Тирамису
Тирамису (итал. tiramisù / Венетски: tiramesù, IPA: [tirame'su]) е италијански десерт којшто се приготвува со пишкоти, натопени со кафе еспресо, сирење маскарпоне (меко, слатко и кремасто, вид на слатка павлака), јајца, шеќер, вино марсала или рум и какао.
Потекло и подготовка
[уреди | уреди извор]Различни извори наведуваат дека овој десерт настанал во градот Тревизо, во ресторанот "Le Beccherie", од рацете на слаткарот Роберто Лингваното, наречен Лоли. Согласно други верзии, десертот тирамису настанал во Сиена (град во Тоскана), во чест на војводата Козимо III во прилика не една негова посета на градот.
Тирамису е еден од најпопуларните десерти; се сервира секаде, не само во италијанските ресторани и пицерии. Рецептата му е адаптирана за торти, пудинзи, сладоледи и други варијанти на десерти. Наместо кафе може да се употребат други состојки како сок од јагоди, малини или лимон, како и чоколадо.
Занимливости
[уреди | уреди извор]Во оригиналната рецепта не е наведена употреба на алкохолот, со оглед на тоа дека на почетокот овој десерт бил наменет за сите, од деца до возрасни и стари.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Рецепти од мојата кујна - Тирамису торта (македонски)
- Италијанска рецепта за подготовка на Тирамису Архивирано на 10 март 2009 г. (италијански)
- Листа од рецепти за подготовка на рзлични водови Тирамису (англиски)
- Илустрирана рецепта за подготовка на Тирамису Архивирано на 6 ноември 2008 г. (англиски)
- Видео-рецепта за подготовка на Тирамису (англиски)
- Рецепта со фотографии - како да се подготви Тирамису (англиски)
- Мошне едноставна рецепта за подготовка на Тирамису Архивирано на 18 октомври 2008 г. (англиски)