„Till the World Ends“ е песна од америкаската пејачка Бритни Спирс. Издадена е како седмиот сингл од нејзиниот втор студиски албум Femme Fatale. „Till the World Ends“ е напишана од Луказ Готвалд, Макс Мартин, Александер Кронлунд и Кеша Себерт, а продуцирана од Готвалд, Мартин и Билборд. Главната инспирација за песната дошла од замислувањето на Кеша како Спирс и другите женски артисти одржуваат турнеи низ светот. „Till the World Ends“ протекла на интернет на 3 март 2011 и била дигитално издадена следниот ден. Песната е компонирана како забрзана електропоп и денс-поп песна со електро ритам и рефрен во кој Спирс пее за крајот на светот. „Till the World Ends“ добила позитивни критики од критичарите кои а нарекле добра песна за танц и го пофалиле нејзиниот звук.
Боливуд ремикс на „Till the World Ends“ бил направен од индиското музичко продуцентско дуо Салим и Сулејман Мерчант. The Femme Fatale Ремиксот на песната, содржи вокали од Ники Минаж и Кеша и бил издаден на 25 април 2011. Ремиксот содржи рап од Минаж во почетокот, нови вокали од Кеша и дебстеп краен дел. The Femme Fatale Ремиксот добил помешани оценки од критичарите; некои ја пофалиле разновидноста и рапот на Минаж, додека другите ги критикувале вокалите на Кеша. „Till the World Ends“ станала голем комерцијален успех влегувајќи меѓу првите десет места во шеснаесет земји вклучувајќи ги Австралија, Канада, Франција, Нов Зеланд и САД. The Femme Fatale Ремиксот го довел синглот во првите пет места на табелите во Канада и САД.
Музичкото видео за песната било издадено на 6 април 2011. Режирано од Реј Кеј, видеото ја прикажува Спирс на подземна забава на 21 декември 2012. Критичарите забележале сличности со музичкото видео за „I'm a Slave 4 U“ (2001) и дале позитивни критики. Кореографскиот исечок бил издаден на 15 април 2011. Спирс ја извела „Till the World Ends“ на телевизиските емисии Good Morning America и Jimmy Kimmel Live!. Друг настап заедно до Минаж бил изведен на Билборд Музичките Награди од 2011. Таа исто така ја изведувала песната на нејзината турнеја, Femme Fatale Tour (2011).
Во интервју со Spin на 11 февруари 2011, Кеша изјавила дека помогнала во пишување на песна заедно со Д-р Лук и Макс Мартин наречена „Till the World Ends“ за Femme Fatale. Таа објаснила дека песната била инспирирана од „мојата замисла како [Спирс] и која било друга женска музичарка одржува турнеи низ светот“, дополнувајќи дека „кога ќе излезете [sic] надвор и имате чудесна, магична ноќ и не сакате да одите на спиење и сакате да трае до крајот на светот.“[1] На 2 март 2011, омотот на синглот на кој Спирс седи на кауч во џемпер и потпетици, бил испратен до Deezer.com. Ова било проследено со краток дел од 30 секунди на песната кој се појавил на Amazon.de.[2] „Till the World Ends“ протекла на интернет на 3 март 2011 што ја натерало Спирс да напише на нејзиниот профил на Твитер, „Изгледа дека мачката е надвор од чантата...“[3][4] Таа формално го прикажала синглот на On Air with Ryan Seacrest, на 4 март 2011, во 10:00 Источна часовен појас (15:00 Координирано универзално време).[5] „Till the World Ends“ бил овозможен на iTunes истиот ден, неколку дена пред оригиналниот датум.[6] По прикажувањето, Кеша зборувала со MTV Вестите изјавувајќи „Јас се сметам себеси за текстописец пред и после сè, па затоа ми беше чест за пишувам за една од најголемите икони во поп-музиката.“[7] За време на интервју со Сикрест, Спирс ја опишала „Till the World Ends“ како „забавна. Ја сакам. Има добра енергија. [...] Јас сум личност за песни со добра ритам и мислам дека ги сакам песните за добро расположение, а ако некоја песна ме орасположува тогаш е добра за мене.“[8]