Џон Вејн
Џон Вејн John Wayne | |
---|---|
Вејн во Wake of the Red Witch (1948) | |
Роден(а) | Мерион Мајкл Морисон Marion Michael Morrison |
Почивалиште | Пасифик Вју Мемориал Парк Корона дел Мар, Калифорнија 33°36′37″N 117°51′14″W / 33.6102° СГШ; 117.8539° ЗГД |
Други имиња | Мерион Мајкл Морисон; Дјук |
Занимање | глумец |
Активен | 1926 — 1976 |
Сопружник | Џозефин Алиша Синз (1933 — 1945) Есперанца Баур (1946 — 1953) Пилар Палете (1954 — 1979) (до неговата смрт) |
Деца | Мајкл Вејн Патрик Вејн Џон Итан Вејн |
Мреж. место | JohnWayne.com WayneEnterprises.com |
Џон Вејн (англиски: John Wayne; 26 мај 1907 — 11 јуни 1979) — американски оскаровец, глумец кој е симбол на амриканската филмска индустрија. Тој е познат по неговиот изразит глас, неговиот ôд и огромниот физички изглед. Вејн исто така е познат по неговите конзервативни политички погледи и неговата поддршка во педесеттите години кон антикомунистичките движења. Тој е симбол на вестерн-филмовите.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Џон Вејн е роден како Мерион Роберт Морисон во Винтерсет, Ајова, но неговото име било променето во Мерион Мајкл Морисон откако неговите родители решиле нивниот следен син да го викаат Роберт. Неговото семејство било презвитеријанско. Неговиот татко, Клајд Леонард Морисон (1884-1937), бил од ирско, шкотско-ирско и англиско потекло, и син на ветеранот од Американската граѓанска војна, Мерион Мајкл Морисон (20 јануари 1845 &ndash 5 декември 1915). Мерион Мајкл е роден во Чери Форк, Адамс, Охајо, како син на Роберт Морисон и Мери Мичел. Неговата мајка, Мери Алберта Браун, била од ирско потекло.
Неговото семејство се преселило во Памдејл, Калифорнија, а потоа во Глендејл, Калифорнија во 1911 година, каде што неговиот татко работел како аптекар. Некој локален пожарникар од Глендејл почнал да го вика Вејн „Малиот Дјук” затоа што Вејн никаде не одел без неговото големо куче Дјук. Го викал Дјук наместо Мерион, и ова име му останало до крајот на неговиот живот.
Како тинејџер, Вејн работел како продавач на сладолед во локална продавница. Тој исто така бил активен член на младинската организација Редот на ДеМоле, којашто била поврзана со масоните. Завршил средно училиште во Глендејл. Вејн играл фудбал за училишниот тим во 1924 година.
Вејн аплицирал во Американската морнарска акедемија, но бил одбиен. Затоа тој се запишал на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Тој бил член на Trojan Knights и се приклучил на братството Sigma Chi. Вејн исто така играл за фудбалскиот тим на универзитетот под водство на легендарниот тренер Хауард Џејмс. Една повреда која му се случила додека сурфал со даска на вода на Полуостровот Балбоа, Њупорт Бич, ја спречила неговата спортска кариера. Поради таа повреда тој ја загубил спортската стипендијата и без пари бил принуден да го напушти школувањето.
Додека студирал на универзитетот, Вејн почнал да работи во локалните филмски студија. Вестерн ѕвездата Том Микс му дал сезонска работа како помошник во замена за билети за фудбалски наптревари, а подоцна Вејн почнал да добива поголеми задолженија. За тоа време тој многу се здружил со режисерот Џон Форд, кој почнал и да му ги дава тие задолженија. Пред тоа, Вејн се појавил неколкупати заедно со неговите соиграчи во филмови поврзани со фудбалскиот тим на универзитетот.
Филмска кариера
[уреди | уреди извор]Отако работел две години како помошник во “Fox Film Corporation“ за плата од 75$ неделно, неговато прво покажување било во филмот The Bid Trail во 1930 година. Неговото прво претставување како вестер глумец ги поставило неговите удни улоги, иако тој филм претставувал комецијален неуспех. Пред оваа улога, неговото име само еднаш накратко се појавило на крајот од филмот Words and Music, како “Duke Morrison“. Режисерот Раул Валш, кој го “открил“ Вејн, му предложил неговото сценско име да биде “Anthony Wayne“. Но ова име било отфлено од шефот на Fox Studios, Винфилд Шихан, кој сметал дека тоа име звучело многу “италијански“. Подоцна Валш го предложил “John Wayne“. Шихан се согласил и тоа име било прифатено иако Вејн не бил воопшто присутен во таа дискусија. Неговата плата била покачена на 105$ неделно.
Вејн продолжил да снима вестерн филмови, најмногу во Monogram Pictures, и серии во Mascot Pictures Corporation, вклучувајќи го The Three Musketeers (1913). Истовремено тој се појавува и во некој од The Three Mesquiteers вестерн серијалот на филмови. Вејн бил обучуван од каскадер, кој го научил да јава, да се движи и други вестерн вештини. Тој и познатиот каскадер Јакима Канут оформиле и усовршиле изведби кои и денеска се користат во фолмовите.
Започнувајќи во 1928 и се подоцна во следните 35 години, Вејн се појавил во преку дваесет филмови од Џон Форд, вклучувајќи ги : Stagecoach(1939), She Wore a Yellow Ribbon(1949), The Quiet Man(1952), The Searchers(1956), The Wings of Fagles(1957) и The Man Who Shot Liberty Valance(1962). Неговата изведба во Stagecoach го направи ѕвезда.
Неговиот прв филм “во боја“ беше Shepherd of the Hills(1941) во којшто Вејн се појавил со неговиот долгогодишен пријател Хари Кери. Истата година тој се појавил во единствениот филм режисиран од Керил Б.ДеМајл, Reap the Wild Wind, во којшто се појавил со Реј Миланд и Паулете Годард. Тоа беше една од ретките филмови каде што тој игра лик со споредна улога.
Во 1949, режисерот Роберт Росен му понуди улога во филмот All the King’s Men, Вејн одбил, верувајќи дека содржината била не-Американска. Бродрик Крафорд, глумецот кој ја добил улогата во филмот, во 1949 година добил оскар за најдобра машка улога, иронично победувајки го Вејн, кој бил номиниран со филмот Sands of Iwo Jima.
Вејн му ја препушти главната улогата на Грегори Пек во филмот The Gunfighter, бидејќи директорот на Columbia Pictures, Хари Кон, неколку години пред тоа го тормозел додека бил млад глумец.
Една од најпознатите улоги која ја игра Вејн е во The High and The Might(1954), режисиран од Вилиам Велман, филмован според новела од Ернест Ган. Улогата како херорсјки пилот му донесува пофалби од сеакаде.
Улогата во филмот The Searchers е една од неговите најдобри и најтешки изведби. Џон Вејн добил оскар за True Grit
Според мислењето на Internet Movie Database Вејн ја играл главната улога во 142 филмови. Batjack е продуцендската куќа преку која Вејн издаде многу филмови за него, но исто така и за дтуди ѕвезди.
Во последните години, Вејн бил сметан за американско богатство, а неговите критичари, политички и филмски, гледале кон него со поголема чест
Болеста од 1964
[уреди | уреди извор]Во 1964 год, кај Вејн бил пронајден рак на белите дробови, кој успешно бил излекуван со операција после пет години. Потоа Вејн продолжил да пие и да пуши цигари.
Политика
[уреди | уреди извор]Вејн бил конзервативен Републиканец. Тој зел улога во создавањето на Motion Picture Alliance for the Preservation of American Ideals во 1943 год и бил избран за нејзин претседател во 1947 г. Тој бил жесток анти-комунист.
Поради неговата огромана слава, Вејн како една од најголемие републикански ѕвезди во Холовуд, бил замолен од Републиканската Партија во Тексас да се кандидира на изборите. Но тоа Вејн го одбил велејќи дека гласачите не би сакале глумец во Белата Куќа. Поради огорманата антикомунистуичка политика што ја водел Вејн, било наредено да се извши атентат врз него од страна на руските служби. Таа задача не ја извршил Крушчеев кој одбил да го ликвидира Вејн.
Конфликт со војската
[уреди | уреди извор]Како што Америка стапила во Втората светска војна, таа ги мобилизирала сите мажи вклучивајки ги и глумците од Холивуд. Иако Џон Вејн имал голема желба да оди на фронт, сепак тој бил скриен од неговото студио, кое се закнувало дека ќе го раскине договорот со него ако отидел на фронт. Џон Вејн сметал дека тоа била неговата најголема грешка. Неколку години подоцна се зборувало и се дискутирало за таа ситуација.
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Џон Вејн бил женет трипати и разведен двапати. Неговите жени, Џосефин Алициа Санез, Есперанса Баур и Пилар Палете, сите биле со шпанско потекло. Тој имал четри деца со Џосефин и три деца со Пилар, вклучувајќи го режисерот Мајкл Вејн и глумецот Патрик Вејн. Вејн е исто така вuјко на боксерот Томи Морисон.
Вејн имал повеќе афери со познати жени, од кои последно бил со Мерлин Дајтрик. Последните години од неговиот живот бил во романтична врска со со неговата поранешна секретарка Пет Стејси(1941-1995). Таа напишала биографија за нејзе и за него, A Love Story(1973). За време на раните 1960-ти Џојн Вејн доста често патувал во Панама. Затоа тој го купил брегот Taborcillo на главниот брег на Панама. После неговата смрт тој остров бил продаден и неговата сопственост се менувала за да на крајот брегот е претставен како туристичка атракција.
Смрт
[уреди | уреди извор]Џон Вејн починал од рак на стомакот на 11 јуни 1979 г. во универзитетскиот клинички центар во Лос Анџелес и бил погребан на меморијалните гробишта во Корона дел Мар. Според неговиот син Патрик, тој преминал во католичка вера, кратко пред својата смрт. На негово инсистирање на надгробната плоча требало да пишува „Feo, Fuerte y Formal“ што е епитаф на шпански јазик и е наслов на една песна од рок групата „Loquillo y los Trogloditas“. Но како и да е гробот останал необележан 20 години, а сега е обележан со навод од неговото контроверзно интервју за “Playboy” во 1971 г. односно: „Утрешнината е многу важна работа во животот. Ни доаѓа на полноќ многу чиста во нашите раце, што е одлично бидејќи се надева дека сме научиле нешто од вчера“.
Релативно големиот број на отфрлени екипи од Вејновиот филм „The Conqueror“ од 1956 г. предизвикуваат развивање на различни форми на рак. Филмот бил сниман во југозападниот дел на Јута во близина на полигонот каде што Американската војска тестирала јадрено оружје во југоисточниот дел на Невада каде што имало значително присуство на радиоактивност на локацијата каде што се снимал филмот. И покрај забелешките дека болеста односно ракот кај Џон Вејн е резултат на радиоактивна контаминација, тој самиот верувал дека ракот на белите дробови е резултат на неговото пушење по пет кутии цигари дневно. Ефектот на радиоактивната прашина врз екипата од филмот, а посебно врз Џон Вејн е тема на Џејмс Моровата научно фантастична приказна “Martyrs of the Upshot Knothole”.
Конгресен златен и претседателски медал на слободата
[уреди | уреди извор]Џон Вејновиот долготраен статус на американска икона формално беше признат од Американскиот конгрес на 26 мај 1979 кога тој беше награден со Конгресен златен медал. Холивудските ликови и политичките водачи во Америка вклучувајќи ги и Елизабет Тајлор, Френк Синатра, Мајк Франкович, Кетрине Хепбурн, генерал и г-дин. Омар Брадли, Џорџ Пецк, Роберт Стак, Џамес Арнес, и Кирк Даглас, сведочеа во конгресот за вредноста и заслуженоста на ова награда а особено Роберт Алдрик, претседателот на режисерското здружение на Америка, кој изјави: “Дека е важно за нив(конгресот) да знаат дека тој е регистриран демократ и дека своето познавање, искуство и политички погледи не ги делел со секого но со Џон Вејн секако и дека тој бил далеку пред времето во своите остри коментари, покрај за политика разговарале и за неговата болест.
Заради неговата одважност, достоинство и неговиот талент како глумец, Џон јакнеше како водач со својата срдечност и битисување низ својата кариера, и е повластен со единствено место во нашите срца и ум. Во оваа индустрија често ги осудуваме луѓето понекогаш не фер, барајќи дали ја плаќале својата членарина. Џон Вејн ги плаќаше своите обврски секогаш и јас сум горд што се сметам за негов пријател. Маурен О’Хара близок Вејнов пријател иницираше петиција за медал и бараше да има посвета со одбрани зборови напишани на медалот. Медалот беше изработен во државната ковачница, на едната страна беше Џон Вејн како јава на коњ во седло, а на другата страна негов портрет со зборовите “Џон Вејн, Американец”. Конгресниот златен медал му беше презентиран на неговата фамилија на церемонијата одржана на 6 март во Капитол. Денес овој медал се наоѓа во музејот на Џон Вејн во Ајова.
На 9 јуни 1980 г. Вејн беше посмртно награден со Претседателски медал на слободата од Џими Картер. Џон Вејн беше одликуван со двете најголеми цивилни одликувања од страна на Американската влада.
Американска икона
[уреди | уреди извор]Џон Вејн од далеку беше препознатлив како славен глумец и препознатлива икона која комуницира и ги симболизира Американските вредности и идеали. Кон средината на кариерата тој разви нешто повеќе отколку животен имиџ и со напредувањето на неговата кариера тој одбираше улоги кои нема да го компромитираат неговиот имиџ. Во својот последен филм “The Shootist”(1976г. ) Џон Вејн одби да толкува лик на човек кој пука во грб како што беше оригиналното сценарио.
Вејновото издигнување во типичен пример на воен херој почнува да добива лик четири години по Втората светска војна, кога во 1949 г. Беше снимен филмот “Sands of Iwo Jima”. Неговите отпечатоци од стапалата кај Граумановиот кинески театар се направени во цемент кој спдржи песок од Иво Џима. Неговиот статус пораснува многу, кога Јапонскиот цар Хирохито ја посетува Америка во 1975 г. и бара да се сретне со Џон Вејн, симболот на државата, поранешен нивен непријател.
Вејн беше популарен посетител на воените зони во Втората светска војна, Кореја и Виетнам. За време на педесеттите години, во голем дел заслуга на воениот аспект од филмовите како “Sands of Iwo Jima, Flying Tigers, They Were Expendable, и Фордовата трилогија за Коњаницата, тој стана икона за сите родови на Американската војска, дури и со неговото немање искуство во воената служба. Многу ветерани изјавуваа дека една од причините за служење во армијата биле и филмовите на Џон Вејн. Неговото име се додава со голема брзина на производи- како ”П-38 John Wayne”-отворач, именуван-бидејќи тој може се”, тоалетна хартија позната како”John Wayne Toilet Paper” бидејќи “тој е груб, издржлив и не зема гомно од никого”, и “C-Ration” крекери наречени ”John Wayne Crackers” бидејќи веројатно само некој тврдоглав како што е Вејн би можел да ги јаде.
Разни јавни места беа именувани во спомен на Џон Вејн: Аеродромот во округот Оринџ Калифорнија каде што на влезот има споменик во природна големина, Марината во близина на Вашингтон, Основната школа во Бруклин која се гордее со мозаик од 38 стапки, комисијата за глумци во Њујорк “Knox Martin” е преименувана во”John Wayne and the American Frontier”, над 100 милји патека водржавниот парк Железен коњ е наречена”John Wayne Pioneer Trail”, бронзена статуа поголема од природна големина е поставена во Беверли Хилс - Калифорнија на аголот набулеварите ”La Cienega Blvd”.
На 20 август 2007 година, гувернерот на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, објави дека Џон Вејн ќе биде вклучен во „California Hall of Fame” кој се наоѓа во „The California Museum for History, Women and the arts” во Сакраменто на 5 декември истата година.
Празнувања и симболи
[уреди | уреди извор]На 26 мај 2007 имаше неколку прослави по повод неговиот роденден. Во неговото родно место “Winterset” – Iowa од 25-27 мај беше одржана централна роденденска прсолава на која свој концерт имаа “Michael Martin Murphy” и “Riders in the Sky”, ревија и шоу од дивиот запад со коњички вештини во стил на Бафало Бил, симпозиум на кој учествуваа негови колеги глумци.
Во 2006 г. неговите пријатели и неговиот бизнис партнер од Аризона, Луис Џонсон ги промовираа првите годишни случувања ”Louie and the Duke Classics” во корист на Џон Вејн фондацијата за борба против ракот и Американската Асоцијација за борба против ракот. Еднонеделните случувања се одржаа во Каза Гранде, вклучувајќи го и турнирот во голф и аукцијата во спомен на Џон Вејн
Пропуштени улоги
[уреди | уреди извор]- На Џон Вејн му беше понудена водечката улога на Мат Дилон во тв серијата “Gunsmoke” но тој ја одби и го препорача Џејмс Арнес како замена. Тој го промовира Арнес во прологот од првата епизода.
- Од страна на Мел Брукс му беше понудена улогата на Waco Kid во филмот Blazing Saddles. Откога го прочитал сценариото тој изјавил дека не сака да глуми во тој филм бидејќи е премногу валкан, но ќе биде во првите редови за да го гледа.
- Вејн бил наводно одбиен за улогата која Лее Марвин ја играше воThe Dirty Dozen и наместо неа избран за улога во The Green Berets.
- Тој исто ја отфрлил и насловната улога во Dirty Harry и покрај тоа што режисерот Дон Сигел кажал дека Вејн и онака би бил престар за таа улога. Вејн подоцна направи два сопствени полициски филмови : McQ и Brannigan кои не беа посебно успешни.
- Друга улога која Џон Вејн ја пропушти беше и насловната улога во филмот Патон(1970г) која место него ја одигра Џорџ Скот.
Прочуени цитати
[уреди | уреди извор]- "Јас не сакам да бидам неправичен, навреден и предаден некому в раце. Не ги правам овие работи никому и истото го барам и од нив."(The Shootist)
- Говорејќи му на својот помлад коњанички поручник: Не се извинувај, тоа е знак на слабост" (She Wore a Yellow Ribbon)
- "Наполни ги твоите раце кучкин сине !" (True Grit)
- "Тоа ќе биде ден!" (The Searchers - каде што го повторил повеќепати. Тоа го инспирирало Бади Холи да напише песна со ист наслов. )
- "Поклоник." (The Man Who Shot Liberty Valance - наводно изразот Поклоник бил употребен во смисла на : новајлија-турист-аматер и тоа 23 пати во филмот и еднаш исто така во филмот 'McLintock!'. Изразот му доаѓа како корисно изразување на импресионистите како Џон Бајнер, Рик Литл.
- "Го немам изгубено мојот карактер 40години, но ти Аџијо предизвика многу неволји ова утро. Можеби некого си убил и некој треба да ти ја врзе устата, но јас не сакам, не сакам,, по ѓаволите не сакам. -(му ја врзува). (На Лео Гордон во McLintock!).
Џон Вејн како мотив во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Џон Вејн беше нацист“ (англиски: John Wayne Was A Nazi) — песна на американската хардкор-панк група Millions Of Dead Cops.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|