Прејди на содржината

Крикет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија се однесува на спортот крикет. За други значења видете Крикет (појаснување)
Крикетскиот стадион во Сиднеј (SCG) каде што се игра спортот на лето

Крикет (од англиски: cricket) — спорт во кој треба да се удри топче со палка. На прв поглед е сличен со безболот од САД, но во суштина е многу постар. Крикетот за првпат се споменува во документ од 16 век, според кој бил игран во Англија. На професионално ниво се игра во следниве држави: Австралија, Англија, Бангладеш, Зимбабве, Индија, Јужна Африка, Кенија, Нов Зеланд, Пакистан, Шри Ланка и на Карибите.

Во Македонија, крикетот е застапен преку клубот „Кинг Кобра“ кој организира турнири во земјата и меѓународни натпревари со соседни земји.[1]

Еден натпревар трае цел ден, а понекогаш и 5 дена. Едена екипа за крикет се состои од 11 играчи (крикетари[2]) кои посебно се обидуваат да добијат бодови. Бодовите се добиваат со трчање откако ќе биде удрено топчето. Играчот со палка се смета за изваден откако играч од противничката екипа ќе го фати топчето што го удрил, без да топне на земјата. Исто така, еден играч може да биде изваден доколку дозволи напаѓач со топче од спротивната страна да му ги удри стапчињата.

Дарен Гох
портите во крикет

Крикетот е игра која ја играат две единаесеточлени екипи. Екипите се менуваат во улогата на удирачи и чувари на полето. Во текот на секое коло (inning) удирачката страна се обидува да освои бодови со трчање помеѓу порти (wicket): чуварите на полето се обидуваат да ја срушат портата. Натпреварот се состои од едно или две кола за секоја страна.

Удирачот носи заштитен шлем од стаклено влакно или метал. Ракавиците на удирачот даваат добра заштита, сигурност во истовремено добриот зафат и замавнување со палката. Чевлите можат да имаат крамбови или гумен ѓон. Штитниците на нозете носи и удирачот (batsman) и фаќачот (wicketkeeper).

Играчите по традиција носат бели или светли кошули, панталони и џемпер. Облека во боја се носи на некои едноставни натпревари. Палката се изработува од дрво (врба); Дршката и е од трска, преслечена со гума. Должина на палката е 96,5 см. Портата се состои од 3 летви (stumps) на кои се поставени две пречки (bails). Ширина на портата е 22,86 см. Ракавиците на фаќачот се подебели, поставени и поголеми од оние на удирачот.

Топката за крикет е направена од плута и волна, а преслечена е од црвена кожа.

Полето (pitch) е просторот помеѓу две порти, кои меѓусебно се оддалечени 20,12 метри.

Ливадата која го опкружува полето за игра може да биде со било која големина. Таа на долната слика се прикажани различни позиции на чуварите на полето за удирачи кои се деснаци. Онаа страна на ливадата која се наоѓа назад од удирачот кои ја чека топката се вика онсајд или легсајд, а просторот што е пред него т.е., десно, се вика офсајд.

Фрлачите (bowlers) се менуваат во фрлањето по шест (или осум) топки на едната или другата порта. Со дел од стапалото од предната нога мора да останат надвор од линијата. Фрлачите често ја тријат топката од панталоните за да ја вжештат и замазнат едната страна. На тој начин топката во воздух добива додатна ротација или замав. За да бидат поуспешни, фрлачите се служат со различни техники. Додека брзиот фрлач ја користи брзината и замавот, другиот ќе се труди да го збуни удирачот со спин (ротација).

При фрлањето на топката, раката мора да биде испружена.

Задача на удирачот е да ја брани портата и да изведува трикови. Удирачот ја држи палката со обете раце. Мора да биде во состојба да го "прочита" фрлачот, добро да ја следи топката и во миг да одлучи како да го изведе ударот.

Погодоци

[уреди | уреди извор]

Бодови се наградени за следниве акции:

  • 1 Еден бод (трк) (анг.-run): секогаш кога двајца играчи ќе истрчаат до спротивната порта.
  • 1 Без топка: фрлачот ја преминува линијата или непрописно ја фрла топката.
  • 1 Непогодена топка: топката е фрлена превисоко или предалеку од портата за да може удирачот да ја врати.
  • 4 Топката стигнува до границата од како ја допира земјата.
  • 6 Топката стигнува до границата без да ја допре земјата.

Удирачот испаѓа од игра

[уреди | уреди извор]
  • Нозете пред портата (Leg Before Wicket – LBW) Удирачот ја запира топката која може да ја погоди портата, а претходно да не ја погодил со палката.
  • Погоден (bowled) - топката ја руши портата на удирачот.
  • Претрчан (run out) - чуварите на полето ја срушиле портата пред ударот да стигне до неа.
  • Совладан (stumped) - фаќачот ја руши портата на удирачот додека овој е надвор од својот простор за време на примање на топката.
  • Удрена порта (hit wicket) - изведувајќи удар удирачот ја руши сопствената порта.
  • Фатен (caught) - чуварот на полето ја фаќа топката бидејќи таа ја удрила палката или ракавицата на удирачот.

Најмногу срушени порти

19 со 20 бода ги постигнал Џим Лејкер во средбата АнглијаАвстралија 1956 година.

Првиот удирач кој постигнал шест шестки

во една игра е сер Гарфилд Соулберс на натпреварот помеѓу Нотингемшир и Гламорган одржан 1968 година во Свонси, Велс.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]