Улема
Улема (арапски: علماء) - израз за експерт во религијата. Поимот ги опфаќа и имамите на значајните џамии, судиите (кадиите), професорите на верските училишта (медреси) и верските достоинственици. Кај сунитите ги означува признатите, авторитативни лица во теологијата.
Во минатото улемите го озаконувале стапувањето на власт на калифите и владетелите. Духовната функција на калифот било извршување на шеријатот, во кој никој не смеел да воведува нови догми (како што тоа го правел папата), а улемите го толкувале без менување. Во Османлиското Царство, советот на улемите завлегувал во развојот на општеството и државата (до Младотурската револуција).
Денес, улемите главно се советници во религиските министерства, а нивното мислење понекогаш има значење на пресуда или цензура.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|