Прејди на содржината

Чаушица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чаушица

Поглед на Чаушица и гребенот на Пескови со Бистрички и Црн Врв во позадината
Висина &100000000000026200000002.620 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Овој врв е висок 2640 м. За да се опише чаушичкиот масив, мора да се спомене зборот „див“. Токму таков е овој предел. Тука дивината дошла до полн израз. Врвовите, гребенот и другиот простор се покриени со големи карпести блокови, раштркани без ред. Тука, освен тврдиот лишај на карпите, и горчливата каменика, не расте ниедно друго растение. Движењето тука е ризично, а освен пасионираните планинари и месните жители, ретко кој друг завлегува овде. Меѓутоа, колку и да е див, пуст и карпест овој предел, сепак тој не е и непривлечен. Токму овие особености му даваат своевидна атрактивност, поради причината дека доколку некој сака да ја доживее дивината, тоа најубаво ќе го реализира овде.