Шаранта (река)
Шаранта | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Атлантски Океан 45°57′24″N 1°4′56″W / 45.95667°N 1.08222°W |
Должина | 381 км |
Особености на сливот |
Шаранта (француски: Charente; окситански: Charanta) — река во југозапдна Франција со должина од 381 км. Извира во Шеронак, село во департманот Горна Вјена. Тече низ департманите Горна Вјена, Шаранта, Вјена и Приморска Шаранта. На крајот од течението, истекува во Атлантскиот Океан кај Рошфор.
Пловност
[уреди | уреди извор]Реката била пловна многу долго време, но во средината на XX век била напуштена како сообраќајница за превоз на стоки. Денес полноводноста е повратена и реката е пловна сè до Ангулем, но служи само за рекреативни пловила. Шаранта тече низ градови како Коњак, Жарнак, Сент and Рошфор, и дава одлични туристички можности.
Денес реката е опремена спротиводно од Сент, и има преводници со скромни димензии од 34 × 6 м. Долж течението има сидришта за оставање на пловила и изнајмување за излети.[1]
Притоки
[уреди | уреди извор]Шаранта ги има следниве притоки:
- Антен;
- Не;
- Коран;
- Сењ;
- Брамерит;
- Бутон;
- Арно;
- Бандија;
- Тардоар;
- Тувр;
- Бониер.
Градови
[уреди | уреди извор]По течението на реката се сместени следниве градови:
- Сивре
- Жарнак
- Монтижак-Шарант
- Ангулем
- Коњак
- Сент
- Тајбур
- Сен Савињен
- Тоне-Шаранта
- Рошфор
- Субиз
- Вержеру
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Шаранта (река)“ на Ризницата ? |
- Река Шаранта — база „Сандр“ (француски)
|