Deep Purple
Deep Purple | |
---|---|
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Roundabout |
Потекло | Хартфорд, Англија |
Жанрови | хард-рок, хеви-метал, психоделичен рок, блуз рок, прогресивен рок |
Период на активност | 1968–1976, 1984–сега |
Издавачи | Тетраграматон, Warner Bros, Полидор, БМГ, ЕМИ, Едел |
Соработници | The Maze, Episode Six, Rainbow, Paice, Ashton & Lord, Whitesnake, Black Sabbath, Gillan & Glover, Hughes Turner Project, Living Loud, Rock Aid Armenia, WhoCares |
Мреж. место | deeppurple.com |
Членови | |
Ајн Пејс Роџер Гловер Ајн Џилиан Стив Морс Дон Аиреј | |
Поранешни членови | |
former members |
Дип парпл — англиски рок-бенд формиран во Хартфорд во 1968 година.[1] Се сметаат меѓу пионерите на хеви-металот и модерниот хард-рок,[2][3] иако некои од членовите на бендот тврдат дека нивната музика не може да биде категоризирана на ниеден жанр. Тие еднаш, од Гинисовата книга на рекорди беа прогласени за „најгласниот бенд на светот“,[4][5] и имаат продадено над 100 милиони албуми ширум светот,[6][7][8] меѓу кои 7,5 милиони во САД.
Бендот има претрпено многу промени на поставата и паузираше осум години (1976-84 година). Поставите од 1968-76 година се нарекувани Марк 1,2 3 и 4.[9][10] Нивната втора и најкомерцијално успешната постава е Ијан Гилан (вокал), Роџер Гловер (бас), Џон Лорд (клавијатури), Јан Пајс (тапани) и Ричи Блекмор (гитара). Оваа постава беше активна од 1969 до 1973 година, и повторно се обедини од 1984 до 1989 година, и повторно во 1993 година, пред односите меѓу Блекмур и другите членови да станат неподносливи. Моменталната постава (вклучувајќи го гитаристот Стив Морс) е многу постабилна, иако пензионирањето на Лорд од бендот во 2002 година го остави Пајс како единствениот оригинален член на Дип парпл.
Дип парпл беа рангирани на 22 место на рок-програмата за најдобри изведувачи на VH1,[11] a според анкета на радио станицата Planet Rock се наоѓаат на петто место меѓу „највлијателните бендови досега“.[12] Групата ја добила наградата Легенда на Светските музички награди во 2008 година. Deep Purple (односно Блекмор, Лорд, Пејс, Гилан, Гловер, Ковердејл, Еванс и Хјуз) биле примени во Куќата на славата на рокенролот во 2016 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Почетоци (1967-1968)
[уреди | уреди извор]Во 1967 година, поранешниот тапанар на Searchers, Крис Куртис, го контактира лондонскиот стопанственик, Тони Едвардс, со надеж дека ќе може да состави нова група, која ќе се вика Roundabout. Визијата на Куртис беше „супергрупа“ каде што што членовите на бендот ќе варираат (свирејќи), како музичка дигресија. Импресиран од планот, Едвардс се согласи да го финансира неговиот проект со два бизнис-партнери: Џон Колета и Рон Хајр, двата од Hire-Edwards-Coletta (HEC) Enterprises.[13]
Првата постава беше класично-тренираниот свирач на Хамонд органа, Џон Лорд, кој имаше свирено со The Artwoods (предводени од Art Wood, брат на идниот гитарист на Ролинг Стоунс, Рони Вуд ), и Киф Хартли.[14] Тој беше заменет од гитаристот Ричи Блекмур,[15] кој се врати од Хамбург за да дојде на аудиција за новата група. Блекмур направи име за себеси како студиски гитарист, и исто така беше член на The Outlaws, Screaming Lord Sutch и Neil & The Crusaders. Ексцентричното однесување на Куртис наскоро го присили на заминување од неговиот личен проект, но Лорд и Блекмур сака да продолжат, и продолжија да регрутираат нови членови.[16]
За бас-гитара, Лорд го предложи неговиот стар другар Ник Симпер, со кој тој свиреше во бенд под името The Flower Pot Men and their Garden (претходно познати под името The Ivy League) во 1967 година.[17] Симпер достигна слава (настрана од Дип парпл) со бендот Johnny Kidd and The Pirates и сообраќајката во која загина Кид. Симпер го познавал Блекмур уште од раните 60 кога неговиот прв бенд, The Renegades, дебитираше истото време како и еден од првите бендови на Блекмур, The Dominators. Боби Вудмен беше првичен избор за тапани, но во текот на аудициите за пејач, Род Еванс дојде со неговиот тапанар, Јан Пајс. Блекмур го имаше гледано Пајс со The Maze во Германија во 1966 година, и беше импресиониран од осумнаесетгодишниот тапанар. Додека Вудман беше да си купи цигари, Блекмур набрзина договори аудиција за Пајс.[18] И Пајс и Еванс ги добија нивните места и поставата беше комплетирана.[19]
Бендот стартува во март 1968 година во Deeves Hall, кантри-клуб во Јужен Мимс, Хартфордшир.[20][21] Бендот свиреше во живо, пишуваше и правеше проби во Deeves Hall, кој беше целосно опремен со најновите засилувачи на Маршал.[22] После кратка турнеја во Данска и Шведска во април, каде настапуваа под името Roundabout, Блекмур предложи ново име: Дип парпл, според омилената песна на неговата баба.[16][22] Групата го одбра тоа име покрај Concrete God, за кое мислеа дека е премногу грубо.[23][24]
Mark I (1968–1969)
[уреди | уреди извор]Во мај 1968 година, бендот отиде во студијата „Пај“ во „Марбл Арч“, Лондон, за да го снимат нивниот деби-албум „Shades of Deep Purple“, кој беше издаден во јули.[25] Групата имаше успех во Северна Америка со преработката од Џо Саут, „Hush“ и до октомври 1968 година песната достигна до 4 место на Billboard Hot 100 во САД и 2 место на канадската RPM топ-листа.[26][27] Истиот месец, Дип парпл се договорија со Cream, да одат на нивната „Goodbye“ турнеја.[26]
Вториот албум на бендот, „The Book of Taliesyn“ (во кој се најде преработка од песната на Нил Дајмонд, „Kentucky Woman“), беше издаден во Северна Америка во склоп на турнејата, и достигна до 38 место на Билборд, и 21 место на RPM листата,[28][29] иако во нивната земја нема да биде издаден дури до наредната година. На почетокот на 1969 година Дип парпл го снимија нивниот трет албум, едноставно наречен „Deep Purple“. Албумот содржеше стрингсови на една песна („April“), што го покажа влијанието на класичарите, како што се Бах и Римски-Корсаков, претходници на Лорд. Незадоволни од можностите за сингл од овој албум, бендот исто така ја снимија „Emmaretta“, именувана според Емарета Маркс, тогаш глумица во мјузиклот „Коса“, која Еванс проба да ја заведе.[30] Ова ќе биде последната снимка со оригиналната постава.
Продуцентската куќа на Дип парпл, Tetragrammaton од Северна Америка, која имаше некои проблеми го одложи продуцирањето на албумот „Deep Purple“, за после завршувањето на американската турнеја на бендот во 1969 година. Ова, како и недоволната промоција од продуцентската куќа која беше пред распаѓање, предизвика мала продажба на албумот, кој не се ни најде на топ-листата Билборд 100. Кратко по издавањето на третиот албум, Tetragrammaton се распадна и го остави бендот без пари и иднина (средствата од Tetragrammaton беа одземени од Варнер Брос. Рекордс, кои ќе ги издадат албумите на Дип парпл во САД во седумдесеттите). Во текот на американската турнеја во 1969 година, Лорд и Блекмур се состанаа со Пајс да дискутираат за да продолжат со хеви-рок насоката со бендот. Чувствувајќи дека Еванс и Симпер нема добро да се вклопат во хеви-рок стил, ги заменаа тоа лето.[31] Пајс изјави „Мораше да дојде до промена. Ако тие не си заминеа, бендот би бил потполно дезинтегриран“.
Барајќи вокална замена, на Блекмур му се допадна деветнаесетгодишниот пејач Тери Рид, кој одби слична можност да пее во ново-формираните Лед Цепелин, една година порано. Иако Рид ја сметаше оваа понуда како да му „ласкаат“, сепак беше обврзан да го исполни договорот со неговиот продуцент Мики Мост и беше повеќе заинтересиран за неговата соло-кариера.[32] Блекмур немаше друг избор освен да бара на друго место. Бендот го „улови“ Ијан Гилан, од Episode Six, бенд кој имаше издадено повеќе синглови во Велика Британија, без да достигнат комерцијален успех. Гилан еднаш разговарал со Ник Симпер кога Дип парпл се формирале, но Гилам му рекол дека проектот Roundabout нема да стигне никаде, додека чувсвуваше дека Епизоуд сикс ќе доживее голем успех. Тапанарот на Сикс, Мик Андервуд, - стар пријател на Блекмур од неговите дена во Севиџ – на бендот им ги претстави Гилан и басисот Роџер Гловер. Ова делотворно ги уби Епизоуд сикс и му наби комплекс на вина на Андервуд, што траеше скоро една деценија, додека Гилан го регрутира за неговиот пост-Парпл бенд во доцните седумдесетти. Ова ја создаде поставата Mark II на Дип парпл,[33] чиј прв сингл беше „Hallelujah“.[34] И покрај тоа што се појавија на телевизија за да го промовираат синглот во Велика Британија, песната пропадна.[34] Блекмур им имаше речено на Рекорд Мирор дека тие „треба да имаат комерцијален сингл во Британија“, и ја опиша песната како „нешто измеѓу“ – медиумски повеќе отколку што бендот би направил без додаден комерцијален мотив.[34]
Mark II (1969–1973)
[уреди | уреди извор]Бендот стекна многу потревен публицитет во септември 1969 година, со „Концертот за група и оркестар“, дело во три дела, компонирано од Лорд како соло проект и изведен од бендот во Ројал Алберт Хол со Кралскиот филхармониски оркестар, диригиран од Малколм Арнолд.[26] Заедно со Five Bridges од the Nice, тоа беше едно од првите соработки меѓу рок бенд и оркестар. Овој жив албум, „Концерт за група и оркестар“ беше нивниот прв албум кој доживеа успех и достигна на топ-листите во Велика Британија.[35] Меѓутоа, Гилан и Блекмур беа помалку од среќни што бендот беше нарекуван „група што свири со оркестри“ во тоа време; а тие во тоа време сакаа да го одведат бендот во потежок, хард-рок стил. Без оглед на ова, Лорд го напиша Gemini Suite, уште една соработка на оркестар/група во ист стил, за бендот во доцните седумдесетти. Роџер Гловер подоцна изјави дека Џон Лорд беше водачот на бендот во раните години.[36]
Кратко по оркестралниот албум, Дип парпл тргнаа на избрзана турнеја и снимање што им остави малку време за одмор во наредните три години. Нивниот прв студиски албум во овој период, издаден на средина од седумдесеттите, беше „In Rock“, кој ги содржеше тогаш концертните „Speed King“, „Into The Fire“ и „Child in Time“. Бендот исто така го издаде синглот „Black Night“, кој беше помеѓу првите десет на листата во Велика Британија.[37] Солирањето на гитара на Блекмур и дистрозираната органа на Лорд, заедно со „завивачките“ вокали на Гилан и ритам секцијата на Гловер и Пајс, сега почнаа да имаат уникатен идентитет што подоцна го одвои бендот од раните албуми.[38] Заедно со албумите Led Zeppelin II од Led Zeppelin и Paranoid од Black Sabbath, „In Rock“ го дефинираа хеви-метал жанрот.[2]
Вториот албум на поставата Mark II, креативно прогресивниот „Fireball“, беше издаден во летото 1971 година. Насловната песна „Fireball“ беше издаден како сингл, како и „Strange Kind of Woman“, не од албумот, но снимени за време на истите сесии (иако таа ја замена „Demon’s Eye“ на американската верзија од албумот).[39]
Само неколку недели по издавањето на „Fireball“, бендот веќе имаше почнато да изведува песни планирани за наредниот албум. Една песна (која подоцна стана „Highway Star“) беше изведена на првата свирка од турнејата за „Fireball“, а ја напишаа во автобус на патот за концерт во Портсмут, како одговор на прашање од новинар: „Како ги пишувате песните?“[40] Три месеци подоцна, во декември 1971 година, бендот отпатува во Швајцарија за да го сними „Machine Head“. Албумот требаше да биде снимен во казино во Монтро, користејќи го студиото Rolling Stones Mobile Studio, но во текот на свирката на Френк Запа и the Mothers of Invention, избувна пожар, предизвикан од човек кој пукна со пиштол во таванот и го запали казиното. Инцидентот фамозно ја инспирира песната „Smoke on the Water“. Албумот беше подоцна снимен во еден ходник во скоро празниот Гранд хотел.[41][42][43]
Продолжувајќи таму каде што претходните албуми застанаа, „Machine Head“ стана еден од најпознатите албуми на бендот. Достигна до 1 место во Велика Британија, 7 место во САД,[44] и содржеше песни кои станаа живи класики, како што се „Highway Star“, „Space Truckin’“, „Lazy“ и „Smoke on the Water“, по која Дип парпл се најпознати.[37][45] Дип парпл продолжи со турнејата и да снима засилено; кога „Machine Head“ беше снимен, група беше заедно само три и пол години, а сепак албумот им беше нивно седмо цеде. Во меѓувреме, бендот отиде на четири турнеи во Северна Америка во 1972 година, и јапонска турнеја каде што се сними албум во живо „Made in Japan“ и се продаде во дупли-винилски тираж. Првобитно тој беше наменет само за во Јапонија, а кога се издаде секаде набргу стана хит. Останува еден од најпопуларните и најпродаваните живи-концертни албуми во рок-музиката[46] (иако во тоа време на него можеви се гледаше како помалку важен, бидејќи само Гловер и Пајс го миксаа).
Класичната Марк 2 постава на Дип парпл продолжи со работа, и го издаде албумот „Who Do We Think We Are“ (1973 година), со синглот „Woman from Tokyo“, но тензиите и напнатоста во бендот беа позабележителни од кога и да е. На повеќе начини бендот стана жртва на неговиот личен успех. После успесите од „Machine Head“ и „Made in Japan“, додавањато на „Who Do We Think We Are“, ги направи најпродаваните изведувачи во 1973 година во САД.[47][48]
Јан Гилан, во едно интервју во 1984 година, призна дека бендот беше присилуван од менаџментот да го заврши албумот на време и да оди на турнеја, иако нив многу им требаше одмор.[49] Чувствата на бендот кулминираа кога Гилан, а подоцна и Гловер, го напуштија бендот после нивната втора турнеја во Јапонија во летото 1973 година поради тензиите со Блекмур.[50][51][52]
Mark III (1973–1975)
[уреди | уреди извор]Бендот прво го најми басистот и вокалист Глен Хјуз, од Трапез. Според Јан Пајс, Гловер им имаше кажано нему и на Лорд дека сака да го напушти бендот неколку месеци пред неговата официјална отставка, па затоа тие почнаа да одат на настапите на Трапез. Откако го зедоа Хјуз, тие дебатираа за тоа да продолжат како бенд од четворица, со Хјуз како басист и вокалист.[53][54] Според Хјуз, тој требаше да им се придружи и дека бендот ќе го земи Пол Роџерс од Фри, и заедно да бидат главни вокалисти, но тогаш Роџерс само што започна со Bad Company.[55] Наместо тоа, беа одржани аудиции за главен вокал. Тие го одбраа Дејвид Ковердејл, непознат пејач од Saltburn, Северна Англија, првично бидејќи на Блекмур му се допадна неговиот машки, блуз глас.[54]
Првиот албум со оваа постаца, под наслов „Burn“, доживеа голем успех (втор албум, после „Machine Head“, што влезе во топ 10 во САД), и беше проследен со уште една светска турнеја.[44] Насловната песна „Burn“, со која започнуваше албумот, беше голем труд на бендот за да го опфатат прогресив-рок движењето што беше популаризирано од бендовите како што се Yes, King Crimson, Emerson, Lake & Palmer, Genesis and Gentle Giant. „Burn“ беше комплициран албум кој ги покажуваше музичките виртуозности на сите членови на бендот и особено класичните влијанија во солажите на Блекмур. Во албумот исто ги има вокалните хармонии на Хјуз и Ковердејл, како и елементи од фанк и блуз, звук на бендот што е уште позабележителен во албумот „Stormbringer“, издаден кон крајот на 1974 година. Покрај насловната песна, албумот „Stormbringer“ имаше голем број песни што се пуштаа на радио, како што се „Lady Double Dealer“, „The Gypsy“, и „Soldier Of Fortune“. Меѓутоа, Блекмур јавно кажа дека не му се допаѓа албумот и фанки-сол елементите, дури и го нарече „весела музика“. Како резултат на тоа, тој го напушти бендот на 21 јуни 1975 година и формира свој сопствен бенд со Рони Џејмс Дио од Елф, под името Ritchie Blackmore’s Rainbow, подоцна скратен во Rainbow, после еден албум.
Новата постава продолжи во 1974 година, и нивната пролетна турнеја вклучи настапи во Медисон Сквер Гарден, Њујорк на 13 март и Насо Колосеумот, четири дена подоцна.[56] Бендот тогаш свиреше на познатиот фестивал „Калифорнија Џем“ на Онтарио Мотор Спидвеј, на 6 април 1974 година, во Калифорнија. Привлекоа над 250 000 обожаватели. На фестивалот исто така свиреја рок-џиновите од седумдесеттите Black Sabbath, Eagles и Earth, Wind & Fire.[57] Делови од шоуто беа емитувани на ЕјБиСи телевизијата во САД, претставувајќи го бендот на поширока публика. За време на шоуто, Блекмор ги полил своите засилувачи со бензин и ги запалил, правејќи дупка на сцената.[58]
Хјуз и Ковердејл донеле вокални хармонии и елементи на фанк и блуз, соодветно, во музиката на групата, звук кој бил уште позабележителен на крајот од 1974 година на албумот Stormbringer .[54] Покрај насловната песна, албумот Stormbringer имал многу песни кои биле често емитувани на радио, како:„Lady Double Dealer“, „The Gypsy“ и „ Soldier of Fortune “, а албумот достигнал 6-то место во ОК и Бр. 20 на американската Билборд листа.[44] Сепак, Блекмор изразил јавно незадоволство од поголемиот дел од албумот, со потсмев нарекувајќи го „музика за четкање чевли“ поради неговите фанк и соул елементи.[59][60][61] Летото 1975 година бил направен нов албум во живо, Made in Europe, составен од три концерти од турнејата Stormbringer, но ќе се појави дури кон крајот на 1976 година. Блекмор ја напуштил групата на 21 јуни 1975 година за да основа своја група со Рони Џејмс Дио од Elf, наречена Ritchie Blackmore's Rainbow, скратена на Rainbow по првиот албум.[62]
Mark IV (1975–1976)
[уреди | уреди извор]Со заминувањето на Блекмур, Дип парпл беа оставени да пополнат едно од најголемите места во рок-музиката. Без оглед на тоа, бендот не запре и на изненадување на многу долгогодишните обожаватели, најави замена за Блекмур: Американецот Томи Болин.[63] Има најмалку две верзии за регрутирањето на Болин: Ковердејл тврди дека тој ја предложи аудицијата на Болин.[64] „Дојде набрзина, со зелено офарбана коса, жолта и сина со пердуви во неа. Со него се прикраде една прекрасна девојка од Хаваи со фустан без ништо под него. Се вклучи во 4 100-ватни Маршали и... останатото беше на него.“ Но во едно интервју објавено од Мелоди мејкер, во јуни 1975 година, Болин самиот тврди дека отиде на аудицијата следејќи ја препораката од Блекмур.[65] Болин беше член на многу сега-заборавени бендови од доцните шеесетти, Дени енд д Трајумфс, Американ Стандард и Зефа, кои имаат издадено три албуми од 1969-72 година. Пред Дип парпл, најпознатите албуми на Болин беа направени со Били Кобам, како сесиски музичар, на џез албумот „Спектрум“ од 1973 година, и како замена за Џо Волш на два албуми на Џејмс Генг: „Бенг“ (1973 година) и „Мајами“ (1974 година). Тој исто така има свирено со икони како Д-р Џон, Алберт Кинг, Д Гуд Ретс, Мокси и Алфонс Музон, и беше зафатен работејќи на неговиот прв соло-албум, „Теaser“, кога ја прифати поканата за приклучување на Дип парпл.[66]
Албумот што резултираше, „Come Taste the Band“, беше издаден во октомври 1975 година. Покрај мешаните критики, колекцијата го оживеа бендот уште еднаш, додавајќи нов, екстремен фанк раб на нивниот Хард-рок звук.[67] Влијанието на Болин беше суштинско, и со охрабрување од Хјуз и Ковердејл, гитаристот го разработи повеќето од материјалот. Подоцна, личните проблеми со дрога почнаа да се манифестираат, и после откажаните настапи и недовршените изведби на концертите, бендот беше во опасност.
Растурање на бендот, соло-проекти (1976–1984)
[уреди | уреди извор]Крајот на турнејата беше во Англија, на 15 март 1976 година во Liverpool Empire Theatrе.[68] Ковердејл постојано ја напушташе сцената со солзи во очите и зборуваше за неговото напуштање на бендот, за што рече дека нема останато ништо од бендот за да го напушти. Одлуката за растурање на Дип парпл беше направена некое време пред последниот настап од Лорд и Пајс (единствените оригинални членови), кои не кажаа на никој друг. Растурањето јавно го објавија во јули 1976 година.[69]
Подоцна, Болин го имаше завршено неговиот втор соло-албум, „Private Eyes“, кога на 4 декември 1976 година, се случи трагедија. Во Мајами, на турнеја со Џеф Бек, неговата девојка го најде Болин во несвест. Не можејќи да го разбуди, таа набрзина викна брза помош, но веќе беше предоцна. Официјалната причина за неговата смрт беше предозираност од повеќе дроги. Болин имаше 25 години.[66]
После растурањето, многу од поранешните и сегашните членови достигнаа значителен успех во голем број други бендови, меѓу кои Gillan, Whitesnake, Блек Сабат и Rainbow. Меѓутоа имаше доста промотери кои се обидуваа да го натера бендот повторно да се обедини, особено со оживувањето на хард рок пазарот кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите. Во 1980 година, некои членови од бендот кои беа на турнеја се соочија со Род Еванс (единствениот член кој некогаш бил во Дип парпл), кој го користеше името без дозвола. Поради тоа тој им плати 672 000 долари.[70]
Повторно обединување на Mark II поставата (1984–1989)
[уреди | уреди извор]Во април 1984 година, осум години после распаѓањето на Дип парпл, се случи оригинално (и легално) повторно обединување со „класичната“ Mark II постава од раните седумдесетти – Гилан, Лорд, Блекмур, Гловер и Пајс.[71][72] Реоформираниот бенд потпиша меѓународен договор со Полиграм, со Меркјури рекордс, издавајќи нивни албуми во САД, и Полидор рекордс во Велика Британија и други земји. Албумот „Perfect Strangers“ беше снимен во Вермонт и издаден во октомври 1984 година. Солидно издание, се продаде добро (достигна до 5 место во Велика Британија и 17 место на Билборд 200 во САД)[44][73] и ги содржи сингловите и концертните „химни“ „Knockin’ at Your Back Door“ и „Perfect Strangers“.[74]
Потоа следуваше турнеја за повторното обединување, започнувајќи во Австралија, па ширум светот до Северна Америка, потоа во Европа во наредното лето. Финансиски, турнејата имаше исто така огромен успех. Во САД, турнејата во 1985 година ги надмина сите освен таа на Брус Спрингстин.[75] На 22 јуни 1985 година бендот одржа концерт во Небврт (со главна поддршка од Скорпионс; исто така на концертот настапија ЈуЕфОу и Мит Лоуф), каде времето беше лошо (пороен дожд и кал од 6 инчи) пред 80 000 обожаватели.[76]
Во 1987 година, поставата Марк 2 го издаде „The House of Blue Light“, кој беше проследен со светска турнеја (која беше прекината кога Блекмур си го скрши прстот на сцена кога проба да ја фати неговата гитара која ја фрли во воздух) и уште еден албум во живо, „Никој не е совршен“ (1988 година), кој имаше неколку неуспешни настапи, но сепак беше заснован на досега познатата список на песни од „Made in Japan“. Во Велика Британија беше издадена нова верзија од „Hush“ (со Гилан како вокал) за да се одбележи 20-годиншнината од постоењето на бендот.
Марк V (1989–1992)
[уреди | уреди извор]Во 1989 година Гилан беше отпуштен поради неговите повторно заострени односи со Блекмур. Во прво време, бендот сакаше да го регрутира фронтменот на Срвајвр, Џими Џејмисон, како замена за Гилан, но ова пропадна поради компликации со продуцентската куќа на Џејмисон.[77][78] На крајот, после аудициите на многу високорангирани кандидати, меѓу кои Брајан Хау (Вајт спирит, Тед Нуџент, Бед компани), Даг Пиник (Кингс екс), Австралијанците Џими Барнс (Колд шисел) и Џон Фарнам (Литл ривр бенд), Тери Брок (Стрејнџуејс, Џајнт) и Норман „Кал“ Суан (Тајтан, Лајон, Бед мун рајзинг),[79] тие го одбраа Џо Лин Тарнер. Оваа Марк 5 постава, сними само еден албум, „Slaves and Masters“ (1990 година) и направи турнеја со него. Достигна скромен успех и достигна до 87 место на Билборд топ-листите во САД,[73] но некои обожаватели него го критикуваа како малку повеќе „Дип Рејнбоу“ албум.
Второ обединување на Марк II (1992–1993) и Марк VI (1993–1994)
[уреди | уреди извор]Кога турнејата заврши, Тарнер беше приморан да си оди, бидејќи Лорд, Пајс и Гловер (и продуцентската куќа) го сакаше Гилан назад за нивната 25 годишнина тврдоглаво одби, после барањето и најпосле примањето на 250 000 долари на неговата сметка[80] и класичната постава го сними „The Battle Rages On...“.
Но Гилан го преработи повеќето од постоечкиот материјал за албумот. Како резултат на тоа, Блекмур се исфрустира кога поради, според него, немелодичните елементи.[81] На една европска турнеја (која инаку би била успешна), во ноември 1993 година Блекмур си замина и никогаш не се врати.[82] Џо Сатријани беше повикан за да ги заврши концертите во Јапонија во декември и остана за европската турнеја во 1994 година. Го прашаа дали сака да им се придружи засекогаш, но неговиот договор за снимање го спречи тоа. Бендот без размислување го одбра гитаристот на Дикси дрегс и Канзас, Стив Морс, за да биде наследникот на Сатријани.[83]
Mark VII (1994–2002)
[уреди | уреди извор]Доаѓањето на Морс креативно го ревитализира бендот, и во 1996 година беше издаден нов албум под името „Purpendicular“, во кој се најдоа многу различни музички стилови, иако тој не успеа да стигне до Билборд 200 во САД.[73] Поставата Марк 7, во 1997 година, го издаде новиот албум во живо „Live at The Olympia '96“ во 1997 година. Со ревитализиран список на песни за на турнја, Дип парпл уживаа успешни турнеи до крајот на деведесеттите, го издадоа потешкиот „Напуштање“ во 1998 година, и продолжија да одат на турнеи со обновен ентузијазам. Во 1999 година, Лорд, со помош на холандски обожавател, кој исто така беше музиколог и композитор, Марко де Гоеј, внимателно го рекреираа „Концертот за група и оркестар“. Беше изведен по вторпат во Салата Ројал Алберт, во септември 1999 година, овој пат со Лондонскиот Симфониски Оркестар, диригиран од Пол Ман.[84] На концертот исто така имаше и песни од соло-кариерите на сите членови, како и кратка листа од Дип парпл, и сето тоа беше комеморирано на албумот „Во живо во Салата Ројал Алберт“.[84] На почетокот на 2001 година, беа изведени два слични концерти во Токио и издадени како дел од „The Soundboard Series“.[85]
Наредните неколку години главно ги поминаа на турнеја. Групата продолжи до 2002 година, кога основачот на групата, Лорд (кој, заедно со Пајс, беше единствениот член кој беше во сите инкарнации на бендот,) го најави неговото пријателско пензионирање од бендот за да работи на сопствени проекти (особено оркестрална музика). Лорд ја остави неговата Хамонд органа на неговата замена. Рок-клавијатуристот Дон Ајри (Рејнбоу, Ози Озборн, Блек Сабат, Вајтснејк), кој им помогна на Дип парпл кога во 2001 година, Лорд си го повреди коленото, им се придружи.
Mark VIII (2002–2022)
[уреди | уреди извор]Во 2003 година, Дип парпл го издаде нивниот прв студиски албум после пет години („Bananas“) и веднаш тргна на турнеја со него. ЕМИ рекордс го одбија продолжувањето на договорот со Дип парпл, можеби поради помалку од очекуваната продажба. Всушност „In Concert with The London Symphony Orchestra“ се продаде повеќе отколку „Bananas“.[86]
Во јули 2005 година, бендот свиреше на концертот „Живи 8“ во Парк Плејс (Бери, Онтарио) и во котомври истата година го издадоа нивниот следен албум „Rapture of the Deep“. Тој беше проследен со турнеја. Продуцент на овие два студиски албуми, со оваа постава Марк 8, беше Мајкл Бредфорд,[87] кој е познат рап и поп-музичар. Во 2009 година Јан Гилан изјави, „Продажбата на албумите е мала, но луѓето би платиле многу пари за билет за на концерт“.[88]
Во февруари 2007 година, Гилан ги замоли обожавателите да не го купуваат албумот во живо „Come Hell or High Water“, издаден од Сони БМГ. Ова беше снимка од настап во 1993 година во NEC во Бирмингем, кога Гилан и Ричи Блекмур едвај си зборуваа. Снимките од овој настап беа претходно издадени без отпор од Гилан или некој друг член, но тој рече: „Тоа беше еден од најниските моменти во мојот живот – всушност од нашите животи“.
После многу позитивни и негативни пораки и шпекулации за тоа колку ќе трае бендот после „Rapture of the Deep“, Стив Морс за француското списание Рок Хард дека наскоро ќе започнат со работа за нов албум, кој ќе биде пордуциран од високопочитуваниот Боб Ерзин.
На почетокот на 2011 година, Дејвид Ковердејл и Глен Хјуз им кажаа дека би сакале повторно да се обединат со поранешната постава Марк 3, на Дип парпл, со добра намера, како што е хуманитерен концерт. Сегашниот главен звучен инженер на бендот, после седум години одење на турнеи, Мореј Мекмилин, почина во септември 2011 година на 57 години.
Марк IX (2022-сега)
[уреди | уреди извор]Во март 2022 година, Морс објавил дека мора да направи пауза од групата откако на неговата сопруга ѝ бил дијагностициран рак. Групата, која од неодамна почнала повторно да настапува во живо, продолжила со турнејата со Сајмон Мекбрајд, поранешен член на Sweet Savage.[89] На 23 јули 2022 година, било објавено дека Морс нема да се врати во групата со цел да се грижи за неговата сопруга додека таа се бори со ракот.[90] Подоцна истиот септември, Мекбрајд станал официјален член на групата.[91]
Наследство
[уреди | уреди извор]Дип парпл, заедно со Лед Цепелин и Блек Сабат се нарекувани пионери на хард рокот и хеви металот.[2][92] Групата има влијаено на голем број на рок бендови, меѓу кои Металика,[93] Queen,[94] Aerosmith,[95] Ван Хален,[96] Alice in Chains,[97] Pantera,[98] Бон Џови,[99] Rush,[100] Motörhead,[101] како и многу бендови кои негуваат Нов бран на британски хеви метал, како што се Iron Maiden,[102] Judas Priest[103] и Def Leppard.[104] Басистот и главниот писател на песните на Ајрон Мејден, Стив Харис, изјави дека „тежината“ на бендот беше главно инспирирана од „Блек сабат и Дип парпл и малку од Лед цепелин“.[105] Вокалистот на Деф лепард, Џо Елиот, има речено, „Во 1971 година имаше три бендови кои беа важни, Лед цепелин, Блек сабат и Дип парпл“. Во 2000 година, Дип парпл беа рангирани на 22 место на програмата на ВиЕјчУан, „100 најголеми хард рок изведувачи“.
Куќа на славата на рокенролот
[уреди | уреди извор]До октомври 2012 година, Deep Purple воопшто не биле номинирани за воведување во Куќата на славата на рокенролот (иако тие ги исполнувале условите од 1993 година), но биле номинирани за внесување во 2012 и 2013 година.[106][107] Гитаристот на Тото, Стив Лукатер, искоментирал „ја ставија Пети Смит но не и Дип парпл? Која е првата песна што секое дете ја учи? („Smoke on the Water“)... и тие не се во Рокенрол салата на славните? ... Рокенрол салата на славните не е повеќе кул“.[108] Поранешниот гитарист на Guns N' Roses, Слеш, појасни дека е изненаден и не се сложува со тоа што Дип парпл немаат влезено; „Списокот на луѓе кои не се ни номинирани е голема... Најголемо изненадување за мене се Дип парпл. Како смееш да не ги примиш Дип парпл?“.[109][110] Кога тапанарот на Металика, Ларс Улрих, беше запрашан кој бенд сака да го види каде што влегува во Рок салата, тој посочи кон Дип парпл.[111][112]
Во април 2015 година, Deep Purple бил на врвот на листата од спроведената анкета на читателите на Rolling Stone за музичари кои треба да бидат примени во Куќата на славните во 2016 година [113] Во октомври 2015 година, групата била номинирана за примање по трет пат.[114] Во декември 2015 година, било најавено дека групата ќе биде примена во 2016 година, при што официјалните лица изјавиле: „Невклучувањето на Deep Purple во Куќата е голема дупка што сега мора да се пополни“, додавајќи дека заедно со другите веќе примени групи Лед Цепелин и Блек Сабат, групата го сочинува „Светото Тројство на хард-рок и метал групите“.[115] Официјално била примена на 8 април 2016 година. Куќата на славата објавила дека следниве членови од групата се сметаат за примени: Ијан Пејс, Џон Лорд, Ричи Блекмор, Роџер Гловер, Иан Гилан, Род Еванс, Дејвид Ковердејл и Глен Хјуз. Исклучени од внесување биле Ник Симпер, Томи Болин, Џо Лин Тарнер, Џо Сатријани, Стив Морс и Дон Ери.[116]
Членови на бендот
[уреди | уреди извор]Сегашни членови:
[уреди | уреди извор]- Јан Пајс – тапани, перкусии (1968-1976 година, 1984-досега);
- Јан Гилан – главен вокал, хармоника, конги (1969-1973 година, 1984-1989 година, 1992-досега);
- Роџер Гловер – бас (1969-1973 година, 1984-досега);
- Стив Морс – гитара (1994-досега);
- Дон Ајри – клавијатури (2002-досега).
Поранешни членови:
[уреди | уреди извор]- Џон Лорд – клавијатури, органа, следечки вокали (1968-1976 година, 1984-2002 година);
- Ричи Блекмур – гитара (1968-1975 година, 1984-1993 година);
- Ник Симпер – бас, следечки вокали (1968-1969 година);
- Род Еванс – главен вокал (1968-1969 година);
- Глен Хјуз – бас, вокали (1973-1976 година);
- Дејвид Ковердејл – главен вокал (1973-1976 година);
- Томи Болин – гитара, следечки вокали (1975-1976 година, почина во 1976 година);
- Џо Лин Тарнер – главен вокал (1989-1991 година);
- Џо Сатријани – гитара (1993-1994 година).
Светски турнеи
[уреди | уреди извор]Дип парпл се сметаат за еден од бендовите кои имаат најмногу турнеи. Од 1968 година до денес (со исклучок на нивното растурање од 1976-1984 година) тие продолжија да одат на турнеи насекаде во светот. ВО 2007 година, бендот доби посебна награда за продажба од повеќе од 150 000 билети во Франција, со 40 настапи во земјата, само во 2007 година. Исто така во 2007 година, турнејата „Rapture of the Deep“ на Дип парпл беше изгласана за 6 најдобра турнеја во таа година (во сите музички жанрови) од слушателите на Планет Рок. Турнејата „A Bigger Bang“ на Ролинг стоунс беше на 5 место и ја победи турнејата на Дип парпл со само 1%. Дип парпл, во мај 2008 година, издаде нова компилација во живо на ДиВиДи „Уште еден свет во живо“. Во февруари 2008 година, бендот за прв настапи во Москва, на „Кремлин“ на лично барање на Димитриј Медведев, кој во тоа време се сметаше за следниот наследник на претседателското седиште на Русија. Бендот беше дел од забавата за Светското првенство во скијање FIS Nordic во Либерец, Чешка.
- Деби-турнеја „Дип парпл“, 1968 година;
- Турнеја „Сенки на Дип парпл“,1968 година;
- Турнеја „Книгата за Талисин“,1968 година;
- Европска турнеја на Дип парпл, (пред турнејата за „Во рок“) 1969-1970 година;
- Светска турнеја „Во рок“, 1970-1971 година;
- Светска турнеја „Fireball“, 1971-1972 година;
- Светска турнеја „Machine Head“, 1972-1973 година;
- Европска турнеја „Дип парпл“, 1974 година;
- Светска турнеја „Гори“,1974 година;
- Светска турнеја „Stormbringer“,1974-1975 година;
- Светска турнеја „Целосни странци“, позната и под името „Повторно обединување“, 1984-1985 година;
- Светска турнеја „Куќата на синото светло“,1987-1988 година;
- Светска турнеја „Робови и господари“, 1991 година;
- Светска турнеја за 25-годишнината на Дип парпл, позната и под името „Битката продолжува“1993 година;
- Турнејата на Дип парпл и Џо Сатријани, 1993-1994 година;
- Тајната Мексиканска турнеја на Дип парпл (кратка турнеја за загревање со Стив Морс);
- Тајната турнеја на Дип парпл во САД, 1994-1995 година;
- Азиска и Африканска турнеја на Дип парпл 1995 година;
- Светска турнеја „Пурпурдикуларно“,1996-1997 година;
- Бенд на Светска турнеја, 1998-1999 година;
- Концертна Светска турнеја, 2000-2001 година;
- Светска турнеја „Дип парпл“, 2001-2003 година;
- Светска турнеја „Банани“, 2003-2005 година;
- Светска турнеја „Rapture of the Deep“, 2006-2011 година;
- Дип парпл: Турнеја „Песните што го основаа рокот“ 2011-2012 година;
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „History of Deep Purple, Ritchie Blackmore Meets Jon Lord (True))“.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Wasler, Robert (1993). Running with the Devil: power, gender, and madness in heavy metal music. Wesleyan University Press. стр. 10. ISBN 9780819562609.
- ↑ Michael Campbell & James Brody (2008). Rock and Roll: An Introducction. Cengage Learning. стр. 213. ISBN 978-0534642952.
- ↑ McWhirter, Ross (1975). Guinness Book of World Records (14. изд.). Sterling Pub. Co. стр. 242. ISBN 978-0-8069-0012-4.
- ↑ Jason Ankeny. „Deep Purple“. Allmusic. Посетено на 24 December 2011.
- ↑ "Jon Lord, keyboard player with seminal hard rock act Deep Purple, dies". CNN. Retrieved 25 July 2012
- ↑ "Deep Purple keyboard player Jon Lord dies aged 71". The Telegraph. Retrieved 25 July 2012
- ↑ "Deep Purple's Jon Lord dies at 71" . MSNBC. Retrieved 25 July 2012
- ↑ „Deep Purple reviews“. Ram.org.
- ↑ „Deep Purple Mark I & Mark II“. Rock.co.za.
- ↑ „VH1 Counts Down the '100 Greatest Artists of Hard Rock' In Five-Hour, Five-Night Special“. Архивирано од изворникот на 25 October 2012. Посетено на 8 July 2015.
- ↑ "Planet Rock: Most Influential Band Ever – The Results". Planet Rock. Retrieved 25 February 2013
- ↑ Thompson, Dave (2004). Smoke on the Water: The Deep Purple Story. ECW Press. ISBN 9781550226188. Посетено на 18 January 2011.
- ↑ Eder, Bruce. The Artwoods Allmusic. Retrieved 12 December 2011
- ↑ Robinson, Simon (July 1983). „Nick Simper Interview from "Darker than Blue", July 1983“. Darker than Blue. Nick Simper official website. Посетено на 15 January 2014.
- ↑ 16,0 16,1 Thompson, Dave. Chris Curtis Biography Allmusic. Retrieved 12 December 2011
- ↑ Robinson, Simon (July 1983). „Nick Simper Interview from "Darker than Blue", July 1983“. Darker than Blue. Nick Simper official website. Посетено на 15 January 2014.
- ↑ Robinson, Simon (July 1983). „Nick Simper Interview from "Darker than Blue", July 1983“. Darker than Blue. Nick Simper official website. Посетено на 15 January 2014.
- ↑ Welch, Chris. "The Story of Deep Purple." In Deep Purple: HM Photo Book, copyright 1983, Omnibus Press.
- ↑ Dafydd Rees, Luke Crampton (1999). "Rock stars encyclopedia" p.279. DK Publishing.
- ↑ Frame, Pete (2000). "Pete Frame's Rocking Around Britain" p.54. Music Sales Group, 2000
- ↑ 22,0 22,1 Jerry Bloom (2006). Black Knight: Ritchie Blackmore. Omnibus Press 2008. ISBN 9781846097577.
Blackmore has stated; "It was a song my grandmother used to play on the piano."
- ↑ Rock Formations: Categorical Answers to How Band Names Were Formed p.53. Cidermill Books. Retrieved 29 April 2011
- ↑ Tyler, Kieron On The Roundabout With Deep Purple Retrieved 29 April 2011
- ↑ Thompson, Dave (2004). "Smoke on the Water: The Deep Purple Story" pp.41–42. ECW Press. Retrieved 19 February 2012
- ↑ 26,0 26,1 26,2 Miles, Barry (2009) The British Invasion: The Music, the Times, the Era p.264. Sterling Publishing Company, Inc., 2009
- ↑ The RPM 100: Deep Purple Library and Archives Canada. Retrieved 12 November 2011
- ↑ „The Book of Taliesyn Billboard Singles“. AllMusic. All Media Network. Посетено на 2 February 2014.
- ↑ „Top Singles – Volume 10, No. 16, December 16, 1968“. Library and Archives Canada. 16 December 1968. Посетено на 2 February 2014.
- ↑ Thompson, Dave (2004). "Smoke on the Water: The Deep Purple Story" p.324. ECW Press
- ↑ Joel Whitburn (2007). "The Billboard Albums: Includes Every Album That Made the Billboard 200 Chart". p.227. Record Research Inc., 2007
- ↑ „Interview: Singer and guitarist Terry Reid“. The Independent. 7 March 2007. Архивирано од изворникот на 2 May 2008. Посетено на 23 June 2015.
- ↑ „Deep Purple : specials/hcc/index.html“. www.thehighwaystar.com.
- ↑ 34,0 34,1 34,2 Bloom, Jerry (2008). "Black Knight: Ritchie Blackmore" p.128. Omnibus Press, 2008
- ↑ „Deep Purple The Official Charts Company“. Official Charts Company. Посетено на 24 December 2011.
- ↑ „A Highway Star: Deep Purple's Roger Glover Interviewed“. The Quietus. 20 January 2011.
- ↑ 37,0 37,1 Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums. London: Guinness World Records Limited
- ↑ Charlton, Katherine (2003). Rock Music Styles: A History. p. 241. McGraw Hill.
- ↑ Deep Purple: Fireball, AllMusic. Retrieved 12 November 2011
- ↑ „Highway Stars“. 15 September 2005. Архивирано од изворникот на 15 September 2005. Посетено на 11 May 2023.
- ↑ „Deep Purple revient sur le lieu où est né "Smoke on the Water"“. Tribune deGeneve. Посетено на 10 April 2020.
- ↑ „How Deep Purple created their best hit 'Smoke on the Water'“. The Independent. Посетено на 10 April 2020.
- ↑ Deep Purple release 'Machine Head' BBC. Retrieved 19 October 2011
- ↑ 44,0 44,1 44,2 44,3 "Deep Purple: UK Charts". Official Charts Company. Retrieved 27 February 2015
- ↑ Billboard – Machine Head, AllMusic. Retrieved 12 November 2011
- ↑ "Readers' Poll: The 10 Best Live Albums of All Time" Архивирано на 27 ноември 2012 г.. Rolling Stone. Retrieved 22 November 2012
- ↑ "Smoke on the Water: The Deep Purple Story". p.154.
- ↑ „RIAA Gold & Platinum database“. Recording Industry Association of America. Посетено на 9 January 2018.
- ↑ Deep Purple: The Interview. Interview picture disc, 1984, Mercury Records.
- ↑ Peter Buckley (2003). The Rough Guide to Rock p.279. Rough Guides. Retrieved 1 March 2012
- ↑ Mike Clifford, Pete Frame (1992). The Harmony Illustrated Encyclopedia of Rock, p.41. Harmony Books. Retrieved 1 March 2012
- ↑ Whitburn, Joel (2008). Joel Whitburn's Top Pop Singles 1955–2006, p.227. Record Research
- ↑ Liner notes for the 30th anniversary edition of Burn.
- ↑ 54,0 54,1 54,2 „Van der Lee, Matthijs. Burn review at“. Sputnikmusic.com. 15 October 2009. Посетено на 7 November 2010.
- ↑ „The Glenn Hughes Interview“. Vintage Rock.com. Архивирано од изворникот на 3 April 2012. Посетено на 29 October 2011.
- ↑ Smoke on the Water: The Deep Purple Story. p.158.
- ↑ „Deep Purple's Glenn Hughes digs into his past“. Sydney Morning Herald. Посетено на 25 September 2019.
- ↑ Ritchie Blackmore celebrating The California Jam (Part 2)|websource=https://www.https Архивирано на {{{2}}}.://www.youtube.com/watch?v=3fFlvPYpdNI
- ↑ "History" track on the "Deep Purple: History and Hits" DVD.
- ↑ Mike Jefferson (1 April 2009). „Deep Purple – Stormbringer“. Coffeerooms on Music. Архивирано од изворникот на 11 April 2021. Посетено на 8 December 2011.
- ↑ Steven Rosen (1975). „Ritchie Blackmore Interview“. Guitar International. Архивирано од изворникот на 22 December 2011.
- ↑ Dafydd Rees, Luke Crampton (1991). Rock Movers & Shakers, Volume 1991, Part 2. p.419. ABC-CLIO, 1991
- ↑ Thompson, Dave (2004). Smoke on the Water: The Deep Purple Story, pp.179–180.
- ↑ liner notes in the Deep Purple 4-CD boxed set:
- ↑ Deep Purple Appreciation Society (28 June 1975). „1975 Tommy Bolin interview“. Deep-purple.net. Посетено на 7 November 2010.
- ↑ 66,0 66,1 Nick Talevski (2006). Knocking on Heaven's Door: Rock Obituaries p.42-43. Omnibus Press, 2006
- ↑ Moffitt, Greg. „BBC - Music - Review of Deep Purple - Come Taste the Band: 35th Anniversary Edition“.
- ↑ Bloom, Jerry (2008) Black Knight: Ritchie Blackmore p.198. Omnibus Press. Retrieved 23 October 2011
- ↑ Smoke on the Water: The Deep Purple Story p. 191. Retrieved 23 October 2011
- ↑ Hartmut Kreckel (1998). „Rod Evans: The Dark Side of the Music Industry“. Captain Beyond website. Архивирано од изворникот на 13 March 2012.
- ↑ Billboard (18 May 1985). Deep Purple: 'Surprise Of The Year' Billboard. p.41. Retrieved 2 March 2012
- ↑ Pete Prown, Harvey P. Newquist (1997). Legends of rock guitar: the essential reference of rock's greatest guitarists p.65. Hal Leonard Corporation. Retrieved 2 March 2012
- ↑ 73,0 73,1 73,2 „Billboard album listings for Deep Purple“. AllMusic.com.
- ↑ Deep Purple: Perfect Strangers, AllMusic. Retrieved 2 March 2012
- ↑ „Jon Lord Interview at www.thehighwaystar.com“. Thehighwaystar.com. 12 February 1968. Посетено на 23 October 2011.
- ↑ „Knebworth House – Rock Concerts“. KnebworthHouse.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на 23 October 2011.
- ↑ „Interview: Jimi Jamison“. aor.nu. Архивирано од изворникот на 24 July 2011. Посетено на 15 December 2010.
- ↑ „25 Years of Deep Purple The Battle Rages On...:Interview with Jon Lord“. pictured within.com. Архивирано од изворникот на 17 May 2010. Посетено на 15 December 2010.
- ↑ Dave Thompson (2004). Smoke on the Water: The Deep Purple Story. стр. 259.
- ↑ George Anasontzis. „Ian Gillan Interview“. Rockpages.gr. Архивирано од изворникот на 22 October 2008. Посетено на 22 April 2013.
- ↑ Gillan, Ian; Cohen, David (1993). „Chapter 14“. Child in Time: The Life Story of the Singer from Deep Purple. Smith Gryphon Limited. ISBN 1-85685-048-X.
- ↑ Deep Purple live album withdrawn BBC News. Retrieved 2 March 2012
- ↑ Daniel Bukszpan, Ronnie James Dio (2003).The Encyclopedia of Heavy Metal p.56. Barnes & Noble Publishing. Retrieved 1 March 2012
- ↑ 84,0 84,1 Buckley, Peter (2003). The rough guide to rock. p.280. Rough Guides. Retrieved 23 October 2011
- ↑ "Soundboard Series: Australian Tour 2001". AllMusic. Retrieved 4 November 2012
- ↑ Garry Sharpe-Young (10 November 2005). „Roger Glover interview“. Rockdetector. Архивирано од изворникот на 9 February 2006.
- ↑ deep purple michael bradford. Billboard. 15 June 2002. стр. 12. Посетено на 1 March 2012.
- ↑ Mark Anstead (12 March 2009). „Deep Purple's Ian Gillan talks money“. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 10 January 2022.
- ↑ „Deep Purple's Steve Morse Announces Hiatus From the Band Following Wife's Cancer Diagnosis | Music News @“. Ultimate-guitar.com. 31 March 2022. Посетено на 14 July 2022.
- ↑ „Steve Morse Officially Quits Deep Purple To Care For Ailing Wife“. Blabbermouth.net. 23 July 2022. Посетено на 23 July 2022.
- ↑ „Deep Purple Officially Welcomes Guitarist Simon McBride As Permanent Member“. Blabbermouth.net. 16 September 2022. Посетено на 16 September 2022.
- ↑ Eduardo Rivadavia. "Deep Purple: Machine Head" Allmusic. Retrieved 6 March 2013
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Metallica AllMusic. Retrieved 22 February 2012
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Queen Retrieved 22 February 2012
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Aerosmith AllMusic. Retrieved 22 February 2012
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Van Halen AllMusic. Retrieved 22 February 2012
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Alice in Chains AllMusic. Retrieved 22 February 2012
- ↑ Birchmeier, Jason. Pantera AllMusic. Retrieved 26 February 2012
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Bon Jovi AllMusic. Retrieved 22 February 2012
- ↑ Ankeny, Jason. Rush AllMusic. Retrieved 26 February 2012
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Motorhead AllMusic. Retrieved 22 February 2012
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Iron Maiden AllMusic. Retrieved 22 February 2012
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Judas Priest AllMusic. Retrieved 22 February 2012
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. Def Leppard AllMusic. Retrieved 22 February 2012
- ↑ „IRON MAIDEN Bassist Talks About His Technique And Influences“. Archive.today. Архивирано од изворникот на 26 May 2012. Посетено на 23 August 2021.
- ↑ Andy Greene (4 October 2012). "Rush, Public Enemy, Deep Purple Nominated for Rock and Roll Hall of Fame" [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}.. Rolling Stone. Retrieved 11 October 2012
- ↑ "Rush, Deep Purple, Public Enemy Nominated for Rock Hall of Fame". Billboard. Retrieved 11 October 2012
- ↑ "Toto told Jann Wenner to 'stick it up his‘“ Future Rock Legends. Retrieved 22 February 2012
- ↑ Jane Stevenson (23 March 2012). "Slash plays to Canadian Crowd". Toronto Sun. Retrieved 27 April 2012
- ↑ "Slash on Closing the Book on Guns 'N' Roses at the Hall of Fame" Архивирано на 24 октомври 2017 г.. Rolling Stone. Retrieved 27 April 2012
- ↑ "Metallica Want to Avoid "Drama of a Van Halen" at Rock and Roll Hall of Fame Induction" [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}.. Rolling Stone. Retrieved 28 February 2012
- ↑ „Metallica Guitarist: 'Deep Purple Definitely Belongs in the Rock and Roll Hall of Game'“. Blabbermouth.net. 17 October 2012.
- ↑ Green, Andy (29 April 2015). „Readers Poll: 10 Acts That Should Enter the Hall of Fame in 2016“. rollingstone.com. Архивирано од изворникот на 11 October 2015. Посетено на 15 October 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „NWA, Deep Purple and Chicago enter Hall of Fame“. BBC. 17 December 2015.
- ↑ Reed, Ryan (21 December 2015). „Deep Purple Singer: Rock Hall Band Member Exclusions Are 'Very Silly'“. rollingstone.com. Архивирано од изворникот на 14 April 2016. Посетено на 12 April 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Deep Purple“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Официјална страница за промотери и прес
- Deep Purple на Curlie (англиски)
|