Прејди на содржината

4 Non Blondes

Од Википедија — слободната енциклопедија
4 Non Blondes
Основачот и пејачката на 4 Non Blondes, Линда Пери, во 2010 година
Животописни податоци
ПотеклоСан Франциско, Калифорнија, САД
ЖанровиАлтернативен рок
Период на активност
  • 1989–1994
  • 2014
Издавачи

4 Non Blondes ― поранешна американска рок-група од Сан Франциско,[1] активна од 1989 до 1994 година.[2] Нивниот единствен албум, Bigger, Better, Faster, More!, поминал 59 недели на Билборд 200 и во периодот од 1992 и 1994 година бил продаден во 1,5 милион примероци. По објавувањето на вториот сингл од албумот, „What's Up?" во 1993 година тие се пласирале на топ-листата за синглови.[2] За песната „What's Up?“ ја освоиле наградата „Најдобар меѓународен хит“ на Данските музички награди.

На почетокот 4 Non Blondes била женска група, составена од пејачката Линда Пери, басистката Криста Хилхаус, гитаристката Шауна Хол и тапанарката Ванда Деј.[3] Но, пред објавувањето на албумот Деј била заменета со тапанарката Даун Ричардсон, а Хол била заменета со гитаристот Роџер Роча.

Пери ја напуштила групата во 1994 година, по што таа набргу се распаднала.

  • Линда Пери – пејачка, ритам гитара (1989–1994, 2014)
  • Криста Хилхаус – бас, придружни вокали (1989–1994, 2014)
  • Шауна Хол – Водечка гитара (1989–1992)
  • Ванда Деј – тапани (1989–1991; починати 1997)
  • Дон Ричардсон – тапани (1991–1994, 2014)
  • Луис Метојер – Водечка гитара (1992)
  • Роџер Роча – водечка гитара, придружен вокал (1992–1994, 2014)
  • Џејмс Менки – Водечка гитара (1994)
  1. Strong, Martin (2000). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 355. ISBN 1-84195-017-3.
  2. 2,0 2,1 Larkin, Colin (2009). „4 Non Blondes“. Во Larkin, Colin (уред.). Encyclopedia of Popular Music (англиски). Oxford University Press. doi:10.1093/acref/9780195313734.001.0001. ISBN 978-0-19-531373-4. Посетено на March 10, 2020.
  3. Hunt, Dennis (September 30, 1993). „4 Non Blondes; Color them unpredictable“. Hamilton Spectator.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]