Прејди на содржината

Хаус-музика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хаус музиката е стил на електронска музика која потекнува од Чикаго, Илиноис, САД во почетокот на 1980-тите години. Првпат стекна популарност во средината на 1980-тите години во дискотеките, и беше наменет за Афро-Американците, Латиноамериканците и геј заедниците; најпрвин во Чикаго, а потоа се рашири и во другите американски градови како Детроит, Њујорк, Лос Анџелес и Мајами. Се распространи и низ Европа, пред да се слее со поп и денс музиката во светот, од почетокот до средината на 1990-тите години.

Хаус музиката е под силно влијание на елементи на соул и фанк музика, стилови во состав на диско музиката. Хаус музиката генерално содржи ударни диско инструменти, особено карактеристичен и истакнат е басот на секој бит, но може да се одликува и со истакната сентисајзер бас-линија, електронски тапани, електронски ефекти, фанк и поп семплови, и вокали.

Музички елементи

[уреди | уреди извор]

Хаус музиката е музика со брзо темпо за диско танцување, иако е по модерен стандард на денс-музика, темпото е на средината и генерално се движи меѓу 118 и 135 БВС (Битови во секунда). Темпото во раните години на хаус музиката било побавно.

Значаен елемент на хаус музиката е истакнатиот удар на тапан на секој бит (исто така познат како четири-на-четири бит), најчесто создаден од тапан или семплер. Ритамот на тапанот е надополнет со хај-хет видови на кимвал , кои речиси секогаш вклучуваат посебен вид на осумтактен бит помеѓу секој удар, и барабан или некој лесен звук на двотактно или четиритактно отчукување од секоја лента. Овој модел доаѓа од таканаречениот "четири-на-четири" удар на тапан од 1960-тите, а посебно од диско тапанарите во 1970 година. Продуцентите најчесто создаваат нови видови на семплови со звуци на тапан, со цел да добијат посложени звуци, кои ќе служат за миксови на големи звучни системи во клубовите, ставајќи акцент на долниот среден опсег на честоти каде што се наогаат основните честоти на човечкиот глас и другите инструменти, најчесто бас и барабан.

Производителите користат многу разни звуци на бас во хаус музиката, од постојани повторувачки електронски создадени линии, секвенционирани на синтисајзер, како што е Роланд СХ-101 или ТБ-303, до студиски снимки или семплови направени од басисти на електрична гитара во живо, или едноставно филтрирани примероци од сите стерео снимки од траки од класичен фанк или какви било други песни. Бас-линиите на хаус музиката имаат за цел да ги сочуваат нотите кои се во рамките на една-октава, додека диско бас-линиите често се балансирани ноти, одвоени со октава со што ќе добие поголемо растојание мегу нив. Некои рани хаус продукции користат делови на бас линии од претходните диско песни. На пример, продуцентот Марк Тролан (Mark Trollan) со траката "Hot Rod", копирал делови на бас-линија од итало диско песна од 1983 година со наслов "Feels Good (Carrots & Beets)" (од Електра и Тара Батлер)за да ја формира основата на неговото издание на "Your Love" од Џејми Принципл (Jamie Preinciple). Френки Кнаклс (Frankie Knuckles)ги користи истите ноти во неговата попозната верзија на "Your Love", од 1987 година, која исто така содржи вокал.

Електронски добиените звуци и семплови на снимки од жанрови како што се џез, блуз, диско, фанк, соул и синт поп се ногаат често на основата, со додаден удар на тапан и бас линија на синтисајзер. Хаус траките, исто така може да вклучуваат елементи на диско, соул-стил, или госпел вокали и дополнителни инструменти како дајре.Многу хаус миксови, исто така, вклучуваат повторувачки, кратки, синкопирани стакато акордни семплови, кои се повторуваат и се обично составени од 5-7 акорди во 4-битен такт. Техното и трансот, кои се развија заедно со хаус музиката, ја имаат оваа основна структура на битот, но тие обично ја избегнуваат хаус музиката која има елементи на реални звуци,како и музиката на Црнците и Латиноамериканската музика,како би добиле повештачки извори на звук.

Историја

[уреди | уреди извор]
ноќен клуб "Парадајс" во ЊуЈорк

Хаус музиката е потомок на диско музиката, која спои звуци на соул, Р'н'Б, фанк, со славенички пораки за диско танц, љубов и сексуалност, сета дополнета со повторувачки и стабилен бит на бас ритам. Некои диско песни вклучуваат звуци произведени од синтисајзери и тапани, а некои композиции целосен електронски звук; примери имаме кај Џорџо Мородер(Giorgio Moroder) од доцните продукции во 1970 година како хит синглот на Дона Самер (Donna Summer),"I Feel Love" од 1977 година, и неколку од раните 1980-ти диско-поп-продукции од страна на Хај-Енерџи(Hi-NRG) за групата Лејм.

Хаус музиката, исто така, порано беше под влијание на мешање и уредување техники од страна на диско диџеи, продуценти и аудио инженери како Валтер Гибонс (Walter Gibbons), Том Милтон (Tom Moulton), Џим Барџис (Jim Burgess), Лери Леван (Larry Levan), Рон Харди (Ron Hardy), М & М и други кои создаваат ваков вид на музика подолго време со уредување на постоечките диско траки.Раните хаус продуценти како Френки Кнаклс (Frankie Knuckles)создадоа слични композиции од нула со користење на синтисајзери, секвенсери и други апарати за правење на ритам.

Хипнотичката електронската трака "On and On", издадена во 1984 година од страна на диџеј Џеси Сандерс (Jesse Saunders) од Чикаго и напишана од Винс Лоренс (Vince Lawrence), содржела елементи кои беа главна причина за почетокот на хаус звуците, како на пример 303 синтисајзер и минимал вокалите. Таа понекогаш е цитирана како 'првата издадена трака', иако имало и други примери од истиот временски период, како што е "Music is the Key" на Ј.М Силк (J.M. Silk) во 1985 година.

Потекло на терминот

[уреди | уреди извор]

Терминот "хаус музика" можеби има свое потекло од ноќен клуб во Чикаго наречен Верхаус (The Warehouse) кој постоел од 1977 до 1982 година. Верхаус најпрво беше под покровителство на геј црни и латино мажи, кои доаѓаа да танцуваат на диско музиката која ја пушташе резидент диџеј на клубот, Френки Кнаклс(Frankie Knuckles). Во документарецот на Канал 4 , Pump Up The Volume, Кнаклс првпат го слушна зборот "хаус музика",кога виде натпис "ние пуштаме хаус музика" на еден знак на прозорец од еден бар на јужната страна на Чикаго. Еднаш ден луѓето кои се возеа во автомобил со него се пошегува на тоа велејќи, "Знаеш, тоа е вид на музика која ти ја пушташ во Верхаус!", а потоа и сите се смееja. Леонард, диџеј од Јужен Чикаго , во своите објавени извештаи, тврди дека тој ставил таков знак на прозорецот оти тоа му било местото каде што пуштал музика која би можела да се најде во некој дом, во неговиот случај се однесува на соул и диско траките на мајка му со кои тој работел во своите сетови. Ферли Џекмастер Фанк беше цитиран како вели "Во 1982 година, настапував како диџеј во клубот наречен Плејграунд (The Playground) и таму беше ова дете по име Леонард кој беше диџеј на еден сопернички клуб наречен Ринк (The Rink). Тој дојде една ноќ во мојот клуб, и во диџеј кабината ми рече, 'Имам трик со кој ќе ги преземам сите луѓе од вашиот клуб во мојот, а се вика хаус музика. Сега, од каде го доби тоа име, или што направи да мисли така не знам, одговорот лежи во него.

Траката на Чип Е. од 1985 година "It's House", исто така, можеби помогнала во дефинирањето оваа нова форма на електронска музика. Сепак, самиот Чип Е. влева доверба во здружението на Кнаклс, тврдејќи дека името потекнува од методите на продавање плочи во Импортс (продавница за плочи), каде што работел во раните 1980-ти години: каде имало плочи со музика што диџеј Кнаклс ја пуштал во ноќниот клуб Верхаус, а биле потпишани како "Како што е слушнато во Верхаус", што подоцна беше скратено едноставно на "хаус". Луѓето подоцна бараа нова музика која се пушташе во клубот, која ја набавуваше Чип Е., за да дојде до поновите локални клупски хитови.

Лари Херд (Larry Heard), познат како "М-р Фингрс", тврди дека терминот хаус е одраз на фактот дека многу рано диџеите создале музика во своите домови, со користење на синтисајзери и ритам машини, вклучувајќи го и Роланд ТР-808, ТР-909ТБ 303. Овие синтисајзери биле користени да се создаде еден подвид на хаус музиката наречен есид хаус (Acid House).

Хуан Еткинс (Juan Atkins) е основоположник на техно музиката од Детроит и тврди дека терминот "хаус" се одсликува исклучиво на одредени траки од посебни диџеи; тие траки биле нивните "хаус" изданија (многу слично на ресторан кој може да има "хаус" прелив за салата)

Звукот на Детроит : раните и доцните 1980-ти години

[уреди | уреди извор]

Детроит техно музиката беше развиена во средината на 1980-тите години, иако е посебна музичка форма од свој жанр. Воглавно е инструментална музика која ја следеше хаус музиката на меѓународно ниво. Двете форми на овој вид на музика се развија заедно од 1985 до 1990 година и сè уште се жанрови, кои често се совпаѓаат.

Детроит техно музиката се разви откако легендарниот диџеј Моџо спроведе своја радио програма во тоа време, влијаејќи на слевање на еклектрични звуци во Детроит техно звукот. Овој звук, во голема мера е под влијание на Европската Електроника (Крафтверк), раните Би-Бој Хип-Хоп (Мен Периш, Соул Соник Форс) и Итало Диско, кои беа дополнително предводени од Хуан Еткинс (Juan Atkins), Дерик Меј (Derrick May) и Кевин Саундерсон (Kevin Saunderson), "предводниците" на Детроит техно музиката.

Дерик Меј познат како "Мејдеј" (Mayday) и Томас Барнет (Thomas Barnett)го издадоа синглот "Nude Photo" во 1987 година за издавачката куќа "Трансмит Рекордс" (Transmit Records), кој помогна во интерактивното воведување на Детроит музичката сцена, и доста се вртеше на радио шоуто диџеј микс ,'Хот Чикаго Микс 5' и во многу клубови во Чикаго. Една година подоцна, издавањето што требаше да стане едно од класичните химни на техно и хаус музиката, траката "Strings of Life", на издавачката куќа Трансмит Рекордс (Transmat Records), која имаше многу успешни изданија како што е "Виџин" (Wiggin) во 1988 година. Исто така, Дерик Меј имаше успешни изданија за Кул Кат Рекордс (Kool Kat Records) и многу ремикси со што се сметаше за предводник на андерграунд и мејнстрим музиката.

Компанијата на Кевин Саундерсон , КМС рекордс , издаде многу траки кои беа средина меѓу хаус и техно музиката , Овие траки беа добро примени во Чикаго и беа пуштани на радиата и по ноќните клубови.Во 1988 година, хаус музиката стануваше сè попопуларна меѓу општата публика, групата на Кевин Саундерсон ,Инер Сити (Inner City)заедно со Парис Греј во 1988 година ги издадоа траките "Биг Фан" (Big Fun) и "Гуд Лајф (Good Life)", за музичката киќа Вирџин рекордс (Virgin Records). Во 1989 година, КМС имаше уште едно хит издание на "Rock to the Beat" кое беше доста вртено во ноќните клубови во Чикаго.

Велика Британија: во средината на 1980-тите и раните 1990-ти години

[уреди | уреди извор]

Хаус музиката веќе беше масовна во 80-тите години на денс сцената и беше само прашање на време кога ќе навлезе на поп-листите во Велика Британија. Траката која се смета дека е првиот хаус хит во Велика Британија "Love Can't Turn Around" на Ферли (Farley) достигна 10-то место на топ списокот на Велика Британија во септември 1986 година.

Во јануари 1987 година, американскот уметник Стив Хрли (Steve Hurley) со траката "Jack Your Body" стигна до број еден во Велика Британија, покажувајќи дека е можно хаус музиката да дојде до врвот на топ листите. Истиот месец, исто така Рејз (Raze)со "Jack the Groove", како и неколку дополнителни хаус хитови стигнаа до најдобрите десет оваа година. Клучни издавачки куќи во подемот на хаус музиката во Велика Британија се Џек Тракс (Jack Trax), специјализирана за лиценцирање на клупски хитови во САД за британскиот пазар (и објави влијателна серија на компилациски албуми) и Ридм Кинг (Rhythm King), музичка куќа формирана за издавање на хип-хоп музика, но исто така издадваше и хаус траки.

Хаус музиката доживеа забрзан раст во Велика Британија на турнејата од март 1987 година со Кнаклс (Knuckles), Џеферсон (Jefferson), Фингрс (Fingers) итн. По број еден успехот на МААРС со "Pump Up The Volume" во октомври, во годините од 1987 до 1989 во Велика Британија можеа да се видат Битмастерс (The Beatmasters), Краш(Krush), Колдкат (Coldcut), Бомб д Бејс (Bomb The Bass), С-Експрес и (S-Express), кои ги отворија вратите на хаус музиката и ги нападнаа топ листите во Велика Британија. Раната британска хаус музика брзо се одвои од оригиналниот Чикаго хаус звук; многу од првите хитови беа врз основа на монтажа на семплови, рапот често се користше за вокал (многу повеќе отколку во САД), а хуморот беше често важен елемент.

Во Велика Британија раст на хаус музиката може да се забележи во времето на хитот "Summer of Love" во 1988/89 година. Хаус музикта беше присутна во Велика Британија скоро како на почетокот кога се појави во Чикаго. Хаус музиката се ширеше во централниот и југоистчниот дел на земјата, а исто така и во и Cеверна Англија. Основан во 1982 година од страна на Фактори Рекордс (Factory Records), клубот Хасеинда(Hacienda) во Манчестер стана продолжување на жанрот "северен соул" и е еден од првите клучни англиски клубови за денс музика.

До 1986 година, клубот беше финансиски слаб; народот почна да оди таму кога дојдоа резидент диџеите Пикеринг (Pickering), Парк (Park) и Да Силва (Da Silva) кои почнаа да пуштаат хаус музика. Многу подземни објекти и ноќи исполнети со хаус музика, заземаа место во Велика Британија.

Една од раните хит песни, "Promised Land" од Џо Смут (Joe Smooth), се најде на врвот на топ листата за рок од една недела. Европејците ја примија хаус музиката, и почнаа со резервација на американските хаус диџеи, за да пуштаат музика во големите клубови, како што е Министри оф Саунд (Ministry of Sound), чиј резидент диџеј беше, Диџеј Харви(DJ Harvey).

Хаус сцената во градови како што се Бирмингем, Шефилд, Манчестер и Лондон беше обезбедена со многу подземни пиратски радио станици и диџеи кои помогнаа да се зајакне веќе распространетата хаус музика, но беа игнорирани од страна на традиционалниот музички жанр. Најраните и највлијателни хаус и техно дискографски куќи во Велика Британија, како што се Ворп Рекордс (Warp Records) и Нетворк Рекордс (Network Records) (исто така познати како Кул Кат Рекордс) помогнаа да се воведе американската, а подоцна и италијанската денс музика во Велика Британија, како и во промовирање многу денс музички траки во Велика Британија. Но, хаус музиката исто така беше во развој и на Ибица, иако немаше хаус уметници или издавачки куќи кои доаѓаа од овој мал остров во тоа време. Во 1970-тите Ибица организираше забави за богатите луѓе. До средината на 1980-тите беше забележлив посебен Балеарски микс на хаус музика. Неколку клубови како Амнезија со Диџеј Алфредо пуштаа мешавина од рок, поп, диско и хаус. Овие клубови, поттикнати од нивниот карактеристичен звук и екстаза, почна да имаат влијание на британската сцена. До крајот на 1987 година диџеи како Пол Окенфолд (Paul Oakenfold)и Дани Рамплинг(Danny Rampling)го пренасаа звукот на Ибица во клубовите во Велика Британија, како Хасеинда (Hacienda) во Манчестер, и многу лондонски клубови како што се Хевн (Heaven), Фјучр(Future) и Спектрум(Spectrum).

Во САД, музиката беше развиена за да се создаде пософистициран звук, кој ќе има повеќе звуци на тапан и кратки семплови. Изведувачите со седиште во Њујорк како што се Матео и Матос и Блејз имале елегантно произведени диско хаус траки. Во Чикаго, Маршал Џеферсон ја формирше хаус групата Тен Сити (Ten City). Во Детроит звукот на пратехно-музиката почна да се појавува со траки на Хуан Еткинс, Дерик Меј и Кевин Саундерсон.

САД: доцните 1980-ти и раните 1990-ти години

[уреди | уреди извор]

Во Америка немаше поширок напредок на хаус музиката, надвор од малиот број на клубови во Чикаго, Детроит, Њујорк, и Њу Џерси. Парадајс Гараж (Paradise Garage)во Њујорк, беше сè уште топ клуб во кој се пушташе хаус музика. Хип-хопот во тоа време имаше влијание врз хаус музиката и ја доведе на врвот на радио плеј-листите. Единствениот друг избор на музика беа жанровите: Рок, Кантри, Вестерн и Р'н'Б.

Други влијанија од Њујорк дојдоа од хип-хопот и реге музиката, и многу добри продуценти/Диџеи од Њујорк како, Ерик Морило(Erick Morillo), Роџер Санчес (Roger Sanchez), Џуниор Васкес (Junior Vasquez), Дани Тенаглиа(Danny Tenaglia), Џонатан Питерс (Jonathan Peters), Дејвид Моралес (David Morales))кои почнаа да се истакнуваат за првпат, со исклучително уникатни звуци што ќе доведат до нови жанрови во хаус музиката, како (траjбал хаус, прогресив хаус, фанки хаус). Изведувачи, како Мастерс ет Ворк (Masters At Work) и Кери Чендлер(Kerri Chandler) исто така, почнаа да воведуваат побогат хаус звук земен од страна на "аутсајдерите" од светот на џез, хип-хоп и даунбит музиката.

21 век: 2000 година

[уреди | уреди извор]

Градоначалникот на Чикаго Ричард М. Дејли го прогласи 10 август 2005 година за "Ден на единство на хаус музиката" во Чикаго, во чест на "21-годишнината на хаус музиката" (всушност, на 21-годишнината од основањето на Тракс Рекордс). Со прогласувањето, Чикаго е признат како "град од кој потекнува хаус музиката", и тоа дека оригиналните создавачи на музиката биле инспирирани од љубовта кон нивниот град, со сон дека еден ден нивната музика ќе шири порака за мир и единство во светот. Диџеи како што се Френки Кнаклс (Frankie Knuckles), Маршал Џеферсон (Marshall Jefferson), Пол Џонсон (Paul Johnson) и Мики Оливер (Mickey Oliver) го прославија прогласувањето на Летните денс серии, настан организиран од Одделот за културни работи на Чикаго.

Во текот на оваа деценија вокал хаусот стана доста распространет, и во подземните дискотеки и како дел од поп пазарот, а издавачките куќи, како Дефектед (Defected), Роул (Roule) и Ом(Om) беа првите кои го промовиаа новиот звук. Во средината на 2000-тата година, дојде до мешање на жанрови при што се појавија електро хаус, фиџет хаус и тек хаус. Ова е очигледно мешање во премин на музички стилови, од уметници како што се Денис Ферер(Dennis Ferrer), Бока Шејд(Booka Shade)и други. Диџеите денес може да се слушнат како мешаат звуци од сите под-жанрови на хаус музиката, како избор од најдобрите музички елементи поделени во овие под-жанрови. Во тоа време, хаус музиката стана повеќе достапна за приградските деца кои доаѓаа во големите американски градови да се забавуваат во големите сали, кои привлекуваа многу обожаватели со својата добра забава. Зголемениот интерес за хаус музиката од предградието, претежно од белата средна класа на слушатели, охрабри многу диџеи/продуценти сè повеќе да го промовираат својот нов звук, преку издавње на синглови и ЦД компилации. Како резултат на тоа, големите музички куќи како Tower Records почнаа да нудат поголем избор на хаус музика, често посветувајќи дел од нивните продавници, исклучиво за денс музиката. Напстер (Napster) како и други интернет сајтови за симнување на музика станаа попопуларни во доцните 1990-ти години (новиот милениум), со што хаус музиката стекна уште поширока публика, кои како членови споделуваа нови миксови од популарни клупски песни.

Денешната, иновативна хаус музика се слави и демонстрира на фестивалот Брнинг мен(Burning Man) и на големите индустриски спонзорирани настани како Зимската музичка конференција во Мајами.

Кон крајот на 2000-тата година, влијанието на хаус музиката се задржува со голема популарност во клубовите насекаде низ светот. Хаус музиката, исто така, се враќа во тренд со продуценти како Џастис (Justice), Феди Ле Гранд(Fedde Le Grand)со Пут јор хендс ап фор Детроит (Put Your Hands Up 4 Detroit), Бени Бенаси(Benny Benassi) и нивната хит трака "Сетисфекшн(Satisfaction) кои доведоа до полесни, по разредени, Еуроденс хаус траки назад кон Топ 40 списокот на САД. Со овој стабилен, но сепак суптилен, традиционален успех низ текот на годините, хаус музиката доби импулс и концепти, развиени од хаус продуценти кои го заразија музичкиот етер на поп и хип-хоп светот.

Хаусот во Австралија стана популарен во средината на 2000-тата година со уметници како Томи Треш (Tommy Trash), Бег Рајдерс (Bag Raiders) и Емпајр оф д сан (Empire of the sun) кои станаа добро познати низ земјата.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]