Прејди на содржината

Фасада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Mонументалната фасада на базиликата Свети Петар во Ватикан, дело на Карло Мадерно.

Фасада  - генерално надворешна страна на градба, обично, но не и секогаш, предната страна. Тоа е странски збор, доаѓа од францускиот збор facade, што значи фронтално или „лице“.

Во архитектурата, фасада на зградата често е најважниот аспект од дизајнерска точка, како што тоа го поставува тонот за остатокот на зградата. Од инженерски аспект на градба, фасадата е исто така од голема важност поради нејзиното влијание на енергетската ефикасност.[1] Кај историските фасади, многу локални прописи или други закони во голема мера можат да ги ограничат или дури и да ги забранат нивните промени.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Зборот доаѓа од францускиот збор фасада, кој пак од своја страна, доаѓа од италијанскиот facciata, од faccia што значи лице, а на крајот истиот потекнува од посткласичниот латински збор facia. Најраната употреба во англискиот јазик забележана од Оксфордскиот англиски речник е во 1656 година.[2]

Џорџијански фасади надградувани на постојни згради

[уреди | уреди извор]

Тоа е прилично често во џорџијанскиот период за да на постоечките куќи во англиските градови им се дадат модерни нови фасади. На пример, во градот Бат, Банч оф Грејпс во улицата Вестгејт изгледа како џорџијанска зграда, но тоа е само надворешен изглед, некои од внатрешните простории сè уште имаат јакобински гипсени тавани.[3]

Фасади на висококатници

[уреди | уреди извор]

Во модерните многукатни згради, надворешните ѕидови често се обесени на спратните бетонски плочи. Кај нив од особена важност е заштитата од пожар меѓу соседни згради, при што голема улога има фасадата.

Филмски сетови и тематски паркови

[уреди | уреди извор]

На филмските сетови и повеќето тематски атракции, најголемиот број од зградите се само фасади кои се далеку поевтини од вистински згради. На снимање, тие едноставно се држат од позади со потребни елементи, а понекогаш има и кутии за глумците за потребите на снимање. Тематските паркови често имаат надворешна декорација соодветна на внатрешноста.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Boswell, Keith.
  2. „façade, n.“. Oxford English dictionary (Second, online. изд.). Oxford University Press. December 2011 [1989].
  3. Jean Manco.