Прејди на содржината

ФК Торонто

Од Википедија — слободната енциклопедија
Торонто
Целосно имеФК Торонто
Држава Канада
Прекар Црвените
Основан2005
Бои         црвена и бела
СтадионБМО Филд
Торонто, Канада
Капацитет30,991[1]
СопственикМејпл Лиф Спортс и Ентертејнмент
ТренерСАД Грег Вани
ЛигаМЛС
2018Источна конференција: 9-ти
Вкупно: 19-ти
Плејоф: Не се квалификувале
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона

ФК Торонто е кандски професионален фудбалски клуб од градот Торонто, Онтарио. Во моментов се натпреварува во Мејџор сокер лигата (МЛС), односно во нејзината источна конференција.

Клубот е основан на 11 мај 2006 со помош на моменталниот сопственик на клубот, компанијата Мејпл Лиф Спортс и Ентертејнмент, која исто така во своја сопственост држи и хокеарскиот клуб Торонто Мејпл Лифс и кошаркарскиот Торонто Репторс. Во 2007 година Торонто станал првиот канадски клуб во МЛС (американска лига во фудбал) и оттогаш учествувал во девет сезони, а најголемиот успех го постигнале во сезоната 2015 кога за првпат во историјата се пласирале во плејофот меѓутоа биле елиминирани во првата нокаут рунда од друг канадски клуб Монтреал Импакт. Во 2009 година Торонто за првпат го освоиле канадското првенство, а потоа истиот успех го повториле и следните три сезони (2010, 2011, 2012).

Својте домашни натпревари ФК Торонто ги игра на стадионот БМО Филд. Клубот настапува во црвени дресови и црвени шорцеви.

Историја

[уреди | уреди извор]

ФК Торонто е основан од компанијата Мејпл Лиф Спортс и Ентертејнмент во 2006 година, кога и официјално било објавено името на клубот по добиените резултати од гласањето на навивачите преку слободна интернет анкета.

Својот прв натпревар во МЛС ФК Торонто го одиграл на 7 април 2007, кога биле поразени со 2-0 во Лос Анџелес од Чивас САД. Во првата сезона под водство на шкотскиот тренер Мо Џонстон, тимот завршил на седмото место во Источната конференција и не се квалификувал за плејофот).

Хронологија

[уреди | уреди извор]

Сезона по сезона

[уреди | уреди извор]
Сезона Регуларен дел од сезоната Плејоф Канадско првенство КОНКАКАФ Лига на шампиони
2007 7º Исток; 13º Вкупно (6–17–7)[2] Не се квалификувале N/A N/A
2008 7º Исток; 12º Вкупно 9–13–8)[3] Не се квалификувале Вицешампиони Не се квалификувале
2009 5º Исток; 12º Вкупно (10–11–9)[4] Не се квалификувале Шампиони Преелиминарна рунда
2010 5º Исток; 11º Вкупно (9–13–8)[5] Не се квалификувале Шампиони Фаза по групи
2011 8º Исток; 16º Вкупно (6–13–15)[6] Не се квалификувале Шампиони Полуфинале
2012 10º Исток; 19º Вкупно (5–21–8)[7] Не се квалификувале Шампиони Фаза по групи
2013 9º Исток; 17º Вкупно (6–17–11)[8] Не се квалификувале Полуфинале Не се квалификувале
2014 7º Исток; 13º Вкупно (11–15–8)[9] Не се квалификувале Вицешампиони Не се квалификувале
2015 6º Исток; 12º Вкупно (15–15–4)[10] Нокаут рунда Полуфинале Не се квалификувале

Моментален состав

[уреди | уреди извор]
Бр. Позиција Играч
1 САД ГМ Клинт Ирвин
2 САД ОД Џастин Мороу
3 САД ОД Дру Мур
4 САД СР Мајкл Бредли
5 Канада ОД Ештон Морган
6 САД ОД Ник Хаглунд
7 Канада СР Вил Џонсон
8 Франција СР Беноа Шејру
9 Јапонија НП Тсубаса Ендо
10 Италија НП Себастијан Џовинко
11 Канада НП Молам Бабули
14 Канада СР Џеј Чапман
15 САД ОД Ерик Савалета
Бр. Позиција Играч
17 САД НП Џози Алтидор
18 САД СР Марко Делгадо
19 САД СР Даниел Ловиц
20 Канада СР Крис Манела
21 Канада СР Џонатан Осорио
22 Канада НП Џордан Хамилтон
23 САД ОД Џош Вилијамс
24 Полска ОД Дамијен Перки
25 Полска ГМ Алекс Боно
28 САД ОД Марк Блум
33 Иран ОД Стивен Беиташур
38 Франција ОД Клеман Симонин
40 Канада ГМ Килиан Робертс

Играчи со најмногу настапи

[уреди | уреди извор]

Лига, МЛС куп, Канадско првенство и КОНКАКАФ Лига на шампиони

# Име Земја Кариера МЛС МЛС куп КП КЛШ Вкупно
1 Ештон Морган  Канада 2011– 89 0 9 17 115
2 Стефан Фреи  Швајцарија 2009–13 82 0 11 6 99
3 Двејн Де Росарио  Канада 2009–11, 14 76 0 12 10 98
4= Џим Бренан  Канада 2007–10 84 0 7 2 93
4= Џулиан Де Гусман  Канада 2009–12 65 0 10 18 93
4= Донел Хенри  Канада 2010–14 70 0 12 11 93
7= Џонатан Осорио  Канада 2013– 85 1 6 0 92
7= Ричард Екерсли  Англија 2011–13 72 0 7 13 92
9 Карл Робинсон  Велс 2007–10 74 0 8 2 84
10 Чад Берет  САД 2008–10 65 0 7 6 78

Со болд се означени играчите кој сѐ уште играат за клубот.

Играчи со најмногу голови

[уреди | уреди извор]
Себастијан Џовинко, најдобриот стрелец во историјата на ФК Торонто, со 83 гола во сите натпреварувања.

МЛС, МЛС куп, Канадско првенство и КОНКАКАФ Лига на шампиони

# Име Земја Кариера Лига Плејоф КП КЛШ Вкупно
1 Себастијан Џовинко  Италија 2015–2018
68
5
6
4
83
2 Џози Алтидор  САД 2015–
45
7
5
3
60
3 Џонатан Осорио  Канада 2013-
24
2
5
4
35
4 Двејн Де Росарио  Канада 2009–11, 2014
28
0
4
1
33
5 Чад Берет  САД 2008–2010
16
0
3
2
21
6 Дани Куверманс  Холандија 2011–2013
17
0
0
2
19
7 Рајан Џонсон  Јамајка 2011–2012
10
0
2
6
18
Виктор Васкес  Шпанија 2017–2018
16
2
0
0
18
9 Џастин Мороу  САД 2013-
16
0
0
0
16
Тосејнт Рикетс  Канада 2016–2018
13
2
1
0
16

Со болд се означени играчите кој сѐ уште играат за клубот.

Тренерска историја

[уреди | уреди извор]
Обновено на 6 март 2016
Тренер Нација Од До Успешност1
G W L T Win %
Мо Џонстон  Шкотска 22 август 2006 1 февруари 2008 &1000000000000003000000030 &100000000000000060000006 &1000000000000001700000017 &100000000000000070000007 &1000000000000200000000020,00
Џон Карвер  Англија 1 февруари 2008 25 април 2009 &1000000000000003600000036 &1000000000000001100000011 &1000000000000001500000015 &1000000000000001000000010 &1000000000000305600000030,56
Крис Каминс (вршител на должност)  Англија 29 април 2009 24 октомври 2009 &1000000000000003100000031 &1000000000000001200000012 &1000000000000001100000011 &100000000000000080000008 &1000000000000387100000038,71
Преки  САД 19 ноември 2009 14 септември 2010 &1000000000000003200000032 &1000000000000001100000011 &1000000000000001100000011 &1000000000000001000000010 &1000000000000343800000034,38
Ник Дасовиќ (вршител на должност)  Канада 14 септември 2010 6 јануари 2011 &1000000000000001000000010 &100000000000000030000003 &100000000000000040000004 &100000000000000030000003 &1000000000000300000000030,00
Арон Винтер  Холандија 6 јануари 2011 7 јуни 2012 &1000000000000006400000064 &1000000000000001800000018 &1000000000000002500000025 &1000000000000002100000021 &1000000000000281300000028,13
Пол Маринер  Англија 7 јуни 2012 7 јануари 2013 &1000000000000002800000028 &100000000000000060000006 &1000000000000001400000014 &100000000000000080000008 &1000000000000214300000021,43
Рајан Нелсен  Нов Зеланд 7 јануари 2013 31 август 2014 &1000000000000006400000064 &1000000000000001700000017 &1000000000000002900000029 &1000000000000001800000018 &1000000000000265600000026,56
Грег Вани  САД 31 август 2014 денес &1000000000000004700000047 &1000000000000001900000019 &1000000000000002200000022 &100000000000000060000006 &1000000000000404300000040,43
  • 1.^ Вклучени се сите натпреварувања.
2009, 2010, 2011, 2012.
2011, 2014
  1. „Toronto: BMO Field ready for re-opening“. stadiumdb.com. Посетено на November 9, 2015.
  2. „Standings 2007“. Major League Soccer. Посетено на November 18, 2014.
  3. „Standings 2008“. Major League Soccer. Посетено на November 18, 2014.
  4. „Standings 2009“. Major League Soccer. Посетено на November 18, 2014.
  5. „Standings 2010“. Major League Soccer. Посетено на November 18, 2014.
  6. „Standings 2011“. Major League Soccer. Посетено на November 18, 2014.
  7. „Standings 2012“. Major League Soccer. Посетено на November 18, 2014.
  8. „Standings 2013“. Major League Soccer. Посетено на November 18, 2014.
  9. „Standings 2014“. Major League Soccer. Посетено на November 18, 2014.
  10. „Standings 2015“. Major League Soccer. Посетено на October 26, 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]