Прејди на содржината

Туралево

Координати: 42°04′42″N 22°06′59″E / 42.07833° СГШ; 22.11639° ИГД / 42.07833; 22.11639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Туралево

Воздушен поглед на селото

Туралево во рамките на Македонија
Туралево
Местоположба на Туралево во Македонија
Туралево на карта

Карта

Координати 42°04′42″N 22°06′59″E / 42.07833° СГШ; 22.11639° ИГД / 42.07833; 22.11639
Регион  Североисточен
Општина  Кратово
Население 260 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14028
Надм. вис. 543 м
Слава Духовден
Туралево на општинската карта

Атарот на Туралево во рамките на општината
Туралево на Ризницата

Туралево — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

За потеклото и значењето на името на селото Туралево, постојат повеќе претпоставки од научните истражувачи. Една претпоставка смета дека неговото значење доаѓа од турал — онаа страна на кована пара на која се наоѓа ликот и името на владетелот.[2]

Оваа претпоставка може да се земе и како најверодостојна со оглед на тоа дека селото се наоѓа во познат рударски крај, каде што уште од древните антички времиња се ковале пари — монети. Други претпоставки се дека тоа потекнува од турскиот збор Турали (Turali, Tuğral) што означува вид припитомен сокол кој се употребува за лов или монограм-грб на османските султани.[2] И овие претпоставки може да имаат извесна веродостојност со оглед на фактот дека на Осогово во средновековието било доста развиено соколарството. Во селото никогаш не живеело турско население, туку секогаш живееле Македонци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Реката Повишница низ селото

Туралево се наоѓа на територијата на Општина Кратово, недалеку од градот во западен правец, на оддалеченост од околу 5 километри.[3] Туралево е ридско и раштркано село од разбиен тип, чии маала се издигнуваат на надморска височина од 510 до 580 метри.[3]

Селото е сместено веднаш покрај регионалниот пат 1205, кој води кон градот Кратово, како i по ридовите кои лежат покрај десниот брег на течението на самата Кратовска Река која тука мештаните на селото ја нарекуваат Манцела.[4] Во неговата близина се одвојува и низ него води регионалниот пат 2247 кон Шопско Рударе, Секулица и повеќе други села во западниот дел на кратовската општина.

Маалата во Туралево ги носат следните имиња: Липовик, Падина, Арбалујци, Селимица, Коријашка Маала и други.[4]

За него македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, запишал дека е сместено на височината меѓу Кратовската Река и Повишница подолу од Железна Порта.[5]

Историја

[уреди | уреди извор]

Поради важната местоположба на крстопат на повеќе важни патни правци во познатиот рударски крај на Кратовско, како и околните села Туралево има подолга историја и постоење. Според предание кое го знаат жителите, селото Туралево во минатото поради болеста чума ја променило својата местоположба, бидејќи се раселило од патот погоре.[4]

Според записите на Ѓорче Петров, Туралево било чифлик со 25 македонски куќи. Под Тураево имало ан на кратовско-кумановскиот пат, а за безбедноста на патниците кај самото село на расположено во горниот дел на падината на височината на десниот брег на Кратовската Река постоела и стражарска кула.[5]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Фабриката „Иднина Змеј“

Атарот на селото зафаќа простор од 7,3 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 293 хектари, на пасиштата отпаѓаат 209 хектари, а на шумите 173 хектари.[3]

Населението во селото се занимава со земјоделство. Од поледелството е застапено одгледувањето на жита претежно пченица и пченка на нивите во зарамнетиот предел западно од селото крај патот кон Секулица. Од сточарството кое е во мали размери застапено е одгледувањето на кози од ситниот и крави, волови и телиња од крупниот добиток.

Во рамките на селскиот атар се наоѓа фабриката „Иднина Змеј“, која произведува брусни плочи производи. Дел од жителите на Туралево работат во блиските фабрики и погони за брусени плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата „Иднина Змеј“ и „Техно-Абразив“, во фабриката на „Добра Вода“, во блиските ископи на камен за градежништво и рудни наоѓалишта, а работат и како авто-превозници и градежни работници во Скопје, Куманово и ширум цела Македонија. Во Туралево во кругот на фабриката „Иднина Змеј“ е предвидено да се гради индустриска зона, со можност за изградба на повеќе производствени погони.[6]

Во селото се регистрирани и работат неколку помали претпријатија, меѓу кои „Агро-Мис“ за земјоделство и „Марио-Ком“ за градежништво.

Селото Туралево заедно со уште неколку околни кратовски села е едно од ретки во кои е задржана и сѐ уште се прави древната дејност на лов на пчели со бртви во дупки на карпите. Камените бртви во кои се ловат пчелите е најстариот традиционален начин за производство на мед се издлабени дупки во карпите, кои специјално се подготвуваат за мамење и фаќање на пчелите, денес има над 500 бртви. Некои од нив постојат уште од римско време и сè уште се користат. Оваа постапка, која е задржана само уште во Тибет, најпознати бртварски наоѓалишта се карпите во Коњух, Градиште, Цоцев Камен, Татомир, Кралица и во Туралево.[7]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948371—    
1953416+12.1%
1961368−11.5%
1971362−1.6%
1981331−8.6%
ГодинаНас.±%
1991334+0.9%
1994304−9.0%
2002326+7.2%
2021260−20.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Туралево живееле 210 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Филиповци имало 220 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[10]

Според бројот на жителите Туралево е средна по големина населба населена исклучиво со Македонци. Поради поволната местоположба и добрата сообраќајна поврзаност селото Туралево е едно од ретките села во кратовскиот крај со постојаност и стабилност во бројот на жителите. Така, во 1961 селото броело 368 жители, а во 1994 година 304 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Туралево живееле 326 жители, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 260 жители, од кои 239 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин, 1 останат и 17 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 220 371 416 368 362 331 334 304 326 260
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Селото Туралево отсекогаш па сѐ до денес е исклучиво населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Родови кои живеат во селото Туралево се: Петканци, Папагалци,[4] Стојанови, Арсови, Стоимановци и други.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од селото нема поголем број на иселени жители, а малкумината кои се иселиле се заминати во Кратово.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, Туралево било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952 година, селото претставувало седиште на тогашната Општина Туралево, во која се наоѓале селата Живалево, Туралево, Тополовиќ и Филиповци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0914 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 230 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]
Манастири
Реки[21]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Во селото како редовни настани се слават неколку верски празници:

  • Духовден (крајот на мај, почеток на јуни) — селска слава[4]
  • Петковден („Црна Света Петка“ - крај на октомври) — голем црковно-народен собор во манастирот Св. Петка во селото[22]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 184. |access-date= бара |url= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 304.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Според кажување на мештаните. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски на 25 мај 2015 година.
  5. 5,0 5,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија. 384 (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. ISBN 978-608-245-113-8.
  6. Вицепремиерот Ставревски најави индустриска зона во Туралево[мртва врска]
  7. „Лов на пчели и мед во камени бртви - King Marko Land“. Архивирано од изворникот на 2016-03-09. Посетено на 2015-10-09.
  8. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 222
  9. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 11 октомври 2022.
  18. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-10-11. Посетено на 11 октомври 2022.
  19. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 188. ISBN 9989-649-28-6.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  21. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 56. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  22. - Кратово ја славеше „Св.Петка“, се одржа собор и во с. Туралево

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]