Прејди на содржината

Microsoft Windows

Од Википедија — слободната енциклопедија
Microsoft Windows
Windows logo
РазработувачMicrosoft Corporation
СемејствоMS-DOS/9x-засновани, Windows CE, Windows NT
Работна состојбаЈавно објавен
Изворен моделЗатворен код / Поделен код
ЛиценцаMS-EULA
Порталwww.microsoft.com/windows

Microsoft Windows — семејство на оперативни системи, најпопуларен производ на корпорацијата Microsoft. Работат на различни типови на платформи како: опслужувачи, лични сметачи и мобилни уреди. Корпорацијата Мајкрософт најпрво ја претставила оперативната околина наречена Windows во ноември 1985 како надградба на МС-ДОС, одговор на растечкиот тренд на графички кориснички интерфејси популаризиран од страна на Apple. Microsoft Windows е дојден до степен на доминација во светот на личните сметачи, со проценка дека држат околу 90 % од светскиот пазар на оперативни системи.

Историја

[уреди | уреди извор]
Датум на издавање Име на продукт Моментална верзија/Build IE
ноември 1985 Windows 1.0 1.01 -
ноември 1987 Windows 2.03 2.03 -
март 1989 Windows 2.11 2.11 -
мај 1990 Windows 3.0 3.0 -
март 1992 Windows 3.1x 3.1 5
октомври 1992 Windows For Workgroups 3.1 3.1 5
јули 1993 Windows NT 3.1 NT 3.1 5
декември 1993 Windows For Workgroups 3.11 3.11 5
јануари 1994 Windows 3.2 3.2 5
септември 1994 Windows NT 3.5 NT 3.5 5
мај 1995 Windows NT 3.51 NT 3.51 5
август 1995 Windows 95 4.0.950 5.5
јули 1996 Windows NT 4.0 NT 4.0.1381 6
јуни 1998 Windows 98 4.10.1998 6
мај 1999 Windows 98 SE 4.10.2222 6
февруари 2000 Windows 2000 NT 5.0.2195 6
септември 2000 Windows Me 4.90.3000 6
октомври 2001 Windows XP NT 5.1.2600 8
март 2003 Windows XP 64-bit Edition 2003 NT 5.2.3790 6
април 2003 Windows Server 2003 NT 5.2.3790 8
април 2005 Windows XP Professional x64 Edition NT 5.2.3790 8
јули 2006 Windows Fundamentals for Legacy PCs NT 5.1.2600 8
ноември 2006 (лиценцирање)
јануари 2007 (во продажба)
Windows Vista NT 6.0.6002 8
јули 2007 Windows Home Server NT 5.2.4500 8
февруари 2008 Windows Server 2008 NT 6.0.6001 8
октомври 2009 Windows 7 NT 6.1.7100 8
август 2012 Windows 8 NT 6.2 10
август 2013 Windows 8.1 NT 6.3 11
јули 2015 Windows 10 NT 10.0 11
октомври 2021 Windows 11 NT 10.0

Windows 1.0 е оперативен систем со 16 битно графичко опкружување, кој е објавен на 20 ноември 1985 година. Тоа беше прва проба на Microsoft да имплементира multi-tasking графички кориснички посредник заснован на оперативно опкружување на PC платформа.

Windows 1.0 (1985) и Windows 2.0 (1987) беа multitasking визуелна надградба на DOS (Disc Operating System) Windows 3.0, поточно 3.1х беше најкористен од сите три верзии.

Во Windows 95 за првпат Windows е одделен од зависноста од DOS Многу работи се променети и се воведува taskbar (START menu).

Оваа верзија на Windows беше пуштена на пазарот на 25 јуни 1998. Кодно име на верзијата беше Memphis, и пред излегувањето беше познат како Windows 97. Овој оперативен систем можеше да работи на 16 или 32 битна платформа. За овој Windows беше доста познат Blue Screen of Death кој најчесто се појавуваше при критични грешки во јадрото на оперативниот систем или проблем со некој од паралелните направи. Едиции од овој Windows се:

Издание Верзија Дата на издавање Вклучена верзија на Internet Explorer
Windows 98 4.10.1998 25 јуни 1998 4.0
Windows 98 Second Edition 4.10.2222 5 мај 1999 5.0

Windows Me (Windows Millenium) е пуштен на продажба на 14 септември 2000 година. Тој работи на 16/32 битен компјутер. Но оваа верзија не е толку користена, бидејќи одма после неколку месеци Windows 2000 дојде на светот.

Оваа верзија на Windows е објавена на 17 февруари 2000 година. Windows 2000 е продолжение на Windows NT серијата на оперативни системи, заменувајќи го Windows NT 4.0. Овој оперативен систем беше именуван како NT 5.0 потоа Windows NT 2000 и Microsoft го смени името во Windows 2000.

Во моментов, најкористена верзија кај личните сметачи е Windows XP, пуштен во употреба во октомври 2001 година, верзија градена врз Windows NT јадрото, која го задржува полесниот кориснички пристап од верзиите на Windows 95 и неговите следбеници. Се појавува во две различни верзии, домашна (Home) и професионална (Professional), каде во домашната недостига зголемената сигурност и мрежни одлики свејствени за професионалната верзија. Во април 2003, бил претставен Windows Server 2003, кој ја заменува серијата на опслужувачки производи Windows 2000, со голем број на нови одлики и зголемена важност на сигурноста. Во исчекување сме на појавувањето на новите производи Windows Vista и Windows Server Longhorn, наследниците на Windows XP и Windows Server 2003, соодветно. Иако првични верзии на Windows Vista се пуштени за проба кај корисниците, нивниот развој сѐ уште не е на задоволително ниво за да бидат пуштени на пазарот.

Windows Vista

Windows Vista е линија на оперативен систем развиен од страна на компанијата Microsoft за употреба на лични сметачи, вклучувајќи ги домашните и деловните декстоп компјутери, лаптопи, tablet PC-а и Media Center PC-а. Пред неговата најава на 22 јули 2005, Windows Vista беше познат под своето кодно име „Longhorn“. Развојот на овој оперативен систем е завршен на 8 ноември 2006, три месеци беше достапен на компјутерските произведувачи на софтвер и хардвер, бизнис корисници и малопродажни канали. На 30 јануари 2007 беше достапен низ целиот свет за купување и симнување од страната на Microsoft. Windows Vista е издаден после 5 години откако беше издаден Windows XP, најдолг временски период на издавање на Microsoft Windows оперативните системи.

Windows Vista содржи голем број измени и нови функции, вклучувајќи го и надградениот кориснички посредник и визуелен стил наречен Windows Aero, напреден пребарувач, мултимедијални алатки вклучувајќи го Windows DVD Maker, и редизајнирано вмрежување, аудио, печатење и приказ на под-системи. Vista има за цел да го подигне нивото на комуникација помеѓу компјутерите домашна мрежа, користејќи peer-2-peer технологија, за поедноставно делење на податотеки и дигитални медиа податотеки. Windows Vista вклучува и 3.0 верзија на .NET Framework, софтверот им дозволува на програмерите пишување на програми без традиционалниот Windows API.

Додека овие нови фукции и подобрувања на безбедноста насобраа многу позитивни реакции, Vista исто така беше мета на многу негативни критики. Најголема критика за Windows Vista системот беше големи системски побарувања, права на лиценцирање, недостаток на компатибилност со некои pre-Vista хардвери и софтвери, голем број дозволи за контрола на корисничкиот компјутер.

Windows 7 е оперативен систем на Microsoft, во серијата на оперативни системи произведени од Microsoft. Windows 7 е пуштен до произведувачите на хардвер и софтвер во САД и Канада на 22 јули 2009, со што беше објавен и конечниот датум (22 октомври 2009) за официјално пуштање во продажба на новиот оперативен систем. Исто така истиот датум се планира и за пуштање во продажба и на неговиот "колега" Windows Server 2008 R2 кој е наменет за опслужувачи. За разлика од својот претходник Windows Vista која внесе голем број на новости, Windows 7 има намера повеќе да се фокусира на компатибилноста, односно да биде компатибилен со што е можно повеќе хардвер и програми. Ново за овој оперативен систем е multi-touch технологијата, а исто така редизајнирана е и старт лентата.

При крајот на мај 2009, според статистиките, Windows Vista е втор најкористен оперативен систем на интернет со 24,35%, додека накористен оперативен систем е Windows XP со 61,54%.

Windows 8 е оперативен систем на Microsoft, во серијата на оперативни системи произведени од Microsoft за употреба ва персоналини компјутери, вклучувајќи домашни и бизнис десктопи, лаптопи, таблети и домашни кино-компјутери. Одпочнувањето на производството се појави на први август 2012 и е достапен за корисниците почнувајќи од 26 октомври 2012.

Windows 8.1 е оперативен систем на Microsoft, во серијата на оперативни системи произведени од Microsoft за употреба ва персоналини компјутери, вклучувајќи домашни и бизнис десктопи, лаптопи, таблети и домашни кино-компјутери. Одпочнувањето на производството се појави на 27 август 2013 и е достапен за корисниците почнувајќи од 17 октомври 2013.

Windows 10 е оперативен систем за персонални компјутери развиен и издаден од Microsoft како дел од семејството на Windows NT оперативни системи. Официјално бил најавен во септември 2014 за време на Build 2014. Првата бета верзија била објавена во октомври 2014, а конечната верзија е излезена на 29 јули 2015. Во 2021 година, Windows 10 е најкористен оперативен систем во светот со 78.34% удел на пазарот.

Windows 11 е најновата верзија на оперативниот систем Windows NT развиен од Microsoft. Најавен е на 24 јуни 2021 година, Windows 11 е наследник на Windows 10, објавен во 2015 година. Windows 11 ќе биде достапен како бесплатна надградба на компатибилни уреди со Windows 10 преку Windows Update. Windows 11 е закажан за да излезе на 5 октомври 2021 година.

Интерфејс

[уреди | уреди извор]
Типичен посредник на Windows XP

Најочигледната одлика на Windows оперативните системи е прозорецот кој претставува контејнер за други графички објекти. Обично овие прозорци содржат статусна лента, лента за наслов, копчиња за минимизирање, максимизирање и затворање на прозорецот, како и системско мени (кое исто така се нарекува windows мени или контролно мени). Друга одлика воведена од Windows 95 и NT 4.0 е таканаречениот десктоп (или работна површина), која содржи различни икони кои корисникот може да ги отвора со двоен клик. Копчето Start или старт менито, прикажано на работната лента (или task bar) која обично се наоѓа на долниот дел на работната површина, овозможува пристап на кориснивите до инсталираните програми и други одлики на оперативниот систем. Благодарение на овие одлики, Windows овозможува лесно изведување на вообичаени, стандардни работи и задачи, од кои некои можат да бидат и многу сложени, со многу малку познавање на компјутери.

Широко распространета употреба

[уреди | уреди извор]

Оперативниот систем Microsoft Windows е установен на поголемиот дел лични сметачи, токму поради неговата лесна употреба за обичните корисници. Според некои анкети, околу 90% од корисниците ги користат десктоп оперативните системи на Microsoft. Microsoft постигнал огромен успех на пазарод благодарение на доминацијата на MS-DOS во раните години на личните сметачи. Исто така е прва платформа за Microsoft Office пакетот и за не-конзолни компјутерски игри. Во минатото, компании кои сакале да бидат во компјутерскиот бизнис морале да создадат сопствен оперативен ситем (како што се Amiga, BBC Micro или ZX Spectrum) или да одберат друг оперативен систем - ексклузивна лиценца со еден продавач било многу поевтино отколку да се развие и поддржи нов оперативен систем и софтверска база. Благодарение на договорите за лиценци што ги има Microsoft со многу компјутерски фирми, Windows често доаѓа веќе инсталиран на повеќето компјутери, што го прави предефиниран или единствен избор за повеќето корисници. За некои потрошувачи, Windows е единствениот валиден избор за компјутерска околина, или е наметнат од нивната работна околина. Исто така, тоа што корисниците не се запознаени со други оперативни системи резултира со недостаток на желба за да се префрлат на друг оперативен систем. Значаен процент од компјутерските корисници едноставно немаат доволно техничко познавање за да инсталираат оперативен систем. И конечно, големата база на софтвер достапна исклучиво за фамилијата на Windows оперативните системи е најголемата причина за популарноста на Windows. Во последните години, многу компании почнале да произведуваат софтвер само за Windows, што е поттикнато од фактот дека веќе постојат голем број на корисници. Како последица на тоа што многу компании го поддржуваат единствено Windows е уште една причина за корисниците да го одберат Windows. Одржувањето на компатибилноста во новите верзии на Windows со големата колекција на софтвер дизајниран да работи на постари верзии на Windows, одзема голем дел од ресурсира на тимот за развивање на Windows.

Безбедност

[уреди | уреди извор]

Безбедноста е најголема слабост на Windows со години, дури и самиот Microsoft бил жртва на хакерски упади. Поради огромното користење на Windows оперативниот систем кај личните сметачи, многу творци на “злобни“ програми го земаат токму него како цел наместо помалку користените оперативни системи како што се Linux, Unix, Mac OS X, итн. Windows првично бил дизајниран за полесно користење на еден личен сметач без мрежна врска, така што не содржел безбедносни одлики вградени во него. Windows NT и неговите наследници се дизајнирани за безбедност кај компјутери во мрежа и повеќе кориснички лични сметачи, но не и за заштита од Интернет бидејќи во периодот кога биле дизајнирани Инернетот не бил од голема важност. Сето тоа искомбинирано со повремена појава на грешки во кодот, Windows е честа мета на пишувачи на црви и вируси. Понатаму, сè до Windows Server 2003 повеќето верзии дури и на Windows NT биле продавани со предефинирано исклучени важни безбедносни одлики, додека ранливи, иако корисни, системски сервиси биле предефинирано уклучени. Microsoft јавно ги признаа многуте безбедносни проблеми веднаш по доаѓањето на новиот милениум, и тврдат дека безбедноста ја сметаат за прашање од најголем приоритет. Потребниот Automatic Update првпат бил вклучен во Windows Me. Како резултат, Service Pack 2 за Windows XP, како и за Windows Server 2003, многу ја зголемиле безбедноста на оперативните системи. Microsoft пуштаат во употреба безбедносни пакети преку Windows Update сервисот, приближно еднаш месечно (обично вториот Вторник од месецот), иако критични надоградувања се достапни на пократки временски периоди кога тоа е потребно. Во Windows 2000, Windows Ме, Windows ХР и Windows Server 2003, надоградувањата автоматски може да се симнат и инсталираат ако корисникот го подеси така. Како друг чекор во однос на безбедноста, Microsoft издадоа бета верзија на Windows Defender (порано Windows AntiSpyware и Giant AntiSpyware), бесплатна програма дизајнирана да штити од несакан софтвер, која генерално била добро примена. Корисниците на Windows ХР можат да ја симнат програмата бесплатно од мрежната страница на Microsoft, и најавуваат дека оваа програма ќе биде вклучена како дел од нивната нова верзија на Windows што допрва официјално треба да се издаде – Windows 7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Официјални