Тоа (лик)
Тоа | |
---|---|
Тим Кари од минисеријата од 1990 г. (лево) и Бил Скарсгорд (десно) од 2017 г. | |
Прво појавување | Тоа (1986) |
Создавач | Стивен Кинг |
Толкува | Тим Кари Бил Скарсгорд |
Информации | |
Полно име | непознато (веројатно безимен) |
Алијас | Тоа Пенивајз Танцувачкиот кловн Кловнот |
Занимање | космички дух сериски убиец кловн (прикривање) |
Потекло | Тоа (роман) |
Тоа (англиски: It), исто така познат по своето сакано прикривање како Пенивајз, танцувачкиот кловн (англ. Pennywise the Dancing Clown) — главниот антагонист на романот „Тоа“ од Стивен Кинг, и неговите адаптации. Пенивајз ги јаде стравовите на децата, но и самите тие. Во романот, тој се појавува како моќно и древно суштество што дошло од друг свет. Се буди на секои 27 години за да ги лови децата од измислениот град Дери, Мејн, користејќи разни измами, како што е способноста да управува и да се преобразува.
Во интервју од 2013 година, Кинг рекол дека дошол до идејата за Тоа откако се запрашал што ги плаши децата „повеќе од сè на светот“.[1] Почувствувал дека одговорот е кловн, иако прво на ум му дошол трол како оној од бајката „De tre bukkene Bruse“, кој живее во канализацијата.[2][2] Се појавил двапати на киноплатното. За првпат во истоимената минисерија од 1990 година, каде што го толкувал Тим Кари, кој добил пофалби за неговата изведба.[3] Второто толкување се појавило во истоимениот филм од 2017 година, каде што го толкувал Бил Скарсгорд, исто така пофален за изведбата; Скарсгорд ја повторил својата улога во продолжението од 2019 година.[4]
Особености
[уреди | уреди извор]Тој е чудовиште што го менува обликот, неговото омилено прикривање е кловнот Пенивајз. Се појавил во празнината што ја опкружува Универзумот, позната во романот како „Макровселена“. Дошол на Земјата со метеорит откако се судрил со астероид пред милиони години, се населил под земја на која ќе биде изграден Дери. Разбуден по појавата на индиските племиња, по едногодишниот лов паднал во сон цели 27 години. Покрај човечкото месо, тој бил заситен со страв, честопати добивајќи облик на она од што најмногу се плаши неговата жртва. Претпочита деца, бидејќи нивните стравови се полесни за протолкување, а возрасните биле потешки за плашење.
Тој е способен да управува со луѓе со слаба волја, правејќи ги рамнодушни или прилагодувајќи се на улогата на соучесници. Хибернацијата започнува и завршува со ужасни настани, како што е таинственото исчезнување на 300 доселеници во градот Дери во 1740–1743 година, или избувнувањето на металуршката фабрика. Се разбудил за време на насилното невреме што го беше поплавило дел од градот во 1957 година, кога помладиот брат на Бил Денборо, Џорџи, станал првиот во низата убиства пред „Клубот на губитници“ да се бори со чудовиштето. Со помош на ритуалот, Тоа бил тешко ранет и паднал во сон, а конечно бил убиен 27 години подоцна од вториот ритуал. По неговата смрт, огромно невреме го оштетило средишниот дел на Дери.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Radford, Benjamin (2016). Bad Clowns (англиски). UNM Press. ISBN 9780826356673.
- ↑ 2,0 2,1 „StephenKing.com - IT Inspiration“. stephenking.com. Архивирано од изворникот на 25 декември 2017. Посетено на 17 октомври 2018.
- ↑ Paquette, Jenifer (2012). Respecting The Stand: A Critical Analysis of Stephen King’s Apocalyptic Novel (англиски). McFarland. ISBN 9780786491001.
- ↑ „IT: CHAPTER 2 Announces Its Release Date | Nerdist“. Nerdist (англиски). 2017. Архивирано од изворникот на 4 јули 2018. Посетено на 17 октомври 2018.
- ↑ „IT: Pennywise the Monster Clown Origin Explained“. ScreenRant (англиски). 2017-09-11. Посетено на 2021-08-25.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Тоа (лик)“ на Ризницата ? |
|