1214
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1214 MCCXIV |
Ab urbe condita | 1967 |
Ерменски календар | 663 ԹՎ ՈԿԳ |
Асирски календар | 5964 |
Балиски календар | 1135–1136 |
Бенгалски календар | 621 |
Берберски календар | 2164 |
Будистички календар | 1758 |
Бурмански календар | 576 |
Византиски календар | 6722–6723 |
Кинески календар | 癸酉年 (вод. петел) 3910 или 3850 — до — 甲戌年 (дрв. куче) 3911 или 3851 |
Коптски календар | 930–931 |
Етиопски календар | 1206–1207 |
Еврејски календар | 4974–4975 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1270–1271 |
- Сачка ера | 1135–1136 |
- Кали-југа | 4314–4315 |
Холоценски календар | 11214 |
Игбоански календар | 214–215 |
Ирански календар | 592–593 |
Исламски календар | 610–611 |
Јапонски календар | Кенпо 2 (建保2年) |
Јавански календар | 1122–1123 |
Јулијански календар | 1214 MCCXIV |
Корејски календар | 3547 |
Мингуо-календар | 698 пред Р. Кина 民前698年 |
Нанакшахи | −254 |
Тајландски сончев календар | 1756–1757 |
Тибетски календар | 阴水鸡年 (женска вода-петел) 1340 или 959 или 187 — до — 阳木狗年 (машко дрво-куче) 1341 или 960 или 188 |
1214 (MCCXIV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1214 година од новата ера, 214. од вториот милениум, 14. од XIII век и петта од 1210-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6722 и 6723 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5964 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4974 и 4975 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1967.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1214 година се протега во 3850 и 3851, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3910 и 3911 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1757. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 610 и 611 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]По област
[уреди | уреди извор]Азија
[уреди | уреди извор]- 1 ноември - Пристанишниот град Синоп на Црно Море му се предава на Селџуците.
- Во своите походи во Лаодонг, монголскиот војсководец Мухали командува со новоформираната киданско - кинеска армија и специјален корпус од 12.000 кинески помошни трупи.
Европа
[уреди | уреди извор]- 15 февруари - Јован Безземниот, врши инвазија на градот Ла Рошел во Франција[1].
- 27 јули - Битка кај Бувен: Филип II ја поразува војската на Светото Римско Царство, англиски и фламански војници предводени од Отон IV, завршувајќи ја Англо-француската војна (1202-14).[1]
- Лето - Кралот Алфонсо VIII Кастилски ги опколува војниците на Алмохадите во Баеза. Гладот на полуостровот е таков што ниту армијата не може да се бори.
- 18 септември - Договорот од Чинон е потпишан од Јован Безземниот и Филип II, признавајќи ги придобивките на Династија Капета од Анжујското царство[1].
- 5 октомври - По смртта на нивниот татко, кралот Алфонсо VIII Кастилски и нивната мајка, Елеанора Кастилска (31 октомври), Беренгела Кастилска станува регент на нејзиниот млад брат, крал Енрике I Кастилски[2].
- 4 декември - Умира Вилијам I Лав, крал на Шкотска. Тој е наследен од неговиот син, Александар II
- Основан е германскиот град Билефелд.
Родени
[уреди | уреди извор]- 25 април — Луј IX, француски крал од Капетинската династија.
- Изабела Англиска, света римска царица, кралица на Германците и кралица на Сицилија (п. 1241)
- Приближен датум - Роџер Бејкон, англиски филозоф и научник (1292)
Починале
[уреди | уреди извор]- 14 септември - Алберт Авогадро, латински патријарх на Ерусалим (р. 1149)
- 5 октомври - Крал Алфонсо VIII Кастилски (р. 1155)
- 31 октомври - Елеанора Кастилска (р. 1162)
- 4 декември - Вилијам I Лав, крал на Шкотите (р. 1142)
- 18 октомври - Џон де Греј, епископ на Норвич
- непозната дата
- Рјурик Ростиславич, кнез на Новгород
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 77–79. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Linehan, Peter (1999). David Abulafia (уред.). The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 668–671. ISBN 0-521-36289-X.