Fiber Distributed Data Interface
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Fiber Distributed Data Interface (FDDI) обезбедува 100 Mbit/s оптички стандард за пренос на податоци во Локална мрежа која може да се прошири во опсег до 200 километри (124 милји). Иако FDDI логичката топологија е прстенеста мрежа, таа не го користи IEEE 802.5 прстен протоколот како нејзина основа, наместо тоа нејзиниот протокол е изведен од IEEE 802,4. Со цел да покриваат пошироки географски подрачја FDDI локалните мрежи можат да поддржат илјадници корисници. Како стандарден основен медиум, тој користи оптички влакна, иако може да користи и бакарни кабли и во тој случај може да се однесува како CDDI (Copper Distributed Data Interface). FDDI нуди воедно и Dual-Attached Station (DAS) и обратновртечка прстенеста топологија и Single-Attached Station (SAS), знак магистрала што минува прстенеста топологија.
FDDI се сметаше за привлечна универзитетска столб технологија во почетокот до средината на деведесеттите години од кога постоечките Етернет мрежи нудеа само само 10 Mbit/s трансфер брзина и прстенестите мрежи само 4 Mbit/s или 16 Mbit/s брзина. Таков беше изборот на тоа време за висока брзина, но FDDI оттогаш беа делотворно заменети со брз Етернет кој ја нудел истата 100 Mbit/s брзина, но по многу пониска цена, а од 1998 година, од страна на Гигабит Етернет, поради неговата брзина, тој понудил дури и пониска цена и поголема присутност. FDDI , како производ на американскиот национален институт за стандарди X3T9.5 (сега X3T12), е во согласност со Open Systems Interconnection (OSI), модел на функционална слоевитост на мрежи со други протоколи. FDDI-II, верзија на FDDI, додава можност за додавање на кружно-пренасочен сервис на мрежата, така што исто така може да се справи со глас и видео сигнали. Отпочнато е со работа поврзувањето на FDDI мрежите со Synchronous Optical Network SONET кој е во развој.
FDDI мрежа содржи два прстена, еден како секундарна резерва во случај примарниот прстен да не успее. Примарната прстен нуди до 100 Mbit/s капацитет. Кога мрежа нема услови за секундарниот прстен да направи поддршка, тој исто така може да носи податоци, чиј капацитет се протега до 200 Mbit/s. Еден прстен може да се прошири на максимална далечина, а двојниот прстен може да се прошири на 100 километри (62 милји). FDDI има поголема максимална големината на рамката (4.352 бајти) од стандардните 100 Mbit/s Етернет кои поддржуваат само максимум на големината на рамката од 1.500 бајти, овозможувајќи поголем капацитет и продукција.
Дизајнерите вообичаено ги градат FDDI прстените во форма на двојни прстени на дрва. Многу мал број на уреди (обично инфраструктурни уреди како што се насочувачите и концентраторите многу повеќе отколку компјутерот домаќин) се поврзуваат со двата прстена – оттука доаѓа терминот "dual-attached" (двојно приврзана). Компјутерот домаќин тогаш поврзува како единствен независен уред со насочувачи или концентратори. Двојниот прстен и во неговата најдегенерирана едноставно се претопува во еден уред. Типично, соба со компјутери го содржи целиот двоен прстен, иако некои примени го развиле FDDI како Metropolitan Area Network (Метрополитен мрежа).
Ублажување на слабости
[уреди | уреди извор]FDDI ја бара оваа топологија на мрежата бидејќи секој двоен прстен поминува низ секој поврзан уред и бара секој таков уред да остане и понатаму оперативен. Стандардот всушност им овозоможува за оптички бајпаси, но мрежните инженери го сметаат ова за нестабилно и склоно на грешки. Уредите од типот на работни станици и мини компјутери кои можеби нема да потпаднат под контрола на менаџерите на мрежата не се вклопуваат во врската со двоен прстен. Како алтернатива во користењето двојно приврзана врска, работната станица може да го добие истиот степен на еластичност низ двоен дом врската направени истовремено на два одделни уреди во ист FDDI прстен. Една од врските станува активна додека другата е автоматски блокирана. Ако првата врска потфрли, резервниот линк ја презема работата без значително задоцнување.
Стандарди
[уреди | уреди извор]FDDI стандарди кои вклучуваат:
- ANSI X3.139-1987, Media Access Control (MAC) — исто така ISO 9314-2
- ANSI X3.148-1988, Physical Layer Protocol (PHY) — исто така ISO 9314-1
- ANSI X3.166-1989, Physical Medium Dependent (PMD) — исто така ISO 9314-3
- ANSI X3.184-1993, Single Mode Fiber Physical Medium Dependent (SMF-PMD) — исто така ISO 9314-4
- ANSI X3.229-1994, Station Management (SMT) — исто така ISO 9314-6
Извори
[уреди | уреди извор]- Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост на Генералната управа за документи "Федерален Стандард 1037C" Архивирано на 2 март 2009 г..
- Оваа статија првично беше врз основа на материјалот од Слободен On-line речник на компјутер, која е лиценцирана под ГЛСД.