Турнеја (филм)
Изглед
Турнеја е српски филм од 2008 година во режија и сценарио на Горан Марковиќ. Снимањето започнало кон крајот на 2007 година во Република Српска, на локации во Шамац, Дервента, Приједор и Козарска Дубица, и бил завршен на крајот на февруари 2008 година.
Содржина на филмот
[уреди | уреди извор]Дејството се случува во 1993 година, кога група белградски глумци кои започнуваат турнеја на подрачја кои се зафатени и се во воено подрачје. Тие талкаат од бојно поле на бојно поле и стапуваат во контакт со сите три завојувани страни.
Интересни факти
[уреди | уреди извор]- Горан Марковиќ пред десет години ја режирал истоимената претстава во театарот „Атеље 212 “.
- Филмот бил номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар филм надвор од англискиот јазик“ во 2008 година.
- Музиката на филмот содржи песни од Баја Мали Книнџа (Ни метар повеќе) и Убавиот Миша (Станувајте мои роднини).
Награди
[уреди | уреди извор]- Филмот бил прикажан во 2008 година на фестивалот во Монтреал каде Горан Марковиќ бил награден за режија, а филмот добил награда за најдобар филм.
Несреќа за време на снимањето
[уреди | уреди извор]За време на снимањето на филмот во Приједор, се случила несреќа кога чаура од куршум го погодила глумецот Богдан Диклиќ во главата.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Б92, доделена „Тура“ во Монтреал (2 септември 2008 година)
- Балкански трубадури во Холивуд