356 п.н.е.
| ||||||||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | |||
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | |||
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | |||
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 | |||
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 | |||
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 | |||
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 | |||
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 | |||
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 | |||
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
Грегоријански календар | 357 п.н.е. CCCLVI п.н.е. |
Ab urbe condita | 397 |
Староегипетска ера | XXX династија, 24 |
- Фараон | Нектанеб II, 4 |
Старогрчка ера | 105.. олимпијада, год. 4 |
Асирски календар | 4394 |
Балиски календар | н/п |
Бенгалски календар | −949 |
Берберски календар | 594 |
Будистички календар | 188 |
Бурмански календар | −994 |
Византиски календар | 5152–5153 |
Кинески календар | 癸亥年 (вод. свиња) 2340 или 2280 — до — 甲子年 (дрв. стаорец) 2341 или 2281 |
Коптски календар | −640 – −639 |
Етиопски календар | −364 – −363 |
Еврејски календар | 3404–3405 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | −300 – −299 |
- Сачка ера | н/п |
- Кали-југа | 2744–2745 |
Холоценски календар | 9644 |
Ирански календар | 978 п.п. – 977 п.п. |
Исламски календар | 1008 п.х. – 1007 п.х. |
Јавански календар | н/п |
Јулијански календар | н/п |
Корејски календар | 1977 |
Мингуо-календар | 2268 пред Р. Кина 民前2268年 |
Нанакшахи | −1824 |
Тајландски сончев календар | 186–187 |
Тибетски календар | 阴水猪年 (женска вода-свиња) −230 или −611 или −1383 — до — 阳木鼠年 (машко дрво-стаорец) −229 или −610 или −1382 |
356 п.н.е. — година според општоприфатениот календар. Тоа била 356. година пред новата ера, 356. од првиот милениум п.н.е., 56. од 4 век п.н.е. и седма од 350-тите п.н.е.
Други календари
[уреди | уреди извор]Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 5152 и 5153 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 4394 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 3404 и 3405 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 397.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 356. година се протега во 2280 и 2281, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 2340 и 2341 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 187. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1007 и 1006 исламска година пред хиџра.
Настани
[уреди | уреди извор]По место
[уреди | уреди извор]Персиско царство
[уреди | уреди извор]- Обвинувајќи ги колегите за победата на Филип II во Тесалија и Халкидик, Хар станал едиствен атински заповедни. Му требаат пари за војната, па поради тоа што нема намера да бара од атињаните, и делумно приморан од неговите платенци, стапува во служба на персиски сатрап Артабаз кој многу богато го наградува.
- Артабаз го поддржуваат и тебанците, кои му праќаат 5000 под водство на генерал Памен. Со помошта наовие и други сојузници, Артабаз ги поразува неговите персиски непријатели во две големи битки.
- Персискиот крал Артаксеркс III наредува сите сатрапи (управници) во царството да ги отпуштат платениците. Атинците, кои првично го одобриле инволвирањето на нивните платеници со Артабаз, им наредуваат да заминат бидејќи се плашеле од персиска поддршка за побунтуваните полиси Хиос, Родос и Кос. Теба го прави истото и ги повлекува платениците.
- Со доаѓањето на кралот Артабаз III и неговото отстранување на платеници од Атина и Теба, Артабаз е поразен од персискиот кралски генерал, Автофрадат.
Грција
[уреди | уреди извор]- Филип II тајно го им нуди градот Амфиполис назад на атињаните во размена за важното пристанишно место Пидна. И покрај нивната волност за размена, Македонците ги заземаат Пидна и Потидеја (задно со други атински тврдини во Тесалија и Халкидик) и покрај одбраната од атински сили под водство на платеничкиот командант Хар, како и генералите Ификрат и Тимотеј.
- Со окупацијата на Пидна и Потидеја, Филип II решава да си го задржи Амфиполис. He also takes the city of Кринид од Одрисија и го преименува во Филипи.
- Фокидците го заземаат и ограбуваат Делфи на чија територија се наоѓаат славниот храм и пророчилиште. Другите членови на Големата Амфиктионска лига објавуваат Света војна против нив. Фокијците, под водство на два способни генерала, Филомел и Ономарх, го користат богатството на Делфи за најмување на платеничка војска и ја продолжуваат војната во Беотија и Тесалија.
- Започнува Општествената војна или „Војна на сојузниците“ помеѓу Вториот Атински сојуз, под водство на Атина, и нивните побунтувани сојузници Хиос, Родос и Кос како и независната држава Визант. Мавзол, тиранинот на Карија, поттикнува бунт против атинската контрола во овие држави. Побунтуваните сојузници ги разоруваат Лемнос и Имброс кои се лојални на Атина.
- Атинските генерали Хар и Хавриј добиваат команда над атинската флота со цел да ги поразат бунтовничките градови. Меѓутоа Хавриевата флота е поразена во нападот на островот Хиос, близу брегот на Јонија.
- Хар добива тотална команда над атинската флота и се повлекува кон Хелеспонт и оди против Визант. Генералите Тимотеј, Ификрат и неговиот син Менестеј се пратени на помош при забележувањето на непријателската флота на Хелеспонт. Тимотеј и Ификрат одбиваат да се борат заради опасна бура, но Хар продолжува сам и губи многу бродови. Тимотеј и Ификрат се обвинети од Хар и им се суди, но само Тимотеј треба да плати оштета.
Римска република
[уреди | уреди извор]Кина
[уреди | уреди извор]- Со овогодишните реформи, кинескиот премиер Шанг Јанг започнува да ја преобразува некогаш маргиналната и погранична држава Ќин во најдоминантната воена сила меѓу завојуваните кинески држави до III век п.н.е.
По тема
[уреди | уреди извор]Архитектура
[уреди | уреди извор]- Јули — Храмот на Артемида во Ефес е изгорен од лудак по име Херострат, со тоа уништувајќи едно од Седумте светски чуда. Овој велик храм го изградил Крез, крал на Лидија, околу 550 п.н.е. и градбата била славна не само заради својата импозантност (110 на 55 метри), туку и заради величествените уметнички дела кои го краселе.
Родени
[уреди | уреди извор]- 20 јули — Александар Македонски, подоцна Крал на Македонија (п. 323 п.н.е.), освојувач и владетел на Македонско Царство на три континенти.
- Хефастион — македонски војсководец, војник, аристократ и придружник на Александар Македонски (п. 324 п.н.е.)
Починале
[уреди | уреди извор]- Хавриј — атински војсководец