Прејди на содржината

Чешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чешка Република
Česká republika  (чешки)
Знаме Грб
ГеслоPravda vítězí
Вистината преовладува
Химна

Местоположбата на  Чешка  (темнозелена) – на Европскиот континент  (зелена и темносива) – во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Чешка  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темносива)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Чешка  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темносива)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Прага
50°05′N 14°28′E / 50.083° СГШ; 14.467° ИГД / 50.083; 14.467
Службен јазик Чешки
Демоним Чех
Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Петр Павел
 •  Премиер Петр Фијала
Независност (~ 870) 
 •  од Австроунгарија 28 октомври 1918 
 •  Чехословачка 1 јануари 1993 
пристапила во ЕУ 1 мај 2004
Површина
 •  Вкупна 78,866 км2 (117та)
 •  Вода (%) 2
Население
 •  проценка за 2015 г. 10,553,443[1] (81ва)
 •  Попис 2011 10,436,560[2] 
 •  Густина 134 жит/км2 (87ма)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $250,057 милијарди[3] (39та)
 •  По жител $24,229[3] (35та)
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $174,999 милијарди[3] (39та)
 •  По жител $16,956[3] (36та)
Џиниев коеф. (2012)24.9[4]
низок
ИЧР (2013) 0.861[5]
многу висок · 28ма
Валута Чешка круна (CZK)
Часовен појас СЕВ (UTC+1)
 •  (ЛСВ) СЕЛВ (UTC+2)
Се вози на десно
НДД .cz ²
Повик. бр. +420 3
1. 30 јуни 2008 (Видете Population changes - 1st half of 2008).
2. Доменот .eu се користи исто така, бидејќи е заеднички за сите земји-членки на Европската Унија.
3. Ист код со Словачка (+42) до 1997.

Чешка Република (ЧР; чешки: Česká republika, ČR) или скратено Чешка (чешки: Česko) или многу ретко Чехија[6] — земја без излез на море, која се наоѓа во Средна Европа. Републиката граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на југ и Словачка на исток. Прага (чешки: Praha), е голема туристичка атракција, главен град на Чешка и нејзин најнаселен град. Чешка се состои од три историски области: Чешка (Čechy, наречена и „Бохемија“), Моравија (Morava) и Шлеска (Slezsko), ова тројство е присутно и на државниот грб. Членка е на НАТО, а од 1 мај 2004 и на Европската Унија.

Откако Чехословачка се распадна во 1992 година, Министерството за надворешни работи на Чешка го предложи англиското име Чехија во 1993 година, додека Чешката влада го одобри ваквиот предлог дури во 2016 година.[7]

Етимологија на име

[уреди | уреди извор]

Историја

[уреди | уреди извор]

Праисторија

[уреди | уреди извор]
Вјестоничка Венера, датирана 29,000–25,000 п.н.е.

Територијата на денешна Чешка била населувана уште од најстари времиња. Според археолошките истражувања, на овие простори постоел живот уште пред 28.000 години п.н.е. Во 3 век п.н.е. Чешка била населена до келти, а од 1 век германските племиња.

Населување на словените

[уреди | уреди извор]

Во текот на 5 век и 6 век, на територијата на денешна Чешка се населиле словенските племиња. Во предсловенското населување, на оваа територија постоело кнежевството Нитра, кое заедно со Моравија ја сочинувале т.н. Велика Моравија. Таа држава во текот на 9 век го достигнал својот Златен век, во времето на Ростислав I. Во почетокот на 10 век за првпат била создадена чешката држава. Во 12 век Чешка станала кралство во составот на Светото Римско Царство.

Среден век

[уреди | уреди извор]

Важни периоди од историјата на Чешка се националното ослободително движење и антикатоличкото движење во првата половина на 15 век. Во 1526 година, Чешка била вклучена во составот на Хабсбуршката империја, како автономна област. Чешка во 1867 година била вклучена во составот на Австроунгарија, а по распаѓањето на Австроунгарија во 1918 година се соединила со Словачка образувајќи ја Чехословачка.

Чехословачка

[уреди | уреди извор]
Првата Чехословачка Република сочинувала 27% од населението на поранешната Австро-Унгарија и околу 80% од нејзината индустрија.[8]

На почетокот на 1939 година, Нацистичка Германија ја окупирала Чешка, создавајќи ги Чешка и Моравија. На 9 мај 1945 година, Црвената армија ја окупирала Чешка, и по војната повторно е создадена Чехословачка.

Чехословачка е создадена во октомври 1918 година, т.е. по завршувањето на Првата светска војна, на територијата на Австроунгарија. Денес, таа територија ги опфаќа Чешка и Словачка, како и Закарпатската област во Украина. Чехословачка била една од најразвиените земји во Европа поради фактот што во времето на Австроунгарија на нејзина територија се наоѓале најразвиените индустриски области и со тоа таа имала добра економија. Од своето создавање до Втората светска војна, Чехословачка била демократска земја.

Еден од најголемите проблеми во државата бил етнички проблем. Втората и третата по големина етничка група, Германците односно Словаците, не биле задоволни од политичката доминација на Чесите. Покрај тоа, многу од етничките Германци и Унгарци во Чехословачка не ја признавале новата држава.

Прага ослободена од Црвената армија во мај 1945

За време на Втората светска војна, Чехословачка паднала во рацете на нацистичка Германија. По Минхенската конференција во 1938 година, војските на Хитлер ги окупирале пограничните етнички германски области во Бохемија и Моравија, Унгарија добила територии населени со Унгарци во Јужна Словачка, а останатите територии на Словачка и Закарпатската област добиле статус на автономија. Чехословачка престанала да постои во март 1939 година, кога Хитлер го окупирал остатокот од Чешка, а Словачка била принудена да прогласи независност.

За време на војната, Бохемија и Моравија биле протекторат на Германија, а новата словачка држава била сојузник на нацистичка Германија. Словачките војски се бореле против Русите до 1944 година кога се свртеле против властите. Ова востание е задушено по неколку месеци од Германија.

По завршувањето на Втората светска војна, Чехословачка е обновена, сите Германци се протерани од земјата, а Закарпатската област е окупирана и подоцна припоена кон СССР. Во 1948 година Чехословачката комунистичка партија ја презема власта по парламентарни избори, а земјата паѓа под влијание на СССР. Во религиозна смисла, атеизмот бил официјален во државата. Во 1969 година Чехословачка е трансформирана во федерација составена од Чешката Социјалистичка Република и Словачката Социјалистичка Република.

Во 1989 година во Чехословачка повторно бил воспоставена демократијата. Со паѓањето на комунизмот, во државата повторно се појавил предлог за промена на името на државата во Чехословачка република. Во април 1990 година овој предлог бил отфрлен од страна на словачките политичари, бидејќи според нив тоа име недоволно ја изразувала застапеноста на словаците во федерацијата. Подоцна се стигнало до компромис државата да се вика Чешка и Словачка федеративна република. Но во 1992 година, парламентот на федерацијата решил таа да биде разделена на два дела од 1 јануари 1993 година на Чешка и Словачка, каква е и до ден денес.

Чешка Република

[уреди | уреди извор]

По падот на комунизмот од 1989 година, во 1993 година Чехословачка се распаднала на Чешка и Словачка и од тоа време, Чешка е суверена држава. Во 1999 година била примена во НАТО, а од 1 мај 2004 година во ЕУ.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Топографска карта

Чешка е земја која се наоѓа во Средна Европа. Таа нема излез на море. Земјата граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на Југ, и Словачка на исток. Климата во Чешка е умерено континентална, со топли лета и студени зими. На повисоките места во Чешка, на планините, климата е планинска. Поголемиот дел од дождовните врнежи паѓаат во летниот период. Така, најдождовен е месецот јули, а најсувиот е февруари. Највисока температура која некогаш била измерена во Чешка е +40,2 °C, а најниската е -42,2 °C.

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Карта на краевите во Чешка.

Административната поделба на Чешка е остварена преку три нивоа на поделба и тоа:

  1. краеви
  2. окрузи
  3. општини

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во 2019 година, БДП по глава на жител на Чешка изнесувал 23 214 долари, со што таа била рангирана на 22. место во однос на Европа и 41. во светот.[9] Во 2018 година кефициентот Џини во Чешка изнесувал: 25,6%.[10] Во 2008 година, Чешка го вовела системот на рамен данок, но во 2014 година, тој бил напуштен и заменет со прогресивно оданочување.

Население, јазик

[уреди | уреди извор]
 
Најголеми општини во Чешка
Бр. Крај Нас. Бр. Крај Нас.
Прага
Прага
Брно
Брно
1 Прага Прага 1,357,326 11 Злин Злински 74,191 Острава
Острава
П’лзењ
П’лзењ
2 Брно Јужноморавски 396,101 12 Хавиржов Моравскошлески 70,245
3 Острава Моравскошлески 283,504 13 Кладно Средночешки 68,436
4 П’лзењ П’лзењски 181,240 14 Мост Устечки 63,856
5 Либерец Либеречки 107,389 15 Опава Моравскошлески 55,512
6 Оломоуц Оломоучки 101,825 16 Фридек-Мистек Моравскошлески 54,188
7 Ческе Будјејовице Јужночешки 96,417 17 Јихлава Височински 52,548
8 Храдец Кралове Краловохрадечки 93,506 18 Теплице Устечки 50,843
9 Пардубице Пардубички 92,149 19 Карвина Моравскошлески 50,172
10 Усти на Лаба Устечки 91,963 20 Карлови Вари Карловарски 49,043

Религија

[уреди | уреди извор]

Чешка, заедно со Естонија, е една од најмалку религиозните популации во цела Европа. Според пописот од 2001 година, 59% од земјата се агностици, атеисти или нерелигиозни, 26,8% се Римокатолици и 2.5% се протестанти.[12]

Верници во Чешка
Атеисти
  
67,8 %
Католици
  
20 %
Муслимани
  
0,1 %
Будисти
  
0,5 %
Хиндуисти
  
0,3 %
Други
  
2,6 %

Според најновите податоци на Евробарометар од 2005,[13] 19% од Чешките граѓаните одговориле дека "тие веруваат дека постои Бог" (втора најниска стапка меѓу земјите на Европската Унија по Естонија со 16%),[14].

Култура во Чешка

[уреди | уреди извор]

Музика во Чешка

[уреди | уреди извор]

Спорт во Чешка

[уреди | уреди извор]

Чешка како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Чешка се јавува како инспирација или тема во разни гранки на уметноста и во популарната култура, како на пример:

  1. „Population change – 1st – 2nd quarter of 2015“. Czech Statistical Office. 21 March 2016. Посетено на 21 March 2016.
  2. Census of Population and Housing 2011: Basic final results Архивирано на 16 јануари 2013 г.. Czech Statistical Office Архивирано на 29 јануари 2011 г.. Посетено на 19 December 2012.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Czech Republic“. International Monetary Fund. Посетено на 2008-10-09.
  4. „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Посетено на 13 August 2013.
  5. „Human Development Report 2014“ (PDF). United Nations. 2014. Посетено на 8 август 2015.
  6. Правопис на македонскиот јазик, стр. 170, Просветно Дело, Скопје, 2007
  7. „Vláda schválila doplnení jednoslovného názvu Cesko v cizích jazycích do databází OSN“. Ministerstvo zahraničních věcí České republiky (чешки). 5 May 2016. Архивирано од изворникот 28 August 2018. Посетено на 28 August 2018.
  8. Stephen J. Lee. Aspects of European History 1789–1980. Page 107. Chapter "Austria-Hungary and the successor states". Routledge. 28 January 2008.
  9. http://statisticstimes.com/economy/european-countries-by-gdp-per-capita.php statisticstimes.com (пристапено на 12.06.2020)
  10. knoema.com (пристапено на 13.7.2020)
  11. „Population of Municipalities – 1 January 2023“. Czech Statistical Office. 2023-05-23.
  12. „Obyvatelstvo hlásící se k jednotlivým církvím a náboženským společnostem“ (чешки). Czech Statistical Office. Архивирано од изворникот на 2010-11-23. Посетено на 2006-12-19.
  13. „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.
  14. „Social values, Science and Technology“ (PDF). Eurobarometer. 2005. Посетено на 2006-12-19.
  15. „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]