Роки
„Роки“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Џон Ејвилдсен |
Продуцент | Роберт Чартоф Ирвин Винклер |
Сценарист | Силвестер Сталоне |
Главни улоги | Силвестер Сталоне Бергес Мередит Телиа Шири Берт Јанг Карл Видерс |
Музика | Бил Конти |
Кинематографија | Џејмс Крејб |
Монтажа | Ричард Хелси Скот Конрад |
Дистрибутер | „United Artists“ |
Премиера | 21 ноември 1976 - Њујорк |
Времетраење | 119 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $1.1 милион |
Бруто заработка | $225.000.000[1] |
„Роки“ (англиски: Rocky) е американски спортски филм од 1976 година, во режија на Џон Ејвилдсен, а по сценариото на Силвестер Сталоне. Главните улоги ги играат: Силвестер Сталоне, Телиа Шири, Берт Јанг, Карл Видерс и Бергес Мередит. Сталоне го напишал сценариото за само три дена, а продуцентите на филмот сакале главниот лик да го игра Џејмс Кан, но Сталоне не го прифатил тоа. Со овој филм, Сталоне станал голема филмска ѕвезда, а „Роки“ добил награди „Оскар“, и тоа во категориите: најдобар филм, најдобра режија и најдобра монтажа. По успехот на овој филм, Сталоне снимил уште неколку продолженија кои, исто така, имале голем комерцијален успех.[2]
Содржина
Роки Балбоа (Силвестер Сталоне) има 30 години и живее во сиромашниот дел на Филаделфија. Одвреме-навреме, тој зема долгови за сметка на некој криминалец Тони Гацо (Џо Шпинел). Неговата љубов е боксот, но иако настапил на многу мечеви, тој не успеал да се прослави. Неговиот стар тренер Мики (Бергес Мередит) верува дека Роки има голема дарба, но дека самиот се упропастил и затоа го презира. Роки е вљубен во срамежливата Адријан (Телиа Шири), сестрата на својот пријател Паули (Берт Јанг), но нивната врска се врти во круг. Во меѓувреме, светскиот шампион во бокс, Аполо Крид (Карл Видерс), треба да боксува во Филаделфија со својот предизвикувач, но тој е повреден и не може да настапи. Од рекламни причини, Аполо одлучува да боксува со непознат боксер, а случајно изборот паѓа на Роки, можеби поради неговиот прекар „Италијански пастув“. По разговорот со својот тренер, Роки го сфаќа сериозно предизвикот и почнува да тренира. Роки и Аполо имаат тешка битка, и покрај напорите на Роки, тој е сепак поразен. Судиите одлучуваат дека Аполо Крид е победникот.[2]
Глумци
- Силвестер Сталоне како Роки Балбоа
- Телиа Шири како Адријана "Адријан" Пенино
- Берт Јанг како Паули Пенино
- Карл Видерс како Аполо Крид
- Бергес Мередит како Мики Голдмил
- Тајер Давид како Мајлс Јергенс
- Џо Шпинел како Тони Гацо
- Тони Бертон како Тони "Дујк" Еверс
- Педро Ловел како Пајак Рико
Наводи
- ↑ „Роки – Бокс Офис датум, новости, информации за тимот“. „The Numbers“. „Nash Information Services“. Посетено на 1 септември 2010.
- ↑ 2,0 2,1 „HRT, Официјално мрежно место (пристапено на 5.4.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-06-15. Посетено на 2017-10-02.
Надворешни врски
- Официлајно мрежно место
- Роки на Семрежната филмската база на податоци
- Роки на филмската база TCM
- Роки — AllMovie (англиски)
- Роки на Box Office Mojo
- Роки на Rotten Tomatoes.
- „Роки“ на „Sports Movie Guide“ Архивирано на 8 октомври 2010 г.
- ESPN.com Колимни, стр. 2:
- Вистински живот, „Роки“ од Џер Мерон
- Правењет она „Роки од Силвестер Сталоне
- Филм од крв, плуканици и солзи од Ројс Веб
- Six Little Познати вистини за „Роки“ од Ралф Вајли
- Кој „Роки“ е вистинскиот шампион? од Бил Сајмонс
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
- Филмови од 1976 година
- Роки
- Американски филмови
- Драмски филмови
- Добитници на оскар за најдобар филм
- Филмови за боксери
- Филмови со Силвестер Сталоне
- Филмови на Џон Ејвилдсен
- Филмови произведени од Роберт Чартоф
- Филмови произведени од Ирвин Винклер
- Сценарија на Силвестер Сталоне
- Филмови на англиски јазик
- Филмови што се одвиваат во Филаделфија
- Филмови снимени во Пенсилванија
- Филмови снимени во Филаделфија
- Филмови на United Artists
- Филмови во Националниот филмски регистер на САД