Тони Мартин (велосипедист)
Мартин на Трката околу Британија 2018 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Тони Ханс-Јоахим Мартин | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Тенк[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 23 април 1985 Котбус, Источна Германија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,86 м[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 75 кг[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Џамбо-Висма | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометри[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2004 2005 2006–2007 | Кестрицер Геролштајнер (тренинг) Тирингер Енерги Тим | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2008–2011 2012–2016 2017-2018 2019- | Тим Хај Роад Омега Парма-Квик Степ Катјуша-Алпесин Џамбо-Висма | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 23 февруари 2019 |
Тони Мартин (германски: Tony Martin; р. 23 април 1985 во Котбус) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[2]
Мартин е познат како специјалист за хронометри и е четирикратен светски првак во истата дисциплина, победувајќи во 2011, 2012, 2013 и 2016 година. Исто така, освоил сребрен медал на Летните олимписки игри во Лондон, завршувајќи како второпласиран зад Бредли Вигинс на трката.
Мартин бил во составот на три победнички екипи на Омега Парма-Квик Степ на Светското првенство во екипен хронометар, во 2012, 2013 и 2016 година. Исто така, Мартин победил на пет хронометарски етапи на големите трки; три на Тур де Франс во 2011 и 2013 и две на Вуелта а Еспања во 2011 и во 2014. Освоил и неколку етапни трки, вклучувајќи ги Енеко Тур, Париз-Ница и првите две изданија на Трката околу Пекинг во 2011 и 2012.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тони Мартин е роден во поранешната Источна Германија во Котбус. Заедно со остатокот на неговото семејство, тој побегнал од Источна Германија кратко пред падот на Берлинскиот ѕид и пропаѓањето на комунистичка Источна Европа.[3] Подоцна се вратил во источниот дел на Германија, посетувајќи спортско училиште во Ерфурт.
Кариера
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Мартин станал професионалец во 2008 година, за Тим Хај Роад и освоил 4 трки во првата година, вклучувајќи и три хронометри.
2009
[уреди | уреди извор]Во 2009, Мартин ги освоил хронометрите на Критериум Интернационал и Трка околу Баварија. Исто така, учествувала на долги етапни трки, победувајќи во планинскиот пласман на Париз-Ница и Тур де Свис, завршувајќи втор во крајниот пласман и победувајќи етапа на Тур де Свис. Мартин имал определен успех и на Тур де Франс, носејќи ја белата маичка на етапите 3-14 и освојувајќи ја наградата за борбеност по завршувањето втор на 20-та етапа. Тој го освоил бронзениот медал на Светското хронометарско првенство на крајот на сезоната.
2010
[уреди | уреди извор]Мартин постигнувал сè поголем успех во хронометрите, победувајќи ја националните првенства, како и на етапите во Трка околу Калифорнија и Тур де Свис. Мартин завршил втор на прологот и на поединечниот хронометар (етапа 19) на Тур де Франс и повторно ја носел белата маичка (етапи 1-3). По Тур де Франс, Мартин завршил прв во генералниот пласман на Енеко Тур, како и на хронометарската етапа 7 и во пласманот за млад возач. Мартин, повторно, земал бронзен медал на Светското хронометарско првенство.
2011
[уреди | уреди извор]Во 2011, Мартин победил во генералните пласмани на Волта ао Алгарве и Париз-Ница[4], освојувајќи ги хронометрите на двете трки. Исто така, завршил втор во генералниот пласман на Тур де Романди и го освоил хронометарот на Критериум ду Дофине.
Мартин ја освоил првата етапа на Гранд Тур трките со победата во индидуалниот хронометар на 20-та етапа на Тур де Франс[5]. Исто така, го освоил хронометарот (етапа 10) на Вуелта а Еспања.[6]
Во септември, Мартин го освоил златниот медал на светското хронометарско првенство во Копенхаген, Данска.[7]. Потоа, го освоил и воведниот хронометар на првото издание на Трка околу Пекинг,[8] и го одржувал водството во трката до крајот на трката, со што победил во крајниот пласман.[9][10]
По најавата дека ќе се повлече од ХТЦ-Хајроад на крајот на 2011, Мартин потпишал со екипата Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2012.[11]
2012
[уреди | уреди извор]Мартин ја започнал 2012 со втора победа во генералниот пласман на Волта ао Алгарве, завршувајќи втор зад Бредли Вигинс за помалку од секунда во последниот хронометар. Во април, Мартин останал без свест по судирот со автомобил во текот на тренирањето[12] и значајни повреди, оневозможувајќи ја неговата рана сезона. Мартин се вратил со возење на Трката околу Белгија во мај, освојувајќи го хронометарот на етапата 4 и генералниот пласман.
На Тур де Франс 2012 надежите на Мартин за освојување на воведниот пролог, биле спречени од механички проблем, кој го приморал да го смени велосипедот на патеката. Потоа, на првата етапа се здобил со фрактура на рачниот зглоб. Тој ја напуштил трката со цел да ѝ дозволи на неговата повреда да заздрави пред да настапи на хронометарот на Летните олимписки игри 2012 три недели подоцна.[13] Го освоил сребрениот медал на Олимпијадата зад Бредли Вигинс.[14]
Во септември, Мартин бил дел од екипата на Омега Парма-Квик Степ од шест луѓе, кои го освоија првиот воведен хронометар на Светските друмски првенства 2012. Три дена подоцна, успешно ја одбранил неговата титула во поединечен хронометар, победувајќи го Тејлор Фини за пет секунди и поминувајќи го Алберто Контадор на патеката.
Во октомври, Мартин заминал во Кина со цел да ја одбрани неговата титула на Трката околу Пекинг, последната трка во Светската турнеја од сезоната. Успешно ја довршил неговата мисија, искачувајќи се во генералниот пласман до врвот.[15] Добро се пласирал на сите етапи, но за победата најмногу е заслужна соло-победата на етапата 2, каде ја десеткувал групата, победил пред најблиските соперници и ја освоил првата етапа (која не била хронометар) во три години.[16]
2013
[уреди | уреди извор]Во февруари, Мартин го освоил генералниот пласман на Волта ао Алгарве. Ја заработил водечката маичка на четвртата и последна етапа, хронометар од 34,8 километри на кој доминирал. Второпласираниот Михал Квјатковски (Омега Парма-Квик Степ) завршил зад Мартин со помалку од една минута. Во генералниот пласман го победил Квјатковски и Ливе Вестра од Вакансолел-ДКМ.[17] На Тур де Франс учествувал во пад на првата етапа, поради што се здобил со повреди и потрес на мозокот.[18] Сепак, доволно се опоравил за да победи на етапата 11, поединечен хронометар.[19] Со просечна брзина од 54,271 километар на час, Мартин го извозел третиот најбрз хронометар на Тур во неговата историја.[20]
На шестата етапа на Вуелта а Еспања успеал да извози 175 километри сам во бегство, но бил достигнат во последните метри на етапата.[21][22] Оваа етапа претставувала подготовка за настапот на Светското првенство. Потоа, Мартин ѝ помогнал на својата екипа Омега Парма-Квик Степ при тесната победа над Орика-ГринЕЏ на Светското првенство во екипен хронометар, пред да ја постигне победата на трката за поединечен хронометар, каде го победил второпласираниот Вигинс за 46 секунди и дополнителни две секунди над Канчелара, кој завршил на третото место.[23]
2014
[уреди | уреди извор]На 1 мај ја освоил третата последователна победа на Трката околу Белгија и поставил нов рекорд, постигнувајќи го тоа. Девет други возачи успеале претходно да победата двапати на трката. На 13 јули 2014, Мартин ја освоил својата прва друмска етапа на Тур де Франс. Се работело за деветтата етапа, каде бил во бегство 155 километри, а последните 60 километри сам, што ги вратило сеќавањата за неговиот познат подвиг на Вуелта во 2013 година.[24] Овој пат Мартин ја освоил етапата и можел да почне со прослава некое време пред целта. Го завршил Тур со победа на поединечниот хронометар на 20. етапа со разлика од 1 минута и 39 секунди пред најблискиот соперник.[25]
2015
[уреди | уреди извор]Мартин ја имал својата прва победа во сезоната на поединечниот хронометар на Волта ао Алгарве. Втората ја остварил во мај, на завршниот хронометар на Тур де Романди, каде бил подобар од Симон Шпилак за единаесет секунди на влажните улици на Лозана.[26] На крајот на јуни успешно ја одбранил титулата на националното хронометарско првенство.[27]
На Тур де Франс 2015, Мартин завршил втор зад Роан Денис (Ванти-Груп Гобер) на воведниот хронометар во Утрехт. Мартин се спремил да ја преземе жолтата маичка на втората етапа, кога Денис отпаднал по цепкањето на главната група од накрсните ветришта, но Фабијан Канчелара го претекнал колегата на Мартин, Марк Кевендиш, за трето место на етапата и го презел првото место од Мартин поради временските бонуси. На третата етапа, Канчелара бил вклучен во голем пад и загубил време, но Мартин повторно пропуштил да ја преземе жолтата маичка, откако Крис Фрум (Тим Скај) стигнал втор на завршницата на Мур де Хуј и го презел водството за една секунда пред Мартин поради временскиот бонус. На 7 јули 2015 година, Мартин ја освоил четвртата етапа по краткото бегство на 3 километри пред целта, освојувајќи ја жолтата маичка по првпат во неговата кариера. Возел на велосипед позајмен од колегата Матео Трентин, имајќи механички проблеми порано на етапата, која вклучувала калдрма на растојание од 13 километри.[28] На шестата етапа, Мартин паднал во завршниот километар, додека бил во жолто и морал да го напушти Тур поради скршена клучна коска.[29]
Еден месец подоцна, Мартин се вратил на трките во свој стил. Иако не победи на поединечниот хронометар на четвртата етапа, стекнал време пред другите соперници и на крајот победил на Тур ди Поату-Шарант.[30] Ова било прва етапна победа за Мартин во сезоната. Меѓутоа го пропуштил златото втора година по ред на Светското првенство, со Етикс-Квик Степ завршил втор поразени од Ванти-Груп Гобер за 11 секунди на екипниот хронометар[31] и Мартин се борел за седмото место на поединечниот хронометар — негов најлош резултат на настанот откако завршил на истото место во 2008 година.[32]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2003
- 1. Национално хронометриско првенство за под 19 години
- 2004
- 1. Државно првенство - екипна потера
- 2005
- Џиро деле Регионе за под 23 години
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 4 Реџо-Тур
- 2006
- 1. Национално хронометриско првенство за под 23 години
- 1. Краен пласман Трка околу Тирингија за под 23 години
- 2007
- 1. Краен пласман Рас Тајлтин
- 1. Копа Сита ди Асти
- 1. Етапа 3 Трка околу Ардените
- 2. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 2008
- 1. Хел ван хет Мергеланд
- 1. Етапа 3б (ITT) Тур де л’Ен
- 1. Етапа 8 (ITT) Трка околу Германија
- 1. Пролог Стер Електротур
- 3. Краен пласман Трка околу Саксонија
- 2009
- 1. Планински пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 3 (ITT) Критериум Дофине-Либере
- 1. Етапа 4 (ITT) Трка околу Баварија
- 2. Краен пласман Трка околу Швајцарија
- 3. Хронометар Светско првенство UCI
- 8. Краен пласман Тур де Романди
- Ја носел белата маичка на етапите 3–14 Тур де Франс
- Награда за борбеност Етапа 20 Тур де Франс
- 2010
- 1. Национален првак во хронометар
- 1. Краен пласман Енеко Тур
- 1. Етапа 7 (ITT) Трка околу Калифорнија
- 3. Светско хронометарско првенство UCI
- 6. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 9 (ITT)
- 2. Пролог Етапа 19 Тур де Франс
- Ја носел белата маичка на етапите 1–3 на Тур де Франс.
- 2011
- 1. Светски хронометарски првак
- 1. Етапа 20 (ITT) Тур де Франс
- 1. Етапа 10 (ITT) Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 3 (ITT) Критериум ду Дофине
- 1. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 5 (ITT)
- 1. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 6 (ITT)
- 1. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Етапа 6 (ITT) Трка околу Баскија
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Хроно на народите
- 2012
- 1. Светски хронометарски првак
- 1. Светски екипен хронометарски првак
- 1. Национален хронометарски првак
- 1. Краен пласман Трка околу Белгија
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 1. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 1. Етапа 2
- 1. Хроно на народите
- 2. Олимписки хронометар
- 2. Краен пласман Волта ал Алгарве
- 5. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2013
- 1. Светско хронометарско првенство
- 1. Светско првенство во екипен хронометар
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 1. Краен пласман Трка околу Белгија
- 1. Етапа 3 (ITT)
- 1. Хроно де Насионс
- Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 7 (ITT)
- 1. Етапа 6 (ITT) Трка околу Баскија
- 1. Етапа 5 (ITT) Тур де Романди
- 1. Етапа 4 (ITT) Критериум ду Дофине
- 1. Етапа 11 (ITТ) Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапа 6 Вуелта а Еспања
- 6. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 8. Трофео Сера де Трамунтана
- 2014
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Трка околу Белгија
- 1. Етапа 3 (ITT)
- Трка околу Баскија
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 6 (ITT)
- Тур де Франс
- 1. Етапа 9
- 1. Етапа 20 (ITT)
- Награда за борбеност на етапа 9 и 10
- Вуелта а Еспања
- 2. Светско хронометарско првенство
- 3. Светско првенство во екипен хронометар
- 4. Краен пласман Дубаи Тур
- 4. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Етапа 7 (ITT)
- 2015
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
- 1. Етапа 3 (ITT) Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 6 (ITT) Тур де Романди
- 1. Етапа 4 Тур де Франс
- 2. Светско првенство во екипен хронометар
- 2016
- 1. Светско хронометарско првенство
- 1. Светско првенство во екипен хронометар
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 7а (ITT) Трка околу Британија
- 4. Краен пласман Три дена Де Пане
- Награда за борбеност на етапа 16 на Тур де Франс
- 2017
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 2 Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 3. Краен пласман Трка околу Белгија
- 8. Краен пласман Трка околу Британија
- 9. Светско хронометарско првенство
- 2018
- 1. Национално хронометарско првенство
- 7. Светско хронометарско првенство
Распоред на резултатите
[уреди | уреди извор]Распоред на резултатите на големите трки | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
Џиро | 128 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 110 |
Тур | — | 35 | 137 | 44 | СО | 106 | 47 | СО | СО | 101 | СО |
Вуелта | — | — | — | СО | СО | СО | СО | — | — | — | — |
Распоред на резултатите на етапните трки | |||||||||||
Етапна трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
Париз-Ница | — | 85 | СО | 1 | 62 | — | — | 38 | — | 93 | — |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — | — | 29 | 75 | — | 117 | — | 47 |
Волта а Каталуња | — | — | 92 | — | — | — | — | — | — | — | — |
Трка околу Баскија | — | — | — | 107 | 5 | 60 | 30 | 32 | — | — | — |
Тур де Романди | 94 | 8 | — | 2 | — | 11 | 83 | 30 | — | — | — |
Критериум ди Дофине | 98 | — | — | 37 | 23 | СО | — | СО | 65 | 90 | — |
Тур де Свис | — | 2 | 6 | — | — | — | 4 | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Распоред на првенствата
[уреди | уреди извор]Настан | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Олимписки игри | Хронометар | — | не се одржала | 2 | не се одржала | 12 | не се одржала | ||||
Друмска трка | — | СО | СО | ||||||||
Светски првенства | Хронометар | 7 | 3 | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 7 | 1 | 9 |
Друмска трка | — | СО | СО | 166 | — | — | СО | 88 | СО | ||
Екипен хронометар[б 1] | не се одржала | 1 | 1 | 3 | 2 | 1 | 9 | ||||
Национални првенства | Хронометар | 3 | 2 | 1 | 2 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 | 1 |
Друмска трка | 14 | — | 4 | 68 | — | 39 | 50 | — | 124 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Награди
[уреди | уреди извор]- Германски велосипедист на годината: 2009, 2011, 2016
- Спортист на годината во Тирингија: 2012
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Од 2012 до 2016 година, Мартин бил дел од составот на екипата Омега Парма-Квик Степ/Етикс-Квик Степ. Во 2017 година бил дел од составот на екипата Катјуша-Алпесин.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Тони Мартин“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. Архивирано од изворникот на 2014-01-20. Посетено на 3 јануари 2014.
- ↑ „Cheery Christmas for ambitious Team Jumbo-Visma“. Џамбо-Висма. Team Oranje Road BV. 21 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-13. Посетено на 4 јануари 2019.
- ↑ „Тур де Франс 2011 Живо“, Канал 4 ТВ, 23 јули 22011
- ↑ Cycling. „Париз-Ница 2011: Тони Мартин ја освои трката на сонцето додека Тома Веклер победи на втората етапа на Кот д'Азур“. Telegraph. Посетено на 5 јануари 2012.
- ↑ „Тони Мартин победи на етапата 20, хронометар, додека Кедел Еванс го одржа водството на Тур де Франс 2011“. Velonews.competitor.com. 27 јули 2011. Архивирано од изворникот на 2011-09-01. Посетено на 5 јануари 2012.
- ↑ „Тони Мартин победи на етапата 10 на Вуелта, Фрум во црвено“. Bicycling.com. 29 август 2011. Архивирано од изворникот на 2011-12-14. Посетено на 5 јануари 2012.
- ↑ Вилијамс, Оли (21 септември 2011). „BBC Sport - World Road Cycling: Bradley Wiggins wins time trial silver“. BBC News. Посетено на 5 јануари 2012.
- ↑ „AFP: Time-trial world champ Martin wins Beijing first stage“. Google.com. 5 октомври 2011. Посетено на 5 јануари 2012.[мртва врска]
- ↑ „Мартин е првак на првата Трка околу Пекинг“. Cycling News. 9 октомври 2011. Посетено на 12 октомври 2011.
- ↑ „Мартин го освоил првото издание на Трката околу Пекунг“. The Times of India.
- ↑ Аткинс, Бен (19 септември 2011). „Фабијан Канчелара се обложува на Тони Мартин и Берт Грабш за златото на хронометарот“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 5 јануари 2012.
- ↑ http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/9200721/World-time-trial-champion-Tony-Martin-loses-consciousness-after-colliding-with-car-during-training.html
- ↑ „Тони Мартин се откажал од Тур де Франс со цел да се подготви за Лондон 2012“. BBC Sport. BBC. 10 јули 2012. Посетено на 2 август 2012.
- ↑ Вин, Најџел (1 август 2012). „Вигинс го освоил златото во машкиот хронометар, бронза за Фрум“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 1 август 2012.
- ↑ Вин, Најџел (13 октомври 2012). „Камингс ја освои последната етапа на Трката околу Пекинг додека Мартин целата трка“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 13 октомври 2012.
- ↑ Stokes, Shane (10 октомври 2012). „Tony Martin seizes Tour of Beijing lead with first road race stage win in three years“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 10 октомври 2012.
- ↑ Шејн Стоукс (17 февруари 2013). „Мартин ја повтори победата на хронометарот од 2011 и победи на Волта ао Алгарве“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 17 февруари 2013.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/crash-in-tour-de-france-opener-leaves-martin-battered-once-again
- ↑ http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-11/results
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот 2013-07-11. Посетено на 2013-07-11.
- ↑ „Вуелта а Еспања 2013: Тони Мартин победен во последните 20 метри“. Посетено на 7 септември 2013.
- ↑ „Tony Martin agonisingly close to solo Vuelta stage win“. Посетено на 7 септември 2013.
- ↑ „Tony Martin wins world time trial title as Bradley Wiggins pips Fabian Cancellara to silver“. Посетено на 25 септември 2013.
- ↑ Бери Рајан (13 јули 2014). „Тур де Франс: Тони Мартин победи во Милуз“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 26 јули 2014.
- ↑ Стивен Фаранд (26 јули 2014). „Тони Мартин победи на хронометарот на Тур де Франс“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 26 јули 2014.
- ↑ Садб О’Ши (3 мај 2015). „Закарин победи на Тур де Романди“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 мај 2015.
- ↑ Вестемајер, Сузан (26 јуни 2015). „Tony Martin crushes German time trial championships“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 27 јуни 2015.
- ↑ Мекмајкл, Сајмон (7 јули 2015). „Тур де Франс, етапа 4: Тони Мартин конечно нападна за да дојде до жолто“. RoadCC. Farrelly Atkinson Ltd. Посетено на 7 јули 2015.
- ↑ „Мартин го напушта Тур поради скршена клучна коска“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 9 јули 2015. Посетено на 9 јули 2015.
- ↑ „Тур ди Поату-Шарант: Тони Мартин победи во генералниот пласман“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 28 август 2015. Посетено на 28 август 2015.
- ↑ „BMC repeat as team time trial World Champions“. cyclingnews.com. 20 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2016-04-21. Посетено на 2 април 2016.
- ↑ Бенсон, Даниел (24 септември 2015). „Tony Martin left with no answers after Worlds time trial disappointment“. cyclingnews.com. Посетено на 2 април 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Тони Мартин“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Тони Мартин“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Тони Мартин“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Тони Мартин“. ProCycling.
- Тони Мартин (велосипедист) на Trap-Friis.dk
- Достигнувања на cyclingbase.com Архивирано на 30 септември 2011 г. (француски)
|
- Родени во 1985 година
- Луѓе од Котбус
- Германски велосипедисти
- Етапни победници на Тур де Свис
- Германски етапни победници на Тур де Франс
- Германски етапни победници на Вуелта а Еспања
- Светски прваци во велосипедизам
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016
- Олимписки велосипедисти на Германија
- Олимписки сребрени медалисти за Германија
- Олимписки медалисти во велосипедизам