Томе Арсовски
Изглед
Томе Арсовски (Косовска Митровица, 23 септември 1928 - Скопје, 22 април 2007) — македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор.
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил Филолошки факултет во Скопје, на насоката по славистика (руски јазик и литература). Работел над 30 години како драматург во Македонската радио-телевизија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, каде членувал од 1959 година. Во еден мандат бил и претседател на Македонската писателска асоцијација.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Арсовски е најпознат како драмски писател — тој е автор на повеќе од 20 драми. Во неговите дела постои широка лепеза на теми и мотиви.[2]
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Грст смеа (поезија, 1958)
- Александра (драма, 1958)
- Празник на птиците (драмска етида, 1959)
- Непребол (поема, 1961)
- Парадоксот на Диоген (драма, 1961)
- Грст среќа (телевизиска драма, 1962)
- Матурска вечер (драма, 1964)
- Стотиот чекор (телевизиска драма, 1964)
- Обрачи (драма, 1965)
- Грдиот Нарцис (телевизиска драма, 1964)
- Бумеранг (комедија, 1969)
- Чекор до есента (драма, 1969)
- Коктел за четворица (телевизиска драма, 1970)
- Парадоксални раскази (раскази, 1972)
- Залез над езерската земја (телевизиска драмска серија, 1973)
- Убавината чекори сама (комедија, 1974)
- Скок преку кожа (драма, 1976)
- Исповед на таксистот (монодрама, 1979)
- Излез во случај на опасност (драми, 1989)
- Благиот допир на љубовта (драма, 1984)
- Патување во Таџетакомо (роман за деца, 1980)
- Зена, ќерка на ѕвездите (роман за деца, 1988)
- Арис или прва љубов (роман за деца, 1989)
- Климент Охридски (историски роман, 1989)
- Кристална планета (роман за деца, 1990)
- Куќа на четири ветра (роман, 1991)
- Смешни и превртени песни (поезија за деца, 1991)
- Петтиот ветар (раскази, 1992)
- Подводен град (роман за деца и млади, 1993)
- Телефонот е во прекин (роман за млади, 1993)
- Диско - штурец (поезија за деца, 1993)
- Супер девојче (роман за млади, 1994)
- Нешто убаво ми се случува (роман, 1996)
- Пурпурно поле (поема, 1996)
- Дедо Мраз и феферони (комедија за деца, 1997)
- Марко Крале и Феферона (весела сценска игра за деца, 1997)
- Дарко Фокси спиди Гонсалес (весела сценска игра за деца, 1998)
- Жената со птичја глава (раскази, 2000)
Награди
[уреди | уреди извор]- „11 Октомври“
- „13 Ноември“ (за животно дело)
- „Златно перо“
- „Кочо Рацин“ на Културно-просветната заедница на Македонија и на Авторско-правната агенција на Македонија
- „Климент Охридски“
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |