Череп
Човечки череп | |
---|---|
Човечки скелет гледан од напред. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | cran |
TA | A02.1.00.001 |
FMA | FMA:46565 |
На черепот се разликуваат:
- черепен свод calvaria
- база basis cranii.
Базата е поделена на три черепни јами: предна, средна и задна и на неа се забележуваат бројни отвори и канали за премин на нервни и крвни садови. Коските што ја градат черепната база се потенки и почесто се кршат.
Коски на череп
[уреди | уреди извор]На черепот се разликуваат черепен свод calvaria или долен дел или база basis cranii. Базата е поделена на три черепни јами : предна, средна и задна и на неа се забележуваат бројни отвори и канали за премин на нервни и крвни садови. Коските што ја градат черепната база се потенки и почесто се кршат. Скелетот на черепот е составен од осум коски и тоа две парни и четири непарни.
- Парни се:
- темена
- слепоочна
- Непарни коски:
- челната
- ситестата
- клинестата и
- тилната коска
Челна коска (os frontale)
[уреди | уреди извор]Челната коска учествува во градбата на предниот дел на черепот, со помош на шевови suturae таа се зглобува со обете темени коски, ситестата коска и клинестата коска, како и со оделните коски на лицeто ( горните вилици, јаболковите коски и носните коски). На челната коска се разликува вертикален дел или лушпа squama и водорамен дел.
- Водорамен дел — учествува во ограничување на предната черепна јамa. На него се опишуваат еден среден дел и два бочни орбитални делови. Средниот дел влегува во состав на покривот од носната празнинa, а бочните го градат горниот ѕид од орбитата. Во внатрешноста на челната коска во пределот на надвеѓните лакови се наоѓа шуплина поделена на два дела — тоа е челен синус (sinus frontalis).
Ситеста коска (os ethmoidale)
[уреди | уреди извор]Ситестата коска наликува на терезија и ја ограничува предната черепна јама. На неа се разликуваат вертикален, водорамен лист и бочни маси (лабиранти).
- Вертикалниот лист — со помош на хоризонталниот е поделен на два дела: горниот, покус дел наликува на кикиришка од петел ‘’’(crista galii)’’’ и долен дел кој влегува во состав на носната преграда.
- Водорамниот дел наликува на ситеста плочка (lamina cribrosa) во која има бројни отвори за премин на влакната од мирисниот нерв. Ситестата плочка учествува во градбата на покривот на носната празнина.
- Бочните маси (лабиранти) се наоѓаат меѓу орбитата и носната празнина бочно од водорамниот лист. Внатрешностата на лабирантите е поделена на бројни шуплини и означени како етмоидални синуси (sinus ethmoidalis). На внатрешната страна се наоѓаат две носни школки, горна и средна кои ограничуваат два носни ходника и горен и среден.
Клинеста коска (os sphenoidale)
[уреди | уреди извор]Таа е непарна коска во средишниот дел од черепната база која учествува во ограничување на предна и средна черепна јама. На клинестата коска се разлкива тело (corpus)мали крила (ala minor) крилести израстоци (processus pterygoideus).
- Телото (corpus) наликува на коцка. Неговата горна страна наликува на турско седло (sella turcica). А на средината се наоѓа хипофизна јама каде што лежи хипофизата. Долната страна на телото учествува во градбата на покривот од носната празнина. Предната страна се зглобува со ситестата, а задната страна со тилната коска. Во внатрешноста од телото се наоѓа шуплина или синус (sinus sphenoidalis).
- Мало крило (ala minor) учествува во градбата на предната черепна јама со горната страна, а со долната страна во градбата на покривот од орбитата. Во корените на малите крила од обете страни се наоѓа оптички канал за премин на опричкиот нерв.
- Големото крило (ala major) тргнува од телото со три корени кои ограничуваат меѓу себе два отвори за премин на горновиличниот и долновиличниот нерв. Внатрешната страна учествува во градбата на средната черепна јама.
- Крилестиот израсток (procesus pterygoideus) — е насочен надолу и учествувава во ограничување на носната празнина.
Тилна коска (os occipitale)
[уреди | уреди извор]Тилната коска го гради задниот дел од покривот и задниот дел на черепот. На средината на коската се наоѓа голем тилен отвор (foramen magnum)кој ја дели коската на четири делови: преден, заден, и два бочни.
- Предниот или базален дел се наоѓа пред голоемиот отвор, а наеговата горна страна е бдлабната во надолжна празнина каде што лежи продолжениот мозок и мозочниот мост.
- Бочните делови — на долната страна поседуваат по едно зглобно испакнување наречено тилен кандилкој се зглобува со првиот вратен пршлен (atlas).
- Задниот дел(squama occipitalis) се наоѓа зад големиот отвор на неговата внатрешна и надворешна страна има тилно испакнување. На внатрешната страна испакнувањето личи на крст којшто ограничува четири јами во кои лежат одделни делови на малиот и големиот мозок. Централниот дел од крстот претставува внатрешно тилно испакнување (protuberantia occipitalis interna). На средината од надворешната страна се наоѓа надворешно тилно испакнување (protuberantia occipitalis externa). Бочно од него тргнуваат коскени гребени за поврзување на задните вратни и грбни мускули.
Темена коска(os parientale)
[уреди | уреди извор]Таа е парна коска и го гради средниот дел на черепниот покрив. По должината на средната линија таа се зглобува со истоимената коска формирајќи сагитален шев (sutura sagitalis). Темената коска е четириаглеста коскена плоча чија надворешна страна во целост е испакната. Најиспакнатиот дел претставува темена џумка (tuber parientale). На внатрешнат страна се забележуваат отпечатоции бразди предизвикани од мозокот и мозочните артерии. Однапред темената коска се зглобува со челната коска со помош на коронален шев (sutura coronalis)а позади од тилната коска преку ламбоидев шев (sutura lambdoidea)
Слепоочна коска (os temporale)
[уреди | уреди извор]Слепоочната коска се наоѓа меѓу клинестата, темената и тилната коска. Таа е составена од три дела: лушпест, тимпаничен и пирамиден.
- Лушпестиот дел(pars squamosa) — учествува во градбата на бочниот ѕид од черепот. Нејзината надворешна страна е мазна и служи за поврзување на спепоочниот мускул. На долниот дел се наоѓа јаболков израсток (processus zygomaticus) којшто со јаболковата коска формира јаболков лак (arcus zygomaticus). Под јаболковиот израсток се наоѓа вдлабнатина (fossa mandibularis) за зглобување со долната вилица. На внатрешната страна се забележуваат отпечатоци и бразди предизвикани од витките на мозкокот и крвните садови.
- Тимпаничниот или тапамнскиот дел(pars tympanica)наликува на коскен олук и учествува во градбата на надворешниот ушен канал (meadus acusticus externus). На надворешниот крај каналот се отвора со надворешен ушен отвор (porus acusticus externus).
- Пирамиден дел(pars petrosa) — наликува на честиристрана пирамида со врв насочен нанапред, а базата свртена на назад и е претставена со еден коскен израсток наречен processus mastoideus. Внатрешноста од израстокот содржи бројни шуплини што се формираат по раѓањето. Во центарот се наоѓа мастоидна пештера (antrum mastoideum), која е оплружена со мастоидни ќелии. Преку коскен канала антрумот се отвора во една поголема шуплина наречена тапанска празнина(cavum tumpani). На пирамидата се разликуваат четири страни. Нејзината горна страна учествува во градбата на средната черепна јама, а внатрешната учествува во градаба на задната черепна јама. Во внатрешноста на пирамидата се сместени шуплините од надворешно, средно и внатрешно уво со своите градбени структури. На долната страна од пирамидата се наоѓа шилест коскен израсток (processus styloideus)за поврзување на мискули и врски. Преку пирамидата од слепоочната коска поминуваат и повеќе коскени канали за поминување на нерви и крвни садови.
Черепот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Експресен пат до твојот череп“ (Expressway To Yr. Skull) — песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1985 година.[1]
- „Череп што вреска“ (Screaming Skull) — песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1994 година.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |