Црква „Св. Преображение“ - Гопеш
Свето Преображение
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Ресенско |
Парохија | Прва ресенска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°7′15″N 21°7′33″E / 41.12083° СГШ; 21.12583° ИГД |
Место | Гопеш |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Преображение Христово |
Изградба | 1871 |
Завршено | 1878 |
Живопис | XIX век |
Зограф | Јосиф Радев |
Архитектонски опис |
Свето Преображение (позната и како Свети Сотир) — главна селска црква во битолското село Гопеш, која се наоѓа во самото село.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Пари за црквата се собирале од секаде каде што имало гопешани. Најревносен бил попот Наум, кој од Романија и Украина се вратил со две торби полни со наполеони, но Турците го уапсиле мислејќи дека со парите ќе купува оружје за комитите. Цело село застанало во одбрана на попот, по што битолскиот валија го пуштил. Тогаш биле удрени темелите на црквата „Свето Преображение Христово“, позната и како „Св. Сотир“, оти двата празника се празнуваат во ист ден – на 19 август.[2]
Според записот од фасадата на црквата, тоа било сторено на 28 април 1871 година, а ја градел мајстор Коста од кичевско село Цер. Со работна рака помагале сите жители. А бидејќи немало соодветен материјал во близина, три илјади луѓе направиле повеќекилометарски жив синџир до месноста наречена Дванаесет Kладенци и го пренеле потребниот камен предавајќи го од рака на рака.[2]
Кражба во 2013 г.
[уреди | уреди извор]Организирана група разбојници ја ограбиле црквата во текот на 2017 година и однеле 50 вредни икони, кои потекнуваат од крајот на XIX век. Крадците влегле од задната страна на црквата, каде скршиле прозорец, а потоа ја пробиле и внатрешната врата.[3] Иконите не се пронајдени до денешен ден.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е ѕидана со камен, со уникатност во обработката на материјалот и украсување со плитки земјишни облици на самата површина.[4]
На црквата се изградени три куполи, кои се на силен удар на временските непогоди.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Фрескоживописот е дело на Јосиф Радев, ученик на познатиот Дичо Зограф. Црквата била украсена со 90 икони и фрески, кои биле сликани 26 години.[4]
Санација
[уреди | уреди извор]Во текот на 2017 година, Заводот и музеј од Битола спроведувала санација на куполата и ѕидното сликарство на куполата во црквата. Куполата е на висина од 16 до 18 метри. Освен врз куполата, имало интеревенции и кон јужниот ѕид на црквата, кој се оштетува поради лизгање на земјиштето.[5]
Сепак, состојбата на црквата не била подобрена и на крајот на 2017 година, сѐ уште постоело накривување на јужниот ѕид, оштетувања на куполите, како и одвојување на фрескоживописот од полукружниот свод.[4] Особено алармантна е состојбата со јужниот масивен ѕид изработен од камен, кој со годините е отклонет во горниот дел за околу еден метар.[4]
Последниве две години државата издвоила околу 400.000 денари за санација на црквата, но за целосна обнова потребни се огромни средства.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на црквата
-
Плоча на црквата
-
Конаците во близина на црквата
-
Поглед на црквата
-
Страничниот дел на црквата
-
Црквата со камбанаријата
-
Портата во црковниот двор
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Пророштвото од 19 век го претскажа опустошувањето на селото Гопеш“. Матица на иселеници. Посетено на 30 ноември 2017.[мртва врска]
- ↑ Шијакова, Анета (5 октомври 2013). „Украдени над 50 вредни икони од црквата во село Гопеш“. Канал 5 Телевизија. Архивирано од изворникот на 2013-12-29. Посетено на 30 ноември 2017.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Здравковска, Ж. (19 февруари 2017). „Се распаѓа црквата во Гопеш, стара 145 години“. Сакам да кажам. Посетено на 30 ноември 2017.
- ↑ „Се санира куполата на црквата „Свето Преображение" во битолското село Гопеш“. 14 февруари 2017. Посетено на 30 ноември 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Преображение“ - Гопеш на Ризницата ?
- Цркви на Македонската православна црква
- Цркви во Преспанско-пелагониската епархија
- Цркви во Ресенското архијерејско намесништво
- Прва ресенска парохија
- Цркви во Општина Битола
- Гопеш
- Културно наследство на Македонија во Општина Битола
- Храмови посветени на Преображението Христово во Македонија
- Дела на Дебарската школа