Прејди на содржината

Тријажа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Надворешна тријажа пред шведска болница за време на COVID-19 пандемија насочена кон избегнување на ширење на инфекцијата кај пациенти со други болести.

Во медицината под поимот тријажа се подразбира распоредување и групирање на болните или ранетите во групи според природата на болеста и раните, како и според обликот и итноста на медицинската помош што треба да им се укаже. Самиот збор потекнува од фр. triage што значи одбирање. При влезовите на болниците постои приемно-ургентно одделение каде се врши ваква служба која претставува филтер за селекција на продорот на пациенти.