The Elder Scrolls V: Skyrim
The Elder Scrolls V: Skyrim | |
---|---|
Изработувач(и) | Bethesda Game Studios |
Издавач(и) | Bethesda Softworks |
Режисер(и) | Тод Хауард |
Продуцент(и) |
|
Дизајнер(и) |
|
Програмер(и) | Гај Карвер |
Уметник(ци) | Метју Карофано |
Писател(и) | Емил Пагљаруло |
Композитор(и) | Џереми Соул |
Серијал | The Elder Scrolls |
Погон | Creation Engine |
Подлоги | |
Датум на издавање | 11 ноември 2011
|
Жанр(ови) | акција/игра со улоги |
Режим(и) | едноиграчки |
The Elder Scrolls V: Skyrim (буквално: Древните свитоци V: Скајрим) — сметачка игра во жанрот акција/RPG со отворен свет, развиена од Bethesda Game Studios и објавена од Bethesda Softworks. Ова е петтото продолжение од серијата The Elder Scrolls. Играта била објавена на 11 ноември 2011 г. за Windows, PlayStation 3 и Xbox 360. Подоцна била објавена во три преземливи содржини наречени Dawnguard, Hearthfire и Dragonborn, подоцна обединети во The Elder Scrolls V: Skyrim — Legendary Edition. Bethesda повторно ја објавила играта како посебно издание во 2016 г. и како јубилејно издание во 2021 г.; Овие изданија се разликувале од оригиналот со подобрена графика и вклучувале различни дополненија и видоизменувања.[1]
Како и претходните игри во серијата, Skyrim им дозволува на играчите слободно да истражуваат огромен играчки свет, сами да откриваат нови места и потраги. Приказната е сместена во класично фантастично опкружување, црпејќи вдахновение од скандинавската митологија и викиншката епоха. Се одвива во покраината Скајрим, двесте години по The Elder Scrolls IV: Oblivion. Главниот заплет се врти околу моќниот змеј Алдуин, а играчот познат како „Змејородениот“ мора да го запре враќањето на змејовите и да го победи Алдуин.[2]
Содржина
[уреди | уреди извор]Земјата Скајрим е вовлечена во крвава граѓанска војна помеѓу империјалната војска што ѝ служи на империјата Тамриел и нордиската бунтовничка војска на Буревесниците именувана по нивниот водач Улфрик Буревесник. Среде оваа војна, боговите го разбудиле најстариот змеј Алдуин што има способност да воскреснува починати змејови и да голта живи и мртви души. Но има еден што може да донесе мир, овој поединец има способност да ги впива душите на мртов змеј и да го користи за да го научи нивниот јазик. Луѓето ја нарекуваат таа личност Змејородениот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Nasamura, Seiji (April 21, 2011). „Interview with 'The Elder Scrolls V: Skyrim' executive producer, Mr. Todd Howard“ (јапонски). Game Watch. Архивирано од изворникот August 21, 2011. Посетено на September 21, 2011.
- ↑ Miller, Matt (February 2011). „Emerging From Legend (The Elder Scrolls V: Skyrim)“. Game Informer. Бр. 213. United States: GameStop Corporation. стр. 46–60.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]