Узо
Узо (грчки: ούζο) — пијалак со вкус на анис, и како аперитив се пие во Грција и Кипар.
Историја
[уреди | уреди извор]Узото влече корени од друг пијалак, ципуро, за кое се смета дека е дело на група монаси од XIV век, од Света Гора. Една верзија од ципуро била зачинета со анис. Таа верзија на ципуро подоцна го добива името узо.[1]
Модерната дестилација на узото голема мера започнува во почетокот на XIX век, по грчката независност. Првата дестилерија за узо е основана во Трново во 1856 година од страна на Николаос Кацарос, од каде што произлегол познатиот бренд за узо „Тирнаву“ (грчки: Tyrnavou). На почетокот на XX век, узо бил еден од пијалаците, чија популарност се зголемила на сметка на абсинтот со тоа пополнувајќи го местото на абсинтот; што било причина порано да се викало „замена за абсинт без пелин“.[2] Во 1932 година, производителите на узо развиле метод на дестилација со користење на бакарни казани којшто и денес е стандарден метод во производство на узо.
Узо традиционално се меша со вода, станувајќи облачно бела, понекогаш со слабо сина нијанса, и се служи со коцки мраз во мала чаша. Узото исто така, може да се пие директно од мали стаклени чаши т.н. „шотс“ (англиски: shots).
Узо традиционално се служи во прилог составен од различни предјадења наречени мезе, обично тоа се мали свежи риби, пржени компири, маслинки и фета сирење.
На 25 октомври 2006 година, Грција го добила правото да го обележи узото како исклучиво грчки производ.[3] Европската унија го признава узото, како и грчките пијалаци „ципуро“ и „цикудија“, како производи со заштитена ознака за потекло, со кој се забранува европските производители освен Грција и Кипар да го употребуваат името.
Во Плумари, Лезбос има музеј за узо.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Магазин Епикурија, Пролет/Лето 2007
- ↑ Енциклопедија Британика: Микропедија статија за „узо“.
- ↑ „Greeks toast EU's ruling on ouzo“. Theage.com.au. 2006-10-25. Посетено на 2011-10-14.
- ↑ http://theworldofouzo.gr/en/ouzo-plomari/ouzo-museum.php
„Узо“ на Ризницата ? |