМихаил II Комнен Дука
Починал(а)ок. 1253
СопружникМарија Петралифаина
ДецаАна Ангелина Комнина Дукина
Јован Комнин Дука
Ирина Комнина Дукина
Димитрија Ангел Дука
ТаткоЈован Дука
МајкаЗоја Дукина

Теодор Комнен Дука (грчки: Θεόδωρος Κομνηνὸς Δούκας, починал ок. 1253) бил владетел на Епир и Тесалија од 1215 до 1230 и на Солун и поголемиот дел од Македонија и западна Тракија од 1224 до 1230. Тој исто така имал големо влијание за време на владеењето на неговите синови Јован и Димитрија со Солун во 1237–1246.

Теодор бил потомок на истакнато византиско аристократско семејство поврзано со царските династии Комнини, Дука, и Ангел. Сепак, ништо не е познато за животот на Теодор пред освојувањето на Константинопол и распаѓањето на Византиската империја после Четвртата крстоносна војна во 1204. По падот на Константинопол, тој служел кај Теодор I Ласкарис, основачот на Никејското Царство, неколку години пред да биде повикан за Епир, каде што неговиот полубрат Михаил I Комнен основал независна држава. Кога Михаил починал во 1215, Теодор го презел управувањето со епирската држава. Тој ја продолжил политиката на својот брат за територијално проширување. Во сојуз со Србиј, ја проширил својата територија во Македонија, заканувајќи му се на латинското Солунско Кралство. Заробувањето на латинскиот император Пјер II де Куртене во 1217 отвори можност за постепено напредување, што кулминирало со освојување на Солун во 1224.

Како владетел на Солун, Теодор набрзо потоа се прогласил за цар, предизвикувајќи ги претензиите на никејскиот цар Јован III Дука Ватац за престолот во Константинопол. Во 1225, тој пристигнал во околината на Константинопол, но последниот напад против ослабената Латинска империја бил одложен до 1230. Таа година, Теодор собрал војска за да го опсади Константинопол, но потоа ја пренасочил против Бугарија, амбивалентен сојузник кој се заканувал на северната страна. Теодор бил поразен и заробен во битката кај Клокотница, и ги поминал следните седум години во заробеништво. Во меѓувреме, во Солун го наследил неговиот Мануил. Мануил набрзо ги изгубил Тракија, поголемиот дел од Македонија, и Албанија кои потпаднале под власта на бугарскиот цар Јован Асен II. Солун станал бугарски вазал, додека власта во Епир ја презел Михаил II, кој се вратил од егзил од Пелопонез.

     Епирското Деспотство на почетокот на владеењето на Теодор Комнен (1215)
  Територијалната експанзија за време на Теодор Комнен (1215-1230)