Хургада
Хургада الغردقة (арапски) al-Ghardaqah | |
---|---|
Ал-Гуна: збир на предградија на Хургада. | |
Местоположба во Египет | |
Координати: 27°15′28″N 33°48′42″E / 27.25778° СГШ; 33.81167° ИГД | |
Држава | Египет |
Област | Црвено Море |
Население | |
• Вкупно | 248,000 |
Час. појас | ЕСВ (UTC+2) |
Хургада (арапски: الغردقة Al Ġurdaqa) ― град во областа по име Црвено Море во Египет. Главно туристичко средиште и втор град по големина во тој реон (после Суец) сместен на брегот на Црвеното Море.
Основање
[уреди | уреди извор]Градот бил создаден на почетокот на XX век, а од 1980-те години постојано се зголемува. Во овој град инвестираат и египетски и странски инвеститори, и го претвораат во водечки центар крај брегот на Црвеното Море. Хотелите нудат бројни туристички морски знаменитости, меѓу кои водечки се спортовите на вода, како и нуркање, пловење со јахти, едрилици и друго.
Хургада се протега на околу 36 километри крај морскиот брег, но не и длабоко во пустината. Главно место за туризам е за жителите од Каиро, но и за туристи од Европа. До скоро ова било само едно мало рибарско место, но денес Хургада е град со околу 248.000 жители, и поделен е на три дела: Центар (Ел Дахар) е стариот дел; Сакала е центарот на градот и Ел Мемша (Селски пат) е современиот дел.
Клима
[уреди | уреди извор]Хургада има суптропска и пустинска клима, со благи зими и топли до врели лета. Летната сезона трае речиси цела година. Сончевите денови се околу 3.800 часа годишно, што е еден од највисоките резултати во светов, а во просек се движат од 9 сончеви часа во декември до 13 сончеви часа во јули. Просечната годишна температура на морето е 24 °C, и се движи од 21 °C во февруари и март до 28 °C во август.
Климатски податоци за Хургада | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 21.5 (70.7) |
22.6 (72.7) |
25.2 (77.4) |
29.1 (84.4) |
32.9 (91.2) |
35.3 (95.5) |
36.2 (97.2) |
37.1 (98.8) |
35.3 (95.5) |
31.1 (88) |
26.8 (80.2) |
22.7 (72.9) |
30.48 (86.86) |
Сред. дневна °C (°F) | 16.3 (61.3) |
17.0 (62.6) |
19.6 (67.3) |
23.5 (74.3) |
24.9 (76.8) |
30.1 (86.2) |
31.3 (88.3) |
34.2 (93.6) |
29.3 (84.7) |
26.0 (78.8) |
21.7 (71.1) |
17.6 (63.7) |
24.04 (75.27) |
Прос. ниска °C (°F) | 11.0 (51.8) |
11.4 (52.5) |
14.0 (57.2) |
17.8 (64) |
21.9 (71.4) |
24.8 (76.6) |
26.4 (79.5) |
27.2 (81) |
24.2 (75.6) |
20.9 (69.6) |
16.6 (61.9) |
12.5 (54.5) |
18.97 (66.15) |
Прос. врнежи мм (ин) | 0.4 (0.016) |
0.02 (0.0008) |
0.3 (0.012) |
1.0 (0.039) |
0.04 (0.0016) |
0.0 (0) |
0.0 (0) |
0.0 (0) |
0.0 (0) |
0.6 (0.024) |
2.0 (0.079) |
0.9 (0.035) |
5.26 (0.2071) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.01 mm) | 0.3 | 0.2 | 0.3 | 0.3 | 0.2 | 0.0 | 0.0 | 0.0 | 0.0 | 0.2 | 0.2 | 0.3 | 2.0 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 279 | 290 | 310 | 300 | 341 | 360 | 403 | 372 | 330 | 310 | 270 | 279 | 3.844 |
Извор: World Meteorological Organization (UN),[1] weather2travel.com[2] for data of sunshine hours |
Водени спортови
[уреди | уреди извор]Хургада е меѓународен центар за водени спортови како што се: едрење, подводен риболов, пливање, и пред сè нуркање, затоа што подводните гребени се сметаат за најдобри во цел свет. Топлото море овде е идеално за животот на разни видови риби и корали, кои може да се набљудуваат и од чамците со стаклен под.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Weather Information for Hurghada“. Архивирано од изворникот на 2017-06-29.
- ↑ "Hurghada Climate Guide" Архивирано на 30 мај 2013 г. - weather2travel.com
|